feature

Заниоло спремен да поднесе тужба против Рома за малтретирање и притисок

Николо Заниоло размислува да го тужи клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

23-годишниот Италијанец го обвинува клубот за психичко малтретирање и притисок. Тој неодамна беше отстранет од тимот, откако побара да го напушти клубот. Меѓутоа, до трансфер не дојде, Заниоло остана во Рома, па ќе продолжи да тренира индивидуално.

Борнмут понуди 30 милиони евра, Рома ја прифати понудата, но Занило одби да се пресели во англискиот клуб.

Тоа додатно го налути раководството на Рома, па му порача дека до крајот на сезоната ќе биде исфрлен од тимот.


ПСЖ и Челзи ги заладија односите по случајот Зијеч

Челниците на Пари Сен Жермен се лути на колегите од Челзи поради неуспешниот трансфер на Хаким Зијеч. Двата клуба постигнаа договор за трансфер на Мароканецот на позајмица на „Паркот на принцовите“, а самиот фудбалер отпатува за Париз и ги помина сите задолжителни прегледи.

Сепак, серијата гафови, главно на лондончани, спречија зделката да биде завршена и играчот да биде навреме пријавен. Така се пропадна во последен момент, а Зиеш си замина дома на „Стемфорд Бриџ“. Според „Скај Спортс“, ПСЖ е крајно лут поради ваквиот развој на настаните и се заканува дека повеќе нема да работи со овој клуб.

„Синоќа беше апсолутен хаос. Челзи тешко дека повторно ќе се појави пред вратата на ПСЖ. Така не се прави бизнис и не можеш да се однесуваш така со играч“, велат извори од „Паркот на принцовите“.


Марсијал се израмни со легендата Дејвид Бекам

Ентони Марсијал постигна еден од двата гола при победата на неговата екипа над Нотингем Форест со 2:0 во реваншот од четвртфиналето на Карабао Купот.

На овој начин Французинот му помогна на својот тим да стигне до финалето на турнирот. Тоа беше негов 85. гол за Манчестер Јунајтед во неговиот 282. натпревар во сите натпреварувања.

Така тој се израмни со Дејвид Бекам во рангирањето за фудбалери со најмногу голови во историјата на „црвените ѓаволи“. Тие двајца сега ја делат 25-та позиција на вечната ранг-листа. Сепак, Марсијал и понатаму е далеку од лидерите на оваа ранг листа, на која на чело е Вејн Руни со 253 гола, пред Боби Чарлтон со 249 и Денис Лоу со 237.


Рекордно трошење на новиот сопственик на Челзи – 329,5 милиони евра за еден месец

Челзи ја имаше една од најпрометните зимски трансфер периоди во својата историја. Од Челзи потрошија околу 329,5 милиони евра за јануарски засилувања, без бонуси, повеќе од сите клубови во германската Бундес лига, италијанската Серија А, Француската Лига 1 и шпанската Ла Лига заедно.

Да потсетиме дека во зимскиот преоден рок, Челзи потпиша со Енцо Фернандез (121 милиони евра), Михаило Мудрик (70 милиони евра), Беноа Бадијашиле (38 милиони евра), Нони Мадуке (35 милиони евра), Мало Густо (30 милиони евра), Андреј Сантос (12,5 милиони евра), Давид Датро Фофана (12 милиони евра) и Жоао Феликс (позајмица за 11 милиони евра).

Челзи се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата. Избраниците на Греам Потер имаат осум победи и освоени 29 поени. Следниот натпревар лондонскиот тим го игра против Фулам на 3 февруари на домашен терен.


Мбапе најверојатно го пропушта дуелот со Баерн

Весникот „Лекип“ објавува дека фудбалерот на Париз Сен Жермен, Килијан Мбапе, поради повреда најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампиони против Баерн Минхен.

Мбапе се повреди на првенствениот натпревар против Монпеље и беше приморан да го напушти натпреварот во 21.минута. После најновите прегледи од лекарскиот тим на ПСЖ, е утврдено дека тој ќе треба да отсуствува од фудбалските терени најмалку три недели.

