feature

Пикси останува српски селектор по Европското првенство

Драган Стојковиќ Пикси ќе остане селектор на Србија и по неуспешниот настап на оваа селекција на Европското првенство каде испадна уште во групната фаза.

Во репрезентацијата на Србија се појавија многу скандали, се шпекулираше и дека многу ѕвезди повеќе нема да играат додека Пикси беше на клупата, но на крајот дојде до голем пресврт.

Пикси ќе ја предводи Србија во новата сезона на Лигата на нации, која започнува во септември.

Оваа одлука ќе биде потврдена на состанокот на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија, кој треба да се одржи во петок.


Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство

Французинот Франсоа Летексие ќе го суди финалето на Европското првенство меѓу Шпанија и Англија. Големата пресметка е во недела во 21 часот на „Олимпија стадион“ во Берлин.

38-годишниот судија досега на Европското првенство судеше три натпревари, Шпанија – Грузија, Данска – Србија и Хрватска – Албанија. Тој беше и четврти судија на воведниот меч меѓу Германија и Шкотска.

Помошници на Летексие ќе бидат Сирил Меуниер и Мехди Рахмуни. Четврт судија е Полјакот Шимон Марчиљњак.

Жером Брисар од Франција ќе биде на ВАР. Ќе му помагаат Вили Делаџо и Масимилијано Ирати од Италија. За резервен помошен судија е назначен Томаш Листкиевич од Полска.


Болдвин го напушти Макаби за Фенербахче

Американскиот кошаркар Вејд Болдвин официјално е нов кошаркар на турскиот евролигаш Фенербахче со кој потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на соработката.

Дваесетиосумгодишникот последните две сезони ги помина во редовите на Макаби каде се наметна како еден од најдобрите поентери во Евролигата.

Претходната сезона бележеше просек од 17.4 поени, 2.5 скокови и 4.9 асистенции на 30 одиграни средби во елитното кошаркарско првенство со што е јасно дека турскиот тим доби ново големо засилување за атак на евролигашката титула.


Веспрем доби „вајлд карта“ за учество на Светското клупско првенство

ИХФ објави дека за светското клубско ракометно првенство „вајлд карта“ добива унгарскиот ракометен гигант Веспрем.

Покрај Веспрем, во Каиро ќе играат уште две европски екипи – шампионот Барселона и бранителот на титула на Светското клупско првенство, Магдебург.

На турнирот ќе настапт  Ал Ахли од Египет, африканскиот првак Замалек, азискиот шампион Ал Калеј, претставникот на Средна и Јужна Америка – бразилскиот Таубате, како и уште по еден тим од Северна Америка и Кариби, односно Австралија и Океанија.

Светското клупско првенство, кое претходно го имаше називот Супер Глоуб, ќе се одржи од 27 септември до 3 октомври.


Руските спортисти и федерации сами ќе одлучат дали ќе настапат во Париз

Руските спортисти кои имаат покана за настап на Олимписките игри во Париз сами ќе одлучат дали ќе одат таму или не, изјави денеска портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, цитиран од агенцијата ТАСС.

Воедно тој повика на почитување на одлуките и договорите што ги имаат одредени спортски федерации.

„Ова е одлука на секој спортист. Секој самостојно донесува такви одлуки“, одговори претставникот на Кремљ на новинарско прашање за учеството на спортисти од Русија на претстојните Олимписки игри. Што се однесува до оние кои имаа можност и не отидоа, секоја федерација има свои околности, свое колективно мислење, свои колективни одлуки и тоа мора да го третираме со почит“, додаде Песков.

Олимписките игри во Париз се на програмата од 26 јули до 11 август.


Миротиќ договори враќање во Барселона

Никола Миротиќ се договори со Барселона за исплата на парите што му се должат по раскинувањето на соработката, што се случи еднострано од шпанскиот гигант.

Барселона е должна да му плати на Миротиќ долг од 20 милиони евра! А според анексот на договорот тоа ќе го прави во наредните пет години.

Никола минатата сезона ја напушти екипата на Барселона, иако имаше важечки договор со Каталонците до 2025 година и затоа ги побара парите кои му припаѓаат, по раскинувањето на соработката.


Ди Марија заминува до репрезентативна пензија по финалето на Копа Америка

Ѕвездата на Аргентина, Анхел Ди Марија, објави дека финалето на Копа Америка ќе биде неговиот последен натпревар во националниот дрес.

Синоќа, Меси и друштвото стигнаа до финалниот дуел, откако во полуфиналето победија со 2-0 против Канада. Ова е второ последовно финале за Аргентина на Копа Америка.

„Не сум подготвен за мојот последен натпревар за Аргентина, но време е… Што и да се случи во финалето, мислам дека можам да излезам со високо крената глава. Дадов сè од себе“, изјави Ди Марија.

Во финалето, Аргентина ќе се соочи со победникот од второто полуфинале меѓу Колумбија и Уругвај.


Два премиерлигаши го сакаат Марк Гехи

Арсенал и Манчестер Јунајтед се на готовс откако Марк Гехи нема да го продолжи договорот со Кристал Палас, пренесе „Сан“. 23-годишниот централен бек стана клучен играч за Англија на УЕФА ЕУРО 2024 година и неговите одлични игри не останаа незабележани од најдобрите тимови на Островот.

Кристал Палас се надеваше дека ќе го задржи Гехи барем уште една сезона, откако веќе го продаде Михаел Олисе на Баерн Минхен. Другата ѕвезда на „орлите“, Еберечи Езе, кој исто така е со „трите лава“ на Европското првенство, има ослободителна клаузула од 60 милиони фунти, која Тотенхем и Манчестер Сити се подготвени да ја платат.

Гехи, кој ги започна првите четири натпревари на Англија на Европското првенство, но беше суспендиран за четвртфиналето против Швајцарија, има уште две години од неговиот актуелен договор со Палас. Но, доколку „орлите“ не успеат да го убедат да потпише повторно, би можеле да бидат принудени да го продадат ова лето, а Арсенал и Манчестер Јунајтед се сметаат за главни кандидати за неговиот потпис.

„Трансфермаркт“ го цени Гехи на 38 милиони евра.


Аргентина рутински до финале на Копа Америка

Аргентина ја оправда улогата на фаворит во првото полуфинале на Копа Америка и дојде до триумф  од 2-0 против Канада.

Резултатот го отвори Алварез со гол во 22. минута од натпреварот. По само шест минути игра во вториот дел, Лео Меси постигна гол за 2-0, што беше и кончен резултат на мечот.

Аргентина во финалето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Уругвај и Колумбија.


Белами нов селектор на Велс

Според информациите кои ги пренесува „Би-Би-Си“, легендата на Ливерпул Крег Белами ќе биде нов селектор на Велс.

За Белами ова ќе биде прва работа како главен тренер во сениорска конкуренција. Тој беше помошник на Компани со кого ја делеше соблекувалната во Манчестер Сити, а работеше и во младинските категории на Андерлехт.

Како фудбалер Белами беше дел од бројни англиски клубови како: Норвчич, Ковентри, Њукасл, Блекбурн, Вест Хем, Манчестер Сити, Селтик, Кардиф и Ливерпул.