feature

Барселона го гледа Халанд како идеален наследник на Левандовски

Претседателот на Барселона, Хоан Лапорта, го гледа напаѓачот на Ерлинг Халанд како клучен играч што треба да ја предводи новата генерација на клубот по завршувањето на договорот на Роберт Левандовски во 2026 година. 

Интересот на Лапорта за Халанд не е нов, тој веќе се обидуваше да го донесе норвежанецот пред неговиот трансфер во Сити. Сега, кога клубот веќе планира за иднината, Халанд останува во фокусот како идеален играч за новата фаза на Барса. 

Иако финансиската состојба на клубот останува чувствителна, поради високите трошоци за трансфери, плати и реновирање на стадионот, Лапорта не отстапува од својата идеја. Тој верува дека Барселона може да го убеди Халанд, и покрај тоа што има договор со Манчестер Сити до 2034 година. 

Иако на радарот се и алтернативи како Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, Халанд се смета за идеален потег кој може да ја симболизира новата ера и да биде главна ѕвезда на големото отворање на обновениот Камп Ноу. 


Манчестер Сити се вклучува во трката за Гехи по пропаднатиот трансфер во Ливерпул

Манчестер Сити се приклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Кристал Палас, Марк Гехи, кој следното лето ќе биде слободен агент, откако трансферот во Ливерпул пропадна во последен момент. 

Договорот вреден 35 милиони фунти меѓу Ливерпул и Палас бил речиси завршен, но Палас ненадејно се повлече, отворајќи врата за други европски гиганти да се вмешаат, меѓу нив сега и Сити. 

Иако тимот на Гардиола претходно не покажа интерес, промената на околностите со истекот на договорот на Гехи летово ги натера Сити да се активираат. Од јануари, и Сити и Ливерпул, како и странски клубови, ќе можат слободно да преговараат со 25-годишниот без вклученост на Палас. 

Интересот за Гехи не доаѓа само од Премиерлигата. Клубови како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Интер и Јувентус внимателно ја следат ситуацијата, свесни за шансата да донесат проверен интернационалец без отштета. 

И покрај шпекулациите, Гехи нема намера да го напушти Палас во јануари и сака да ја заврши сезоната со клубот пред да одлучи за иднината. 


Белингем спремен за игра многу порано од предвиденото

Џуд Белингам веќе е целосно закрепнат и може да биде искористен од Чаби Алонсо во натпреварите на Реал Мадрид. Ова беше потврдено откако играчот од средниот ред беше вклучен во тимот на „кралевите“ за дуелот со Марсеј во Лигата на шампионите во вторник вечер.

Ова е речиси сензационално, бидејќи точно пред два месеци Англичанецот претрпе операција на рамото, по што обично се потребни 3-4 месеци за лекување. Сепак, сега Белингам е веќе на располагање, бидејќи извесно време тренира со главната група.

На располагање е и Едуардо Камавинга, кој се повреди во април.

Надвор од тимот остана Ендрик, кој исто така е близу до закрепнување, како и Ферлан Менди и Антонио Ридигер, кои имаат посериозни повреди.


Кон крајот на септември Барса се враќа на „Камп Ноу“

Според информациите од Шпанија, Барселона наскоро треба да се врати на својот стадион, Камп Ноу.

Камп Ноу веќе подолго време се реновира, тој нема да биде готов во брзо време, но тимот ќе почне да игра таму, а капацитетот етапно да се зголемува.

Барселона и следниот натпревар ќе го игра на Јохан Кројф стадионот, тоа е дуелот против Хетафе, но потоа оди на Камп Ноу.

Против Реал Сосиедад (28 септември) во Ла Лига и ПСЖ (1 октомври) во Лигата на шампионите фудбалерите на Барса ќе играат на Камп Ноу.

Во првата фаза по враќањето, Камп Ноу ќе биде со капацитет од само 27.000 гледачи.