Натпреварот помеѓу Париз Сен Жермен и Баерн ќе се одигра на 14.февруари во Париз.


Отворена истрага за новата ѕвезда на Челзи

Фудбалерот на Челзи, Михајло Мудрик,  ќе биде под истрага на ФА поради клипот од јули 2022 година во кој ги цитира стиховите на песната „Слободен стил“ во кои го има зборот – „црнец“, кој ФА го оквалификува како неприфатлив.

Споменатиот клип на Мудрик беше прегледан 214.000 пати пред да го симне. Поранешниот играч на Шахтјор (Доњецк) дури се извини што го употребил дотичниот збор.

Украинецот беше критикуван и од групата – „Kick It Out“ која се бори против расизмот во фудбалот.


Рафаел Варан става крај на репрезентативната кариера

Францускиот весник „Ле Паризиен“, објавува дека францускиот репрезентативец Рафаел Варан ќе објави крај на настапите во националниот дрес.

Според информациите од весникот, фудбалерот решил да стави крај на репрезентативниот фудбал поради чувството на физичка и психичка преоптовареност. Освен тоа, Варан би сакал да му посвети повеќе време на своето семејство.

29-годишниот Варан кој настапува за екипата на Манчестер Јунајтед, е светски шампион со Франција од 2018.година, и освојувач на Лигата на нации во 2021.година.


Рафаел Леао сака да остане во Милан

Раководството на фудбалскиот клуб Милан ги демантира информациите дека се прекинати преговорите со португалскиот напаѓач Рафаел Леао, околу продолжување на неговиот договор.

Оваа шпекулација ја негира и адвокатот на Леао, Тед Димвула, кој изјави дека неговиот клиент сака и во иднина да остане во Милан.

„Имаше многу полувистини и лажни информации низ италијанските медиуми, кои за цел имаа да ги саботираат преговорите на двете страни околу продолжување на соработката. Приоритетот на Леао не е променет и тој сака да остане во Милан каде и понатаму ќе се развива како играч“, изјави адвокатот на фудбалерот.

Рафаел Леао игра за росонерите од 2019. година, каде пристигна од француски Лил, а претходно тој настапуваше за Спортинг од Лисабон.


Мајк Мелоун ќе го води тимот на Леброн Џејмс на претстојниот Ол-стар

Тренерот на Денвер Нагетс, Мајк Мелоун, ќе го предводи тимот на Леброн Џејмс на Ол-стар натпреварот кој ќе се одржува во Солт Лејк Сити.

Главна причина зошто Мелоун е избран за тренер е бидејќи екипата на Денвер во моментот е лидер на Западната конференција со скор од 35 победи и 16 порази.

Местото на стартери од Западната конференција имаат обезбедено капитенот Леброн Џејмс, Никола Јокиќ кој е МВП на лигата, потоа Лука Дончиќ, Стеф Кари и Зајон Вилијамсон.

Стартери за Истокот се Кевин Дурант, Кајри Ирвинг, Донован Мичел, Џејсон Тејтум и Јанис Адетокумбо кој е капитен на тимот.


Челзи и официјално го претстави Енцо Фернандез

Англискиот фудбалски клуб Челзи, официјално го претстави своето ново засилување, Аргентинецот Енцо Фернандез.

Фернандез стана нов играч на лондонскиот премиерлигаш во последниот ден од јануарскиот преоден рок, кога за рекордни 121 милиони евра пристигна од Бенфика. Неговиот договор со Челзи е потпишан на осум и пол години, и тој ќе го носи дресот со број 5.

„Му благодарам на Челзи и на сопствениците на клубот, кои направија се што е возможно за да бидам дел од овој проект, и да настапувам во Премиер лигата. Со нетрпение чекам да заиграм пред нашите фанови и да им помогнам на моите соиграчи на теренот“, порача Фернандез.

https://twitter.com/ChelseaFC/status/1620923634058493952?s=20&t=AA2V7-MrujDg0DFk-jsusA