feature

Роналдо својата кариера ќе ја заврши во клуб од Европа

Тренерот на Ал Наср, Руди Гарсија, изјави дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, својата играчка кариера ќе ја заврши во некој европски клуб.

Португалскиот ас пред еден месец пристигна во саудискиот клуб Ал Наср, и се обврза со договор до 2025.година.

„Роналдо е еден од најдобрите фудбалери на светот. Тој дефинтивно нема да ја заврши кариерата во Ал Наср. Сигурен сум дека ќе се врати во Европа, и таму ќе ги одигра последните натпревари во својата кариера“, изјави Гарсија.

Кристијано Роналдо веќе го имаше своето деби за тимот на Ал Наср, и се очекува тој во голема мера да придонесе во развојот и популарноста на фудбалот во Саудиска Арабија.


Шкрињар од јуни потпиша за ПСЖ

Милан Шкрињар кариерата ќе ја продолжи во Париз Сен Жермен, сигурни се италијанските медиуми.

Шкрињар одби да го продолжи договорот со Интер, а на лето ќе биде слободен агент и без обештетување ќе се пресели во ПСЖ. Медиумите откриваат дека Шкрињар постигнал комплетен договор со „светците“ и веќе ставил потпис на преддоговор.

Интер во овој случај ќе остане со празни раце, бидејќи Шкрињар ќе замине како слободен агент. Минатото лето „нероаѕурите“ одбија 60 милиони евра за неговиот потпис.

ПСЖ сакал да се договори со Интер во овој преоден рок, меѓутоа „нероаѕурите“ бараат 20 милиони евра, што е неприфатливо со „светците“ кои ќе го добијат играчот без пари за неколку месеци.


Погба се враќа во дресот на Јуве за Куп-дуелот со Лацио

Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, беше вклучен во тимот на Јувентус за натпреварот од Серија А против екипата на Монца, но веројатно ќе заигра на Куп натпреварот против Лацио.

29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема ниту еден меч за Старата Дама поради повреда на менискусот и операцијата која мораше да ја направи. Погба подоцна се здоби со повреда и на мускулот на бутот.

Сепак, тој очигледно е фит и му се става на располагање на тренерот Алегри.


Тен Хаг го препороди Маркус Рашфорд

Англискиот голгетер постигна десет гола на последните десет натпревари за „црвените ѓаволи“. Рашфорд стана клучен играч во системот на Тен Хаг и многумина заслугите за добрата форма на напаѓачот му ги препишуваат на холандскиот стратег.

Тен Хаг сепак остана скромен и порача дека пофалбите треба да одат само кон фудбалерот.

„Јас не сум Хари Потер. Станува збор за самодовербата на играчот. Секој играч треба да ја бара својата самодоверба, Маркус ја пронајде и тоа е многу добро за нас.

Силно се бореше да дојде до овој момент. На крајот се зависи само од него. Кога фудбалерот има самодоверба и јас верувам во него“, изјави Тен Хаг.


Мурињо по третпат седнува на клупата на Челзи

Се појавија информации дека Жозе Мурињо не е најзадоволен во Рома и гледа понуди од Англија каде што некогаш ги водеше Челзи, Јунајтед и Тотенхем.

Мурињо не бил задоволен затоа што е свесен дека американските сопственици немаат намера да вложуваат повеќе во Рома. Португалецот со „волчицата“ ја освои Конференциската лига, оваа година играат ЛЕ и ги чека Салзбург во елиминационата фаза.

Исто така во трка се и во купот на Италија каде што ќе бидат фаворити против Кремонезе. Треба да се знае дека Рома има „отворен“ пат до финалето затоа што во финалето би играле со подобриот дуелот помеѓу Фиорентина и Торино.

Но, Мурињо сака повеќе, борба за титула, големи вечери во Лигата на шампионите…Со буџетот во Рома тоа е тешко остварливо. 

