feature

Челзи не запира, преговара со Борусија Менхенгладбах за Маркус Турам

Раководството на Челзи сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок и работи на неколку трансфери.

Денес „сините“ постигнаа договор со Атлетико Мадрид за шестмесечна позајмица на Жоао Феликс, за која ќе платат 11 милиони евра. Меѓутоа, тоа не е се, бидејќи медиумите пренесуваат дека Челзи работи и на трансферот на Маркус Турам од Борусија Мехенгладбах.

Турам оваа сезона игра одлично, веќе има 10 гола во Бундеслигата, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.

Мехенгладбах не сака да го загуби Турам без обештетување, па е спремна да го продаде во јануари за „само“ 12 милиони евра.

За него интерес покажуваат неколку европски гиганти, но Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата.


Хенеберг го напушта Еурофарм Пелистер

Данскиот интернационалец во редовите на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Себастијан Хенеберг, на крајот од сезоната заминува од екипата.

Хенеберг својата кариера ќе ја продолжи во данскиот клуб Федериција, од каде потврдуваат дека веќе имаат договор со ракометарот во траење од две години.

Данскиот бек во тимот од Битола пристигна во октомври минатата година, и со своето искуство и одлични игри стана големо засилување за екипата.


Хуго Лорис нема повеќе да настапува за Франција

Француските медиуми објавија дека голманот и капитен на француската фудбалска репрезентација, Хуго Лорис, става крај на својата репрезентативна кариера.

„ Не е лесна ваквата објава, но после 14 години носење на репрезентативниот дрес, кој го носев со огромно задоволство и гордост, со чувство на должност и одговорност, верувам дека стигнав до крајот“, изјави Лорис.

36-годишниот голман беше капитен на Франција на Мундијалот во 2018.година кога „триколорите“ станаа светски прваци. Тој беше капитен и на неодамна завршеното СП во Катар, каде Франција го освои второто место. Лорис одигра вкупно 145 натпревари за репрезентацијата на Франција.


Жоао Феликс заминува на позајмица во Челзи

Шпанскиот весник „Марка“ пренесува информација дека фудбалерот на Атлетико Мадрид и репрезентативец на Португалија, Жоао Феликс, до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч во Челзи.

Челзи за услугите на Феликс ќе плати обештетување од 11 милиони евра. Клубот од Лондон се согласи да го исплаќа целосниот износ на платата на Португалецот, но во договорот не стои клаузула според која Челзи треба да го откупи играчот на крајот од сезоната.

Според Марка, во Атлетико Мадрид се свесни за желбата на Феликс да заигра за друг клуб, и ќе му дозволат на фудбалерот да замине на позајмица бидејќи не се потребни проблеми во тимската соблекувална.

Жоао Феликс е фудбалер на Атлетико од 2019.година. кога за 127 милиони евра беше доведен од Бенфика.


Претседателот на Француската федерација му се извини на Зидан

Претседателот на Фудбалската федерација на Франција, Ноел Ле Гре
се извини за нападот кон Зидан со изјавата која предизвика бура во
јавноста. „Немам што да кажам, нека оди каде што сака без разлика
дали е клуб или репрезентација. Мене тоа не ме интересира. Се
обидел ли да ми се јави? Не, но и да ме побара јас не би му се јавил“,
гласеше изјавата на Ле Гре.
По неговата изјава се огласи и Килијан Мбапе кој застана во одбрана
на Зидан.
„Зидан е Франција, ние не треба да покажуваме такво непочитување
кон нашите легенди“, објави Мбапе. Очигледно дека Ле Гре сфати
дека погреши, па брзо се извини.
„Ова беше недоразбирање. Би сакал лично да се изјава за овие
коментари, тие воопшто не го рефлектираат она што јас го мислам за
него како фудбалер и како тренер“.


