feature

Челзи со нов рекорден трансфер во Премиер лигата, Енцо Фернандез пристига на „Стенфорд Бриџ“

На самиот крај од јануарскиот преоден рок, фудбалскиот клуб Челзи објави дека успеа да го реализира трансферот на Аргентинецот Енцо Фернандез од Бенфика.

Фернандез потпиша договор со Челзи кој ќе важи до летото 2031.година, а лондонскиот клуб за неговиот ангажман плати рекордни 121 милиони евра. Оваа сума го надмина износот кој Манчестер Сити го плати за трансфер на Џек Грилиш.

Фернандез се очекува во Челзи да го замени Жоржињо кој претходно прејде во Арсенал.


Дани Алвес: Ќе прифатам било каква одлука на судот

Дани Алвес е фудбалерот со најмногу освоени трофеи, но сега поминува низ едни од најтешките моменти во неговиот живот.

Имено, фудбалерот заврши во пpитвор поради обвинувањата од девојка дека ја cилyвал во ноќен клуб.

Бидејќи станува збор за можно сериозно злоcтоpcтво на Алвес не му беше дозволено да се брани од слобода. Алвес веќе повеќе од една недела е во пpитвор од каде што преку член на семејството ја даде првата изјава.

„Што и да дојде ќе прифатам. Си заминав од дома коа имав само 15 години, поминав многу тешки моменти, а ова е уште еден таков момент кој ќе помине. Не се плашам од ништо“, изјавил Алвес.


Амрабат прави трансфер во Барселона?

Мароканскиот фудбалер, Софијан Амрабат, е многу блиску до позајмица во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Клубот од „Камп Ноу“, сака да го доведе Амрабат на позајмица од Фиорентина до крајот на сезоната со право на откуп.

Мароканецот го привлече вниманието на фудбалската јавност после одличните настапи за неговата репрезентација на Мундијалот во Катар, кога Мароко стигна до полуфиналето.

Амрабат во кариерата има играно за Утрехт, Фејнорд, Бриж, Хелас Верона и Фиорентина.


После Кансело, Сити останува и без Бернардо Силва?

Португалскиот новинар Педро Алмеида, ја објавува веста дека после Жоао Кансело, екипата на Манчестер Сити би можел да ја напушти и Бернардо Силва.

Португалскиот играч за врска, наводно сака својата кариера да ја продолжи играјќи за Барселона. Силва оваа сезона не е задоволен од минутажата која ја добива од тренерот Гвардиола, посебно после завршувањето на Светското првенство во Катар.

Во последниов период често се споменува можноста, Бернардо да се пресели во Барселона овај преоден рок, каде би настапувал како позајмен играч до крајот на сезоната.


Ериксен поради повреда ќе паузира три месеци

Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед соопштува дека данскиот фудбалер Кристијан Ериксен заработи повреда и после првите проценки се очекува да биде надвор од теренот во наредните три месеци.

Тренерот на екипата од Олд Трафорд, Ерик тен Хаг, вели дека постои надеж оти Ериксен ќе се врати на време за битните натпревари кои следуваат во завршницата на сезоната.

Данецот во Јунајтед пристигна минатото лето како слободен играч од Брентфорд, и досега има запишано седум асистенции и еден гол.


Зијеќ изненадувачки ќе потпише за ПСЖ

Еминентниот „Екип“ објави бомбастична информација и потврди дека ПСЖ е во напредни преговори за трансфер на Хаким Зијеч од Челзи.

Зијеч не е во плановите на тренерот Потер и е на излезна врата од Челзи, а најчесто се спомнуваѓе негов трансфер во Серија А.

Меѓутоа, ПСЖ денес изненадувачки се вклучи во трката и постигна договор со Мароканецот, па е на добар пат да го комплетира трансферот. Зијеч има договор со Челзи до 2025 година и „сините“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра, сума која нема да биде проблем за ПСЖ.

Потсетуваме, ПСЖ е на добар пат да го комплетира и трансферот на Милан Скриниар од Интер.


Арсенал се договори со Жоржињо

Италијанскиот фудбалер Жоржињо е нов играч на лондонски Арсенал, пренесува познатиот новинар Фабрицио Романо.

Арсенал за досегашниот играч на Челзи платил обештетување во висина од 12 милиони фунти, а договорот е со важност до летото 2024.година.

Жоржињо во својата кариера настапувал за Верона, Наполи, а во Челзи играше од 2018.година. Тој е репрезентативец на Италија за која има одиграно 17 натпревари.


Челзи се врати со нова понуда за Енцо Фернандез

Челзи не сака да се откаже од намерата за доведување на нови фудбалери, па сега повторно се враќа по Енцо Фернандез од Бенфика.

Пред неколку недели „сините“ на големо се поврзуваа со најдобриот млад играч на Мундијалот во Катар, но на крајот можниот трансфер пропадна. Сепак, сега Челзи наводно е спремен да плати 120 милиони евра колку што бара Бенфика.

Опцијата на Челзи е споменатите 120 милиони евра да ги плати на неколку рати, меѓутоа повторно има проблем затоа што Бенфика ја сака сумата веднаш. Во португалското првенство Енцо има еден гол и пет асистенции на 17 натпревари, но посебно се истакна на Светското првенство каде што Аргентина ја освои титулата.


Шелви на чекор до потпис со Нотингем Форест

Медиумите од Англија пренесуваат дека фудбалерот на Њукасл, Џонџо Шелви, е многу блиску до премин во Нотингем Форест.

Тренерот на Нотингем, Стив Купер, ја потврдил информацијата дека 30-годишниот играч за врска се наоѓа на лекарски прегледи во клубот.

Оваа сезона Шелви одигра само три натпревари во Премиер лигата, и имаше договор со Њукасл до претстојното лето. Англискиот фудбалер го носи дресот на Њукасл од 2016, и за црно-белите има одиграно 202 натпревари и постигнато 18 гола.


Лидс се засили со Мекени од Јувентус

Фудбалерот на Јувентус, Вестон Мекени, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Лидс Јунајтед.

24-годишниот американски фудбалер е трето засилување на Лидс Јунајтед во зимскиот преоден рок, после пристигнувањето на Макс Вобер и Жоржињо Рутер.

Од премиерлигашот соопштуваат дека на крајот од сезоната имаат можност за откуп на договорот на фудбалерот од средината на теренот.

Мекени ги помина младинските категории на Далас, од каде замина за Шалке, а потоа потпиша за Јувентус. Тој би можел да дебитира за новиот клуб на натпреварот од Премиер лигата против Нотингем Форест, кој се игра во недела.