feature

Трипие го продолжи договорот со Њукасл

Англискиот фудбалски репрезентативец, Киран Трипие, го продолжи договорот со Њукасл до 2025.година.

Тренерот на Њукасл Еди Хау, изрази задоволство од продолжувањето на соработката со дефанзивецот и има само пофални зборови за играта на Трипие во изминатиов период.

„Беше одличен на теренот и надвор од него. Киран покажа лидерски квалитети во тешки моменти за екипата, сега игра извонредно во тимот кој одлично напредува“, вели Хау.

Трипие пристигна во Њукасл од Атлетико Мадрид во јануари 2021.година. Оваа сезона тој запиша еден гол на 26 натпревари.

Црно-белите во моментот се наоѓаат на третото место во Премиер лигата, и имаат рекордна низа од 15 натпревари без пораз во лигата.


Премирлигашите се распрашуваат за ѕвездите на Торино

Фудбалерите на Торино, Никола Влаших и Саша Лукиќ, влегуваат во радарот на неколку екипи од Англија.

Според одредени шпeкулации, Вест Хем сака да си го врати Хрватот кој настапува како позајмен во Серија А.

Лукиќ, пак, кој добил понуда од Фулам, не крие дека сака да заигра во Премиер-лигата.  Според наведеното, англискиот состав е подготвен да плати 8 милиони фунти.


Јуве бара 20 милиони евра за откуп на Денис Закарија

Јувентус сака да го продаде Денис Закарија, кој во моментов игра на позајмица во Челзи.

После само шест месеци поминати во Торино, Закарија го напупшти кубот и ова лето се пресели во Челзи на позајмица.

Но и на „Стенфорд Бриџ“ не добива минутажа, па „сините“ сигурно нема да го откупат на крајот на сезоната.

Со оглед на фактот дека за Швајцарецот нема повеќе место во тимот на Алегри, Јувентус сака да го продаде и му постави цена од 20 милиони евра.


Страхиња Павловиќ прва опција на одбраната на Јуве

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Салцбург и српски репрезентативец, Страхиња Павловиќ.

21-годишниот дефанзивец игра одличо во Салцбург, а на Мундијалот ја доживеа својата целосна афирмација со добрите партии. Примарна цел на Јувентус на лето ќе биде доведување на дефанзивец, а Павловиќ е на врвот на листата желби.

„Старата дама“ веќе работи на трансферот и сака да ја победи конкуренцијата, а самиот Павловиќ го потврди интересот.

„Вистина е дека постои интерес од Јувентус за мене, но не сум бил во Торино. Јувентус е голем клуб и секогаш е чест кога те поврзуваат со такви гиганти. Ќе видиме што ќе се случи, сега сум фокусиран само на Салцбург“, изјави Павловиќ.


Матеус Нунеш наместо во Ливерпул може да заврши во Челзи

Челзи веќе потроши 180 милиони евра во јануарскиот преоден рок, но „сините“ не мислат да запрат со трансфери.

Челзи сака до крајот на преодниот рок да донесат уште еден играч за врска, а најнова мета е ѕвездата на Вулверхемптон, Матеус Нунеш. Нунеш е голема желба на Јиген Клоп и примарна трансфер цел на Ливерпул, но Челзи ќе се обиде да го „украде“ фудбалерот пред ривалот.

Нунеш минатото лето се пресели во Вулверхемптон од Спортинг за 45 милиони евра и веднаш се етаблираше во Премиер лигата.

Челзи веќе стапил во контакт со неговиот агент и спремен богата понуда за „волците“.


Енцо Фернандез останува во Бенфика и ќе добие бонус за верност

Фудбалерот, Енцо Фернандез, за тоа што остана во Бенфика и не ја прифати понудата на Челзи, ќе добие награда од  клубот.

Според информациите, челниците на португалскиот гигант  ќе му дадат премија од два милиони евра. Тоа е сепак условено, бидејќи „сините“ се уште имаат можност да ги купат неговите права доколку ја платат клаузулата од 120 милиони евра.

Фернандез на последното Светско првенство во Катар ја доби наградата за најдобар млад фудбалер.


Одредени термините за Европското првенство во одбојка во Скопје

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на претстојното Европско првенство 2023. 

Македонија ќе биде домаќин на групата„ Ц“ во Скопје од 30-ти август до 06. Септември. Првите четири репрезентации од групата ќе одат во наредната елиминациска фаза. Еве го комплетниот распоред на македонската селекција со термини.

30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска

02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора

03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска

05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија

06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка


Алкалоид се засилува со репрезентативецот Џонов

Ракометниот суперлигаш Алкалоид, ќе ја засили екипата со ангажман на репрезентативецот Иван Џонов.

Тимот на Пролет,после јануарската продажба на ракометарите Аларов и Јагуриновски, се одлучи да го прифати обештетувањето за продажба на репрезентативниот бек Иван Џонов  кој во вториот дел од сезоната ќе ги брани боите на екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров.

Џонов беше дел од македонската ракометна репрезентација која на светското ракометно првенство се пласира на 27.место.  


Ѓоковиќ собори рекорд на Агаси

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, испиша нова историја на Австралија опен. Со победата над Американецот Томи Пол во полуфиналето од турнирот, Ѓоковиќ го забележа својот 27. последователен триумф на првиот Грен слем годинава.

Новак Ѓоковиќ е тенисерот со најдолгата низа на победи во Мелбурн, надминувајќи го рекордот на Андре Агаси кој во периодот од 2000. до 2004.година забележа 26 последователни победи.

Србинот во недела ќе го одигра своето десетто финале на Австралија опен, а досега славеше победа на претходните девет.


Жоелингтон остана без возачка дозвола и ќе плати преку 30.000 фунти

Фудбалерот на Њукасл, Жоелингтон, кој беше приведен од полицијата додека возел во алкохолизирана состојба, ќе треба да плати 31.085 фунти.

Згора на тоа, Бразилецот според одлуката на судот не смее да вози во период од една година. Казната може да се намали на девет месеци доколку посетува посебна установа за одвикнување од алкохол.

Екипата на Њукасл објави дека нема намера дополнително да го казни играчот.