Ѓоковиќ ќе спаринува со Кирјос пред Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ќе одигра меч со Ник Кирјос пред почетокот на
Австралијан опен, а тоа беше потврдено и од самиот организатор.
Во петок, 13 јануари, тие двајца ќе настапат на „Род Лејвер арената“, а
картата е за влез е 20 австралиски долари, додека цел приход ќе биде
дониран во хуманитарни цели. Ѓоковиќ и Кирјос ќе го одиграат
првиот меѓусебен дуел по големото финале на Вимблдон, кога
Србинот освои уште една гренслем-титула.
Србинот ја брка 10-та титула на Австралијан опен, а притоа го закажа
и првиот тренинг во Мелбурн против Данил Медведев кој го совлада
пред неколку дена во Аделаида.


Герет Бејл му кажа збогум на фудбалот

Велшкиот фудбалер Герет Бејл, одлучи да престане со професионалната фудбалска кариера. Бејл во објава на социјалните мрежи информира дека после внимателно размислување, решил веднаш да се повлече од клупскиот и репрезентативен фудбал. 

33- годишниот Бејл ја имаше честа дури 111 пати да го носи дресот на репрезентацијата на Велс, и е еден од најдобрите играчи во историјата на таа земја. Тој во изминатите 17 фудбалски сезони беше фудбалер на Саутемптон, Тотенхем, Реал Мадрид, и Лос Анџелес ФК.

Најголем успех во клупската кариера го забележа во дресот на Реал Мадрид, со кого освои пет титули во Лигата на шампионите.


Ал Келаифи ќе инвестира акции во Тотенхем

Медиумите во Англија пренесуваат дека првиот човек на „Катар 

Спортс Инвестментс“, Насер Ал Келаифи планира да вложи инвестиции во англиски премиерлигаш.

„CBS Sports“ објави дека Келаифи веќе имал плодни разговори со првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви со цел тој да влезе во клубот од Северен Лондон.

Првичниот план бил Келаифи преку својот инвестициски холдинг да влезе како малцински сопственик, а мнозински сопственик да остане Леви.

Тотенхем речиси една деценија е во врвот на англискиот фудбал, се почесто игра и во Лигата на шампионите, но никако не успева да стигне до трофеј иако во минатото ангажираше ем познати фудбалери, ем врвни тренери како што се Жозе Мурињо и Антонио Конте.


Челзи го сака и помладиот син на Лилијан Турам

Лондонски Челзи покажува интерес не само за напаѓачот на Борусија Менхенгладбах, Маркус Турам, туку и за неговиот брат Кефрен. Тоа го пренесуваат англиските медиуми.

21-годишниот Кефрен Турам настапува за Ница на позицијата дефанзивен играч за врска. Тој забележа 113 настапи за клубот откако се приклучи на Ница со слободен трансфер од Монако во 2019 година.

„Сините“ го гледаат играчот како замена за Енцо Фернандез, чиј трансфер е блиску до неуспех. Интерес за Кефрен покажува и Њукасл. Во тековната сезона на францускиот шампионат, Кефрен Турам учествуваше на 17 натпревари, постигнувајќи две асистенции. Трансфермаркт го цени Кефрен на 25 милиони евра.


Манчестер Јунајтед заинтересиран за ветеранот Џеко

Според пишувањата на Калчо Меркато, фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го привлече напаѓачот на Интер, Един Џеко.

Раководството на „црвените ѓаволи“ и тренерот Тен Хаг се во потрага на голгетер кој ќе го замени Кристијано Роналдо кој го напушти клубот и остави празнина на таа позиција во тимот.

36-годишниот босански ветеран има договор со Интер до летото 2023 година, и можно е да пристигне во Јунајтед за поволна цена. Претходно е објавено дека екипата од Олд Трафорд е зинтересирана и за напаѓачите Вут Вергхорст и Венсан Абубукар.

Одлуката за тоа кој од овие напаѓачи ќе потпише договор со Манчестер Јунајтед се очекува во наредните денови.