feature

Рома преговара со Дибала за нов договор

Пауло Дибала може да ја напушти Рома на крајот на сезоната, ако римскиот клуб не обезбеди пласман во Лигата на шампиони, открива „Газета дело Спорт“.

Во договорот на Дибала има откупна клаузула, ако Рома не игра во Лигата на шампиони, Аргентинецот ќе може да си замине за само 12 милиони евра.

29-годишниот Дибала ова лето пристигна во Рома без обештетување и до сега на 16 меча директно учествувал на 13 гола за „волчицата“. Поради тоа Рома е подготвена да му понуди нов договор на Аргентинецот. Дибала во моментов има плата од 4.2 милиони евра по сезона, која би била зголемена на 6 милиони евра, со што би се отстранила клаузулата.


Милан преговара со голманот на Сент Етјен

Челниците на фудбалскиот состав Милан ќе се обидат да го купат голманот на второлигашот француски Сент Етјен – Ноа Ревир.

„Росонерите“ имаат постојани проблеми со голманите: Мајк Меињан, Ципријан Татарушану и Антонио Миранте и затоа неодамна потпишаа договор со Колумбиецот, Дејвис Васкез.

Тие сега се обидуваат да преговараат и за 17-годишниот играч чиј договор истекува на лето.


Рафиња го одбил Арсенал, сака да се наметне во Барса

Рафиња категорично ја одбил можноста да ја напушти Барселона и да се пресели во Арсенал.

Рафиња ова лето дојде како големо засилување во Барселона за 65 милиони евра, меѓутоа Каталонците не се задоволни од неговиот допринос и како се вклопи во тимот, па се спремни да го продадат. Арсенал го сакаше Бразилецот и минатото лето додека играше за Лидс, па сега повторно се обиде да го донесе на „Емирати“.

Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ пренесува дека Рафиња по втор пат му кажал НЕ на Арсенал, бидејќи сака да остане во Барселона.

Арсенал е во потрага по засилување во нападот, па откако пропадна трансферот на Мудрик, се насочи кон Рафиња.


Емери носи Колумбиец од МЛС во Астон Вила

Колумбискиот напаѓач, Џон Дуран, ќе го напушти американскиот состав Чикаго и ќе се пресели во редовите на Астон Вила.

Англискиот фудбалски состав ќе плати 22 милиони долари за потписот на 19-годишниот играч кој постигна осум гола во изминатата сезона во Мејџор Лигата. 

Трансферот на Дуран ќе се реализира откако ќе се исполнат условите за добивање на работна виза за Велика Британија.


Роналдо ќе ја носи капитенската лента во саудискиот „Ол Стар“ тим

Кристијано Роналдо ќе го предвооди „Ол Стар“ тимот на Ријад составен од фудбалери на Ал Наср и Ал Хилал на пријателскиот меч против француски ПСЖ закажан на 19 јануари.

Средбата ќе се одигра во рамките на турнејата на францускиот шампион во Катар и Саудиска Арабија.

Португалецот официјално ќе дебитира за екипата од Саудиска Арабија на 22 јануари против Ал Итифак во рамките на домашниот шампионат.


Вегхорст мотивиран да се докаже на „Олд Трафорд“

Новото засилување на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Вут Вегхорст, изјави дека очекува добри партии во продолжението од сезоната во Премиер-лигата.

„Јас сум напаѓач кој сака да постигнува голови. Тимот игра одлично во последниов период. Знам дека можам да помогнам. Ќе дадам се од мене за да бидам уште подобар во Јунајтед“, изјави Холанѓанецот кој е времено ангажиран од Бешикташ за обештетување од 2,5 милиони фунти.


Брајтон ја одреди цената за продажба на Тросард

Некои англиски медиуми објавуваат дека фудбалскиот клуб Брајтон ја одредил цената за евентуална продажба на Леандро Тросард, после влошувањето на неговиот однос со тренерот на екипата Роберто Де Зерби.

Според написите, од Брајтон се готови да се разделат со Тросард за сума од 30 милиони евра. Неговиот актуелен договор со „галебите“ е со важност до летото 2024.

Како најголеми кандидати и заинтересирани клубови за услугите на фудбалерот од Белгија се споменуваат премиерлигашите Тотенхем и Челзи.


Рафаел Леао останува во Милан до 2027. година

Медиумите во Италија пренесуваат информација дека Милан е многу блиску до продолжување на договорот со напаѓачот Рафаел Леао.

Португалскиот репрезентативец најверојатно ќе стави потпис на нов договор со важност до 2027.година, и ќе добива плата од 7 милиони евра по сезона.

Актуелниот договор на Леао со „росонерите“ истекува во летото 2024.година. Португалецот оваа сезона во дресот на Милан има 9 гола и 7 асистенции.


Јончевски се раздели со косовска Трепча

Селекторот на нашата кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, си замина од позицијата тренер во косовска Трепча. По натпреварот со Сигал Приштина кој Трепча го загуби со 53:88, Јончевски поднесе неотповиклива оставка.

„Кошаркарскиот клуб Трепча му се заблагодарува на Јончевски за одличната работа што ја направи на чело на тимот и му посакува големи успеси во текот на кариерата. Јончевски требаше да остане до крајот на првенството, но поради резултатите почувствува морална обврска да поднесе оставка. Клубот ја цени работата што ја направи со тимот, професионалното ниво и максималната посветеност“, се вели во клупското соопштение.


Симан застана во одбрана на Хуго Лорис

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, доби жестоки критики преку социјалните мрежи за големата грашка на дербито со Арсенал. На тоа реагираше легендарниот Дејвид Симан кој застане во одбрана на искусниот чувар на мрежата.

„Не треба да се заборави една значајна работа. Секој прави грешки но, тој останува брилијантен голман. Верувам дека и во иднина ќе има добри одбрани“, потенцираше Симан.