feature

Мегваер не е повеќе во плановите на Тен Хаг

Со доаѓањето на Тен Хаг на клупата на Манчестер Јунајтед дојде до промена на хиреархијата во тимот, а резултатите одат во негова полза. После исфрлањето на Кристиано Роналдо од тимот, Тен Хаг полека го истиснува и Хари Мегваер од тимот.

„Хари мора да се бори за својата позиција, тој не е четврти избор. Сè е во негови раце, гледам дека напредува. Ќе мора да почека шанса, тоа се правилата“, кажа Тен Хаг.

„Јас сум фудбалер кој има 29 години и никогаш не сум бил во ваква позиција во кариерата. Ова е позиција на која не сакам да се навикнам, но свесен сум дека ова е дел од фудбалот“, одговори Мегваер.

Мегваер кај претходните менаџери беше секогаш прв избор, а сега хиреархиски е последен избор кај Тен Хаг.


Њукасл го потврди потписот со Ентони Гордон

Фудбалскиот клуб Њукасл го потврди доаѓањето на Ентони Гордон од Евертон.

Трансферот на 21-годишниот Англичанец изнесува 40 милиони фунти, плус дополнителни 5 милиони во бонуси. Од таборот на црно-белите информираат дека Гордон се обврзал на долгорочна соработка со клубот.

„Откако слушнав дека постои интерес за мене, бев сигурен дека се работи за Њукасл Јунајтед. Мислам дека фановите и градот одговараат на мојот карактер, и сигурен сум дека брзо ќе се вклопам во играта на тимот предводен од тренерот Еди Хау. Чувствувам дека ова е голем чекор во мојата кариера, и дека сум подготвен за напредување“, изјави Гордон.


Два европски гиганти го сакаат Коло Муани

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се силно заинтересиран за напаѓачот на Ајнтрахт и француски репрезентативец, Коло Муани. Сезонава 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт постигна девет гола и забележа 11 асистенции, а и на Мундијалот остави одличен впечаток.

Баерн е во потрага по напаѓач и Муани е на врвот на листата желби, бидејќи има искуство во Бундеслигата. Приоритет на Тен Хаг исто така е доведување на напаѓач, а верува дека Французинот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Сега двата европски гиганти ќе се борат за неговиот потпис, а неговата цена изнесува околу 50 милиони евра.


Роналдо својата кариера ќе ја заврши во клуб од Европа

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија, изјави дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, својата играчка кариера ќе ја заврши во некој европски клуб.

Португалскиот ас пред еден месец пристигна во саудискиот клуб Ал Наср, и се обврза со договор до 2025.година.

„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој дефинтивно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа, и таму ќе ги одигра последните натпревари во својата кариера“, изјави Гарсија.

Кристијано Роналдо веќе го имаше своето деби за тимот на Ал Наср, и се очекува тој во голема мера да придонесе во развојот и популарноста на фудбалот во Саудиска Арабија.


Шкрињар од јуни потпиша за ПСЖ

Милан Шкрињар кариерата ќе ја продолжи во Париз Сен Жермен, сигурни се италијанските медиуми.

Шкрињар одби да го продолжи договорот со Интер, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе се пресели во ПСЖ. Медиумите откриваат дека Шкрињар постигнал комплетен договор со „светците“ и веќе ставил потпис на преддоговор.

Интер во овој случај ќе остане со празни раце, бидејќи Шкрињар ќе замине како слободен агент. Минатото лето „нероаѕурите“ одбија 60 милиони евра за неговиот потпис.

ПСЖ сакал да се договори со Интер во овој преоден рок, меѓутоа „нероаѕурите“ бараат 20 милиони евра, што е неприфатливо со „светците“ кои ќе го добијат играчот без пари за неколку месеци.


Погба се враќа во дресот на Јуве за Куп-дуелот со Лацио

Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, беше вклучен во тимот на Јувентус за натпреварот од Серија А против екипата на Монца, но веројатно ќе заигра на Куп натпреварот против Лацио.

29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема ниту еден меч за Старата Дама поради повреда на менискусот и операцијата која мораше да ја направи. Погба подоцна се здоби со повреда и на мускулот на бутот.

Сепак, тој очигледно е фит и му се става на располагање на тренерот Алегри.


Тен Хаг го препороди Маркус Рашфорд

Англискиот голгетер постигна десет гола на последните десет натпревари за „црвените ѓаволи“. Рашфорд стана клучен играч во системот на Тен Хаг и многумина заслугите за добрата форма на напаѓачот му ги препишуваат на холандскиот стратег.

Тен Хаг сепак остана скромен и порача дека пофалбите треба да одат само кон фудбалерот.

„Јас не сум Хари Потер. Станува збор за самодовербата на играчот. Секој играч треба да ја бара својата самодоверба, Маркус ја пронајде и тоа е многу добро за нас.

Силно се бореше да дојде до овој момент. На крајот се зависи само од него. Кога фудбалерот има самодоверба и јас верувам во него“, изјави Тен Хаг.


Мурињо по третпат седнува на клупата на Челзи

Се појавија информации дека Жозе Мурињо не е најзадоволен во Рома и гледа понуди од Англија каде што некогаш ги водеше Челзи, Јунајтед и Тотенхем.

Мурињо не бил задоволен затоа што е свесен дека американските сопственици немаат намера да вложуваат повеќе во Рома. Португалецот со „волчицата“ ја освои Конференциската лига, оваа година играат ЛЕ и ги чека Салзбург во елиминационата фаза.

Исто така во трка се и во купот на Италија каде што ќе бидат фаворити против Кремонезе. Треба да се знае дека Рома има „отворен“ пат до финалето затоа што во финалето би играле со подобриот дуелот помеѓу Фиорентина и Торино.

Но, Мурињо сака повеќе, борба за титула, големи вечери во Лигата на шампионите…Со буџетот во Рома тоа е тешко остварливо. 

Затоа сега се појавија информации дека би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во Челзи. Наводно, Жозе преку својот агент Мендеш го известил Челзи дека е заинтересиран да работи на „Стенфорд Бриџ“ .


Матиас Гидсел е МВП на Светското првенство – ИХФ ја објави идеалната постава

Еден час после завршувањето на финалниот натпревар од Светското ракометно првенство, во кое Данска ја совлада селекцијата на Франција, и по трет пат стана првак на Светот, Меѓународната ракометна Федерација (ИХФ), на својата фејсбук страница, ги објави информациите за идеалната постава и најдобриот играч на турнирот.

Репрезентативецот на Данска, Матиас Гидсел покрај признанието за најдобар стрелец, ја освои и титулата за најкорисен играч на турнирот.

Идеалната постава е следната:

  • МВП: Матиас Гидсел – Данска
  • Лево крило: Анхел Фернандез – Шпанија
  • Лев бек: Симон Питлик – Данска
  • Среден бек: Недим Ремили – Франција
  • Пивот: Лудовик Габрегас – Франција
  • Десен бек: Алекс Дујшебаев – Шпанија
  • Десно крило: Никлас Едберг – Шведска
  • Голман: Андреас Волф – Германија
  • Најдобар млад играч: Јури Кнор – Германија
  • Најдобар стрелец: Матиас Гидсел – Данска


Ѓоковиќ е повторно светски тенисер број еден

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денес и официјално е повторно прв светски тенисер на АТП листата.

Тој на првото место се врати за прв пат од јуни минатата година, откако во неделата го освои својот десетти трофеј на Австралија опен, совладувајќи го во финалето Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.

Ѓоковиќ сега е на врвот од табелата со 7.070 бода, односно има 340 бода предност пред второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија, додека трет е Циципас со 6.195 бодови.