Јуве одбил 70 милиони евра за Јилдиз

Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“.

Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“.

„Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го покажува и планот за продолжување на неговиот договор до 2030 година, со зголемување на платата.

Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз брзо се етаблираше и стана незаменлив член на стартната постава.


Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац, објавено е на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но Фудбалскиот сојуз на Србија побара од Европската куќа на фудбалот домаќин да биде Лесковац.
На табелата од Групата К, Англија е прва со сите 15 бодови од пет натпревари, а Албанија е втора со осум бодови. Србија е третопласирана со седум бодови


Вардар ќе ја отвори Европската лига против Сесвете

По завршувањето на квалификациите познат беше и последниот ривал на Вардар во групната фаза од новата сезона во Европската лига, а ЕХФ веќе ги објави и распоредот и саатниците за сите натпревари на нашиот најтрофеен ракометен клуб.

Вардарци серијата ја започнуваат на 14 октомври со домашен меч против Сесвете, а натпреварите од групната фаза ги завршуваме со домашен меч, против Тулуз на 2 декември.

Распоред на натпреварите:
14.10.2025 – Вардар – Сесвете (18,45 ч.)
21.10.2025 – Тулуз – Вардар (18,45 ч.)
11.11.2025 – Кристијанштад – Вардар (18,45 ч.)
18.11.2025 – Вардар – Кристијанштад (18,45 ч.)
25.11.2025 – Сесвете – Вардар (20,45 ч.)
02.12.2025 – Вардар – Тулуз (20,45 ч.)

Вардарци сите домашни натпревари ќе ги игра во салата „Јане Сандански“ која се очекува одново да биде исполнета да последно место, како во времето кога тимот настапуваше во Лигата на шампионите.


Борусија Менхенгладбах го смени тренерот по само три кола

Борусија Менхенгладбах се раздели со главниот тренер Херардо Сеоане по само три натпревари од новата сезона, а одлуката стапи на сила веднаш, објави клубот.

Тренерот на тимот под 23 години, Еуген Полански, првично ќе ја преземе функцијата главен тренер во Борусија Менхенгладбах.

„По интензивна анализа на почетокот на нашата сезона, дојдовме до заклучок дека треба да направиме промена на позицијата главен тренер“, рече спортскиот директор Роланд Виркус, додавајќи: „Нашето верување дека Херардо може да ги сврти работите се намали по 10 натпревари без победа во Бундеслигата“.

39-годишниот Полански претходно беше задолжен за тимот под 23 години. Тој играше професионално за Менхенгладбах и доаѓаше од младинскиот систем на клубот.


Анчелоти би го водел само Реал по бразилската репрезентација

Карло Анчелоти не ја затвори вратата за враќање на клупата на Реал Мадрид. Иако неодамна ја презеде селекцијата на Бразил, искусниот стратег не ја исклучува можноста за трет мандат на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Анчелоти веќе двапати го водеше Реал и стана најтрофејниот тренер во историјата на клубот со освоени 15 трофеи. „Реал Мадрид е единствениот клуб што би го прифатил да го тренирам по Бразил“, изјави Анчелоти за Л’Екип.

Иако претходно најави крај на клупската кариера, Италијанецот остави отворена врата за ново враќање во клубот каде што ужива легендарен статус.

Сепак, Анчелоти исто така потврди дека би го продолжил договорот со Бразилците за уште еден четиригодишен мандат доколку во сојузот се задоволни од работата.


Познат идеалниот тим на Евробаскетот

Објавен е симболичниот тим на Европското кошаркарско првенство 2025.

Во него се вклучени: Денис Шредер (Германија), Лука Дончиќ (Словенија), Франц Вагнер (Германија), Јанис Адетокунбо (Грција) и Алперен Шенгун (Турција).

Плејмејкерот Денис Шредер беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Трофејот на Евробаскетот 2025 го освои Германија која во финалето ја победија Турција со 88-83.