feature

Милик се повреди против Монца, ќе паузира 30-40 дена

Фудбалерот на Јувентус, Аркадиуш Милик, кој се повреди на мечот со Монца во Серија „А“, ќе мора да паузира најмалку месец и половина.

Лекарските прегледи потврдија дека има повреда на мускулот на левата нога, пишуваат денеска италијанските медиуми. Тоа ќе биде проблем за Масимилијамо Алегри кој во континуитет не може да ги користи најдобрите.

Ќе потсетиме дека Душан Влаховиќ по подолг период се врати на теренот додека Пол Погба и натаму е надвор од стројот.


Галагер од Челзи се сели во Евертон

Челниците на фудбалскиот состав Евертон испратиле понуда до Челзи за играчот од средниот ред, Конор Галагер.

„Карамелите“ нудат 40 милиони фунти и уште 5 во вид на разни бонуси. 22-годишниот играч од средниот ред главно ја грее клупата кај „сините“ и нема да биде изненадување доколку го напушти тимот. 

Галагер кој беше позајмуван во Чарлтон, Свонси, ВБА и Кристал Палас, за селекцијата на Англија има одиграно четири средби.


Жоао Кансело се сели од Сити во Баерн

Фудбалерот, Жоао Кансело, ќе го напушти составот на Манчестер Сити и ќе потпише за Баерн Минхен, објавија денеска медиумите во Англија и Германија.

Фудбалерот кој не добиваше шанса во редовите на „граѓаните“ заминал во Минхен да ги направи  медицинските тестови и да потпише за Баварците.

Десниот бек ќе остане до крајот на сезоната со опција во текот на летото да му биде откупен договорот. 


Валтер: Покажавме физичка инфериорност со Војводина

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, загубија на гостувањето кај екипата на Војводина со резултат 29:24, во првото коло од новата сезона во СЕХА лигата.

Тренерот на битолската екипа, Ларс Валтер, во својата изјава после натпреварот вели дека поразот бил заслужен, и дека ракометарите уште не ја имаат достигнато правата натпреварувачка форма.

„Агресивната 6-0 одбрана на Војводија ја „уби“ нашата флуидност. Од таа агресивност не можевме да напаѓаме како што планиравме. Не трчавме многу без топка и покажавме физичка инфериорност. Сепак, тоа е заслуга и на нашиот противник. Не работевме комплетни овој месец и ритамот ни е пореметен. Но, нема изговори, загубивме од подобар тим и треба само да работиме за да се подобриме“, изјави Валтер.


Валенсија се раздели со тренерот Гатузо

Шпанскиот фудбалски клуб Валенсија преку својот официјален Твитер профил објави дека ја прекина соработката со тренерот Џенаро Гатузо.

„Валенсија објавува дека клубот и тренерот на првиот тим, Џенаро Гатузо, спогодбено го раскинаа договорот, и дека италијанскиот стручњак нема повеќе да ја води екипата. Клубот сака да му се заблагодари на тренерот на неговиот ангажман и работа во текот на претходните месеци и му посакува успех во иднина“, пишува во соопштението на Валенсија.

Гатузо претходно беше тренер на Пиза, Наполи, Милан, ОФИ Крит, Палермо и Сион.


Челзи нуди 80 милиони евра за да го врати Тами Абрахам

Тами Абрахам би можел да се врати во Челзи по крајот на сезоната, тврдат медиумите на Островот.

Абрахам направи вистински потег со трансферот во Рома каде доживеа целосна афирмација и го привлече интересот на бројни клубови. Меѓутоа, италијанските медиуми откриваат дека во договорот на напаѓачот постои клаузула со која Челзи ќе може да го врати на „Стенфорд Бриџ“ за 80 милиони евра.

Со оглед на одличните игри на Абрахам и фактот што Челзи е во потрага по напаѓач, „сините“ сакаат да ја искористат опцијата и да го вратат во своите редови.

Потер е голем симпатизер на неговата игра и му ветува дека ќе има важна улога во тимот, па и самиот напаѓач е спремен да се врати „дома“.


Иско ќе го засили Унион Берлин во трката за бундеслигашката титула

Иско кариерата ќе ја продолжи во Бундеслигата, во дресот на Унион Берлин, пренесуваат шпанските медиуми.

Иско после само шест месеци ја напушти и Севилја е многу близу да го засили германскиот бундеслигаш Унион Берлин.

Унион Берлин е најпријатно изненадување оваа сезона и се наоѓа на второто место во Бундеслигата, па неочекувано се бори за титулата. Како што најавува „Билд“, Иско е пред потпис со Унион Берлин, па сигурно ќе биде големо засилување за германскиот клуб.


Еван Ндика од Ајнтрахт на радарот на Арсенал и Јуве

Јувентус и Арсенал се силно заинтересирани за дефанзивецот на Ајнтрахт и млад француски репрезентативец, Еван Ндика.

22-годишниот Ндика минатата игра одлично во дресот на Ајнтрахт Франкфурт и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Бундеслигата. Милан во текот на летото испрати понуда за него, но Ајнтрахт не сакаше да го пушти. Меѓутоа, неговиот договор истекува на крајот на сезоната и нема најави за негово продолжување.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат Арсенал и Јувентус и веќе ја почнаа битката за неговиот потпис. Двата клуба веќе преговараат со неговиот агент и сакаат да го доведат Французинот без обештетување.


Балерин не може да се наметни ни во Барселона

Шпанските медиуми објавија дека тренерот на Барселона, Чави Хернандез повеќе не смета на дефанзивецот Ектор Белерин.

Ова значи дека десниот бек би можел да го напушти „Камп Ноу“ по само шест месеци. Како што наведува „Мундо Депортиво“ 27-годишниот фудбалер не се вклопува во тактиката на Чави.

Клубот до сега не разговарал со претставниците на фудбалерот за продолжување на договорот и Белерин веќе некое време размислува за други опции.

Во текот на летото Белерин потпиша договор на една година, но од тогаш одигра само седум официјални натпревари за Барселона.


Де Зерби го потврди рекордниот трансфер на Каиседо во Арсенал

Стратегот на Брајтон, Роберто Де Зерби по натпреварот со Ливерпул кој неговиот тим го доби со 2-1 и се пласираше во следната фаза од ФА Купот, зборуваше и за ситуацијата околу Моисес Каиседо.

Каиседо не беше во тимот за денешниот натпревар, а причината за тоа е што самиот инсистирал за заминување од клубот по интересот од Челси и Арсенал за неговите услуги.

Дека фудбалерот од средниот ред речиси сигурно ќе ја промени средината потврди и самиот Де Зерби кој истакна дека како клуб се подготвени да продолжат и без неговите услуги.

„Јас лично сакам Моисес да ја заврши сезоната со нас, но ние сме подготвени да продолжиме и без него. Ја почитувам неговата одлука, ќе видиме што ќе се случи следните денови,“, изјави Роберто Де Зерби.