feature

Јапонецот Хачимура потпишува за Лејкерси

Во НБА лигата крајниот рок за трејд е деветти февруари и вообичаено е повеќето трејдови да се случуваат во самата завршница.

Сепак, Лејкерс сега објавија засилување и го направија првиот значаен трејд сезонава. Во своите редови тие го доведоа Јапонецот. Руи Хачимура од Вашингтон Визардс.

Лејкерс во Вашингтон ги испратија Кендрик Нан и три идни драфтови во втората рунда. Така со оваа зделка го сочуваа највредното богатство, а тоа е првиот круг на драфт пикови во 2027 и 2029 година.


Одржана жрепката за полуфиналето во Лигата на нации

Со жрепката одржана во седиштето на УЕФА во Нион, избрани се полуфиналните парови од Лигата на нации.

Во првото полуфинале ќе се сретнат репрезентациите на Шпанија и Италија, додека вториот полуфинален дуел ќе биде помеѓу селекциите на Холандија и Хрватска.

Домаќин на завршницата во Лигата на нации ќе биде Холандија. Натпреварот помеѓу Холандија и Хрватска ќе се одигра на 14.јуни во Ротердам, додека Шпанија и Италија ќе се сретнат на 15. јуни во Еншеде.

Големото финале е закажано за 18.јуни во Ротердам.


Составите за НБА Ол-стар натпреварот ќе се бираат непосредно пред самиот почетокот

Водечките луѓе на НБА лигата, соопштија дека со новиот формат, капитените на Ол-стар тимовите, кошаркарите ќе ги бираат непосредно пред почетокот на натпреварот кој ќе се игра на 19.февруари во Солт Лејк Сити.

Во соопштението од лигата се наведува дека ова ќе биде шести пат како капитените ги избираат своите тимови, но за прв пат поставите нема да се знаат неколку дена пред натпреварот.

Капитен на тимот од Западната конференција би требало да биде Леброн Џејмс од ЛА Лејкерс, додека кандидати за капитен на тимот од Источната конференција се Гркот Јанис Адетокумбо, и Кевин Дурант од Бруклин Нетс, кои засега имаат најголем број на гласови.


Адана Демирспор со понуда за Аријан Адеми

Турскиот фудбалски клуб Адана Демирспор, е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми.

Според некои написи во хрватските медиуми, турскиот прволигаш веќе испратил понуда до Динамо Загреб за купување на капитенот на екипата Адеми, и се чека одговор од шампионот на Хрватска.

Италијанецот Винченцо Монтела, кој е тренер на Адана, имал високо мислење за фудбалските квалитети на Адеми, и инсистирал тој да биде доведен во клубот за време на јануарскиот преоден рок.


Фернандо Сантош е нов селектор на Полска

Португалскиот тренер Фернандо Сантош и официјално е назначен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Полска.

Сантош потпиша договор со Фудбалскиот сојуз на Полска до јуни 2026.година. Искусниот 68-годишен португалски стручњак на селекторското место ќе го замени Чеслав Михневич,кој доби отказ после несупехот со Полска на Светското првенство во Катар.

„За мене е голема чест да ја водам Полска, бидејќи станува збор за земја со богата фудбалска историја кој ја одбележа мојата генерација. Репрезентацијата на Полска има доста квалитетни фудбалери, и се наоѓа меѓу најдобрите светски селекции. Од денес сум Пољак, и сум еден од вас. Уверен сум дека ќе ја оствариме целта“, изјави Сантош при официјалната промоција.

Сантош поднесе оставка на функцијата селектор на Португалија после елиминацијата од Мароко во четвртфиналето на Мундијалот во Катар.


Лидс и Јуве преговараат за Винстон Мекени

Juventus Fc – Atalanta Bc Weston Mckennie of Juventus Fc controls the ball during the Serie A match beetween Juventus Fc and Atalanta Bc at Allianz Stadium on January 22, 2023 in Turin, Italy . Torino Allianz Stadium Italy Copyright: xMarcoxCanonierox

Јувентус спрема реконструкција на средниот ред и ќе ја отвори
вратата на некои фудбалери од тимот.
Италијанските медиуми пренесуваат дека „жртва“ може да биде
Винстон Мекени кој ќе биде ставен на трансфер пазарот. Со
враќањето на Погба на терените, Мекени ќе добива уште помала
минутажа, па Алегри дал зелено светло за негова продажба.
Најсилен интерес за Американецот покажува Лидс, кој веќе почнал
преговори со „старата дама“.
Јувентус за неговата слобода бара 20 милиони евра, а
премиерлигашот наводно е спремен да ја плати таа сума.


Челзи му нуди нов договор на ветеранот Тиаго Силва

Фудбалерот, Тиаго Силва, кој има договор со Челзи до крајот на
сезонава, веројатно ќе остане на „Стемфорд Бриџ“ до 2024 година,
најави „Гардијан“.
Бразилскиот дефанзивец кој пред три сезони беше купен од
францускиот ПСЖ, се претвори во една од главните ѕвезди кај
лондончани.
38-годишниот играч кој на времето настапуваше и за италијанскиот
Милан сега е главниот столб во одбраната на „сините“. Затоа Челзи
сака да го задржи барем уште една сезона.


Биелса ќе биде новиот тренер на Евертон?

Англискиот Скај спортс објавува дека Аргентинецот Марсело Биелса ќе стане нов тренер на Евертон.

Според информациите на овај медиум, раководството на популарните „карамели“, одлучило токму искусниот Биелса да биде замена за Френк Лампард, кој доби отказ после серијата на слаби резултати на екипата.

Аргентинскиот стручњак има искуство со водење тим од Премиер лигата, бидејќи претходно беше тренер на Лидс Јунајтед. Тој во богатата тренерска кариера ги има водено Њу олд бојс, Атлас, Америка, Еспањол, Атлетико Билбао, Олимпик Марсеј, Лацио, Лил и Лидс Јунајтед.

Биелса како селектор ги предводеше репрезентациите на Аргентина и Чиле.


Несторовски има три понуди на маса, го сака и Реџина на Пипи Инзаги

Илија Несторовски не игра многу во Удинезе, а еден од најпознатите италијански новинари, Џанлука Ди Марцио најавува негово заминување. Договорот на Несторовски истекува на крајот од сезоната, меѓутоа според Ди Марцио Нестор може да замине и порано. Наводно, во својата екипа Несторовски сака да го види Пипo Инзаги кој ја води Реџина.

Реџина била најсериозна, но интерес покажале уште Модена и Венеција.

Тимот на Реџина можеби би била и најпримамливата опција за прилепчанецот затоа што станува збор за тим кој е второпласиран и се бори за промоција во Серија А. Од друга страна Модена е десетта и еден бод заостанува зад плеј-оф позициите. Венеција е во долниот дел од второлигашката табела и ја чека борба за опстанок.


Премиерлигашите потрошиле рекордна сума на пари за трансфери во јануари

Клубовите од англиската Премиер лига го срушија рекордот на потрошени пари за трансфери во јануарскиот преоден рок. Според објавите, клубовите за трансфери потрошиле износ од 440 милиони фунти.

Бруто потрошувачката во овај трансфер период го надмина претходниот рекорд од 2018.година, кога клубовите од Премиер лигата потрошиле 430 милиони фунти.

Најмногу пари во јануари издвои Челзи, кој за нови фудбалери потроши 180 милиони фунти. Потрошената сума на клубовите за трансфери сигурно ќе биде повисока, бидејќи до крајот на зимскиот преоден рок остануваат уште неколку денови.