feature

Коле ја напушти француската клупа по петнаесет години

По петнаесет години Винсент Коле ќе ја препушти клупата на француската кошаркарска репрезентација.

Француската кошаркарска федерација одржа состанок на кој беше одлучено да не се продолжи договорот на Коле, кој заврпи по Олимписките игри.

Олимпиското сребро го заокружи петнаесетгодишниот мандат на клупата на Франција, за која за тоа време донесе осум медали од 14 натпреварувања.

Тој го водеше тимот на 253 натпревари, на кои оствари 179 победи.


Готфридсон од следната сезона се сели во ПИК Сегед

Шведскиот ракометар Џим Готфридсон реши да замине од Флензбург и кариерата ќе ја продолжи во Унгарија.

Готфридсон потпиша тригодишна соработка со ПИК Сегед. Искусниот бек стана икона на Флензбург, меѓутоа по вкупно 12 сезони во германскиот клуб реши да ја смени средината и да потпише за унгарскиот тим.

Готфридсон потпиша со ПИК Сегед од следното лето, до кога има договор со Флензбург.


Заха го замени Галатсарасај со Лион

Францускиот фудбалски клуб Олимпик Лион го ангажираше Вилфред Заха од Галатасарај на позајмица за претстојната сезона, соопшти турскиот клуб. Според информациите, трансферот е вреден 3 милиони евра.

Заха му се приклучи на Галатасарај во 2023 година кога потпиша тригодишен договор. Тој во тимот пристигна како слободен играч од англискиот Кристал Палас.

Заха минатата сезона постигна десет гола за гигантот од Истанбул, но го загуби стартното место во пролетната дивизија на Суперлигата.


Фиорентина се засили со Госенс

Робин Госенс повторно ќе игра во Италија. Поранешниот играч на Аталанта и Интер замина на позајмица од Унион Берлин во Фиорентина. Договорот на Германецот вклучува опција за откуп доколку се исполнат одредени услови.

Госенс имаше добра сезона во Бундеслигата, постигнувајќи 6 гола на 30 натпревари, но сепак реши да ја напушти својата татковина и да се врати во Серија А. Минатото лето Унион за крилниот напаѓач на Интер му плати 15 милиони евра.


Несторовски потпиша за Славен Белупо

Македонскиот фудбалски интерационалец Илија Несторовски се
врати во Хрватска и потпиша договор со хрватскиот прволигаш
Славен Белупо.
Несторовски осум години играше во Италија, го носеше дресот на
Палермо, Удинезе и на Асколи, а претходно настапуваше во
хрватскиот клуб Интер Запрешиќ.
Во последната сезона напаѓачот имаше 20 настапи за Асколи и
постигна два гола.


Ако го продаде Бенасер, Милан може да го доведе Рабио

Милан е во напредни преговори со менаџерот на Адриен Рабио,
кој се уште е без клуб по заминувањето од Јувентус.
Наводно Милан е спремен да го продаде Бенасер, кој има понуда
од Атлетико Мадрид, за да ослободи место за доведување на
Рабио.
Како што пренесуваат медиуми голем проблем прави мајката на
Рабио која е и негов агент бидејќи бара голема провизија.
Раководството на Милан денес има средба со мајката на Рабио и
доколку Бенасер го напушти клубот, тогаш ќе го договори
доаѓањето на Рабио.


Де Ла Фуенте со изменет состав тргнува во Лигата на нации

Селекторот на европскиот фудбалски шампион Шпанија, Луис де
ла Фуенте, го објави списокот на играчи за претстојните
натпревари во Лигата на Нации и дуелот против Србија на 5.
септември во Белград.
На списокот на Де ла Фуенте се следните фудбалери:
Голмани:
Раја, Ремиро, Роберт Санчез
Одбрана:
Карвахал, Мингеза, Ле Норман, Вивијан, Лапорт, Пау Торес,
Кукуреља, Грималдо
Среден ред:
Родри, Зубименди, Пепелу, Фабијан Руиз, Алеиш Гарсија, Олмо,
Педри.

Напад:
Јамал, Феран Торес, Нико Вилијамс, Јереми Пино, Ојарзабал,
Хоселу, Ајозе Перез


Партизан преговата со Чеди Осман

Кошаркарскиот клуб Партизан подготвува вистинска „бомба“ на
крајот од преодниот рок, а станува збор за одличниот НБА играч и
турски репрезентативец, Џеди Осман.
Според информациите Чеди Осман има понуди од Партизан и
Анадолу Ефес.
„Црно-белите“ за кратко време го комплетираа составот и
единствено место им остана крилниот центар да ја довршат
приказната, а според споменатиот извор изборот паднал на
Турчинот
Интересно за Осман е тоа што е роден во Охрид, Македонија, а
веќе го носеше дресот на Анадолу Ефес и настапуваше за
Кливленд Кавалирс и Сан Антонио Спарс во НБА.


Ветеранот Соколов потпиша за Гостивар

Македоскиот кошаркар Дарко Соколов е нов играч на Гостивар,
откако двете страни постигнаа договор.
Дарко Соколов во Гостивар доаѓа од редовите на Еуро Никел чив
член беше од 2019 година.
Претходно во кариерата ги бранеше боите и на: МЗТ Скопје,
Карпош Соколи, Работнички, Струмица, Амак СП, Балкан Стил, а
во странство беше дел од: Босна и Химик Јужни.


Магдевски се врати во МЗТ Скопје

Во екипата на МЗТ Скопје Аеродром се враќа репрезентативецот
Андреј Магдевски, кој во минатата сезона настапуваше за
Пелистер..
Ова ќе биде по трет пар Магдевски да се врати во МЗТ, откако
претходно настапуваше за клубот од 2018 до 2021 и уште еднаш
во 2022 година, а потоа се пресели во Холандија,
МЗТ Скопје во следната сезона ќе ја брани двојната круна во мак-
баскетот, а ќе игра и во АБА-2 лигата. Првиот натпревар на „сино-
белите“ е закажан на 24 септември против Теодо Тиват во
јадранската конкуренција.