Затоа сега се појавија информации дека би можел да се врати во Премиер лигата и тоа во Челзи. Наводно, Жозе преку својот агент Мендеш го известил Челзи дека е заинтересиран да работи на „Стенфорд Бриџ“ .


Матиас Гидсел е МВП на Светското првенство – ИХФ ја објави идеалната постава

Еден час после завршувањето на финалниот натпревар од Светското ракометно првенство, во кое Данска ја совлада селекцијата на Франција, и по трет пат стана првак на Светот, Меѓународната ракометна Федерација (ИХФ), на својата фејсбук страница, ги објави информациите за идеалната постава и најдобриот играч на турнирот.

Репрезентативецот на Данска, Матиас Гидсел покрај признанието за најдобар стрелец, ја освои и титулата за најкорисен играч на турнирот.

Идеалната постава е следната:

  • МВП: Матиас Гидсел – Данска
  • Лево крило: Анхел Фернандез – Шпанија
  • Лев бек: Симон Питлик – Данска
  • Среден бек: Недим Ремили – Франција
  • Пивот: Лудовик Габрегас – Франција
  • Десен бек: Алекс Дујшебаев – Шпанија
  • Десно крило: Никлас Едберг – Шведска
  • Голман: Андреас Волф – Германија
  • Најдобар млад играч: Јури Кнор – Германија
  • Најдобар стрелец: Матиас Гидсел – Данска


Ѓоковиќ е повторно светски тенисер број еден

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денес и официјално е повторно прв светски тенисер на АТП листата.

Тој на првото место се врати за прв пат од јуни минатата година, откако во неделата го освои својот десетти трофеј на Австралија опен, совладувајќи го во финалето Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови.

Ѓоковиќ сега е на врвот од табелата со 7.070 бода, односно има 340 бода предност пред второпласираниот Карлос Алкараз од Шпанија, додека трет е Циципас со 6.195 бодови.


Џунтоли и Спалети спречиле Елмас да го напушти Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, во изминатото лето сакал да си замине од Наполи но, спортскиот директор Кристијано Џунтоли и тренерот Спалети го убедиле да остане.

-Џунтоли го поддржа Спалети и го убедија Елмас да остане. Му објасниле дека е значаен член на Наполи и посебно го мотивирале да биде уште подобар – објави денеска „Телевормеро“.

Ќе потсетиме дека во тој период се појавија одредени шпекулации дека за потписот на Елмас се заинтересирани неколку екипи од Серија А.


Каиседо моли на социјалните мрежи за да премине во Арсенал

Брајтон веќе одби две понуди од Арсенал за Моисес Каиседо па сега фудбалерот одлучи преку Инстаграм да направи притисок на својот клуб.

Арсенал сака да се засили со 21 годишниот фудбалер, но проблемот е во тоа што Брајтон не сака да го пушти за сума пониска од 70 милиони фунти. Арсенал сака да го доведе прво на позајмица и да види како играчот ќе се снајде, па потоа на лето да го откупи.

„Јас сум горд што можам на Брајтон да му обезбедам рекорден трансфер што ќе овозможи вложување во иднината на клубот.

Навивачите ме имаат во нивното срце и тие секогаш ќе бидат кај мене во срцето, но се надевам дека ќе ме разберат зошто сакам да ја искористам оваа голема прилика (трансферот во Арсенал“, гласи пораката на Каиседо.

По оваа порака фудбалерот добил порака од Брајтон да не доаѓа на тренинзите до завршувањето на зимскиот преоден рок.


Херта го отпушти Фреди Бобич

Бундеслигашот Херта од Берлин соопштува дека ја прекина соработката со спортскиот директор, Фреди Бобич.

Отказот за Бобич следува после последниот пораз на Херта во градското дерби против Унион Берлин со 2:0. Херта после овај пораз се наоѓа на претпоследното место од табелата во најсилната германска лига.

51-годишниот поранешен германски репрезентативец, за спортски директор на Херта беше назначен во 2021 година, откако истата функција ја извршуваше во Ајнтрахт од Франкфурт.