feature

Зомер останува во Менхенгладбах, Баерн се врти кон Нубел

MUNICH, GERMANY – MARCH 17: Alexander Nübel of FC Bayern München looks on during the UEFA Champions League Round of 16 match between Bayern München and SS Lazio at Allianz Arena on March 17, 2021 in Munich, Germany. (Photo by Alexander Hassenstein/Getty Images)

Баерн Минхен веќе некое време се обидува да пронајде замена,
алтернатива за Мануел Нојер кој поради потешка повреда подолго
време ќе го нема на терените.
„Баварците“ се надеваат дека ќе успеат да се разберат со Борусија
Менхенгладбах за услугите на искусниот Јан Зомер на кого договорот
му завршува во месец јуни, но од „Борусија Парк“ стигна јасна
порака која ја упати директорот Роланд Виркус.
„Нема да го пуштиме Зомер во јануари, за ова веќе го информиравме
Баерн“, порача Воркус.
Сега германскиот првак одново ќе се сврте кон Александер Нубел кој
е нивни голман, ама е на позајмица во Монако.


Батланд од Кристал Палас ќе го менува Де Геа на „Олд Трафорд“

Џек Батланд во вториот дел од сезоната ќе игра за Манчестер
Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ се договориле со Кристал Палас за
трансферот на 29-годишниот англиски голман.
Станува збор за позајмица без можност за купување. Батланд денеска
би можел да ги има медицинските прегледи во Јунајтед.
Оваа сезона голманот на Палас нема одиграно ниту еден натпревар во
Премиер лигата.


Дејли Блинд изненадувачки потпишува за Баерн

32-годишниот холандски репрезентативец Дејли Блинд е блиску до
изненадувачка преселба во Баерн Минхен.
Холандскиот весник „Телеграф“ денеска пишува дека Блинд е веќе
договорен со Баерн, само останува да се финализираат некои детали
од соработката и тоа треба да се случи денеска или најдоцна
викендов.
По Мундијалот, германскиот шампион бара алтернатива на
позицијата лев бек, затоа што Лукас Ернандез беше сериозно
повреден и се очекува да биде надвор од теренот долго време. Блинд

кој изненадувачки доби раскин на договорот со Ајакс кон крајот на
минатата година, како слободен играч се сели на „Алијанц Арена“.


Германците предлагаат ракометни правила во фудбалот

Се повеќе луѓе предлагаат некои модификации и промени за да се
револуционизира фудбалската игра. Некои се целосно апсурдни,
додека некои имаат смисла. Германскиот бундеслигашки судија
Патрик Итрих ги сподели своите размислувања како да се подобри
фудбалската игра со неколку модификации кои можат да им ја олеснат
работата и на судиите.
Според Итрих, првата промена треба да се однесува на тактички
фаули на средината на теренот. Според судијата, во овие ситуации
слободниот удар треба да биде на 17 метри од голот, што би значело
многу помалку вакви прекршоци во фазата на градење на нападите.
Според него, во случај на три паѓања на теренот, играчот би требало
да го напушти теренот три минути за да добие лекарска помош, за да
не се дозволи „крадење“ време. Навредите кон судијата би биле
најстрого казнети. Во тој случај играчот кој навредува би бил
исклучен од игра на десет минути за да се смират страстите.
За да се запрат инцидентите на теренот за време на натпреварот,
доколку целиот тим истрча кон судијата, судијата ќе има право да
исфрли тројца играчи и да им додели црвени картони.


Фирмино последно ново име кое се поврзува со Барса

Барселона е силно заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмино, пренесуваат каталонските медиуми.

Чави бил голем фан на играта на Бразилецот и го гледа како идеално засилување за нападот. Фирмино иако ова лето остана во клубот, сепак падна во втор план, па сериозно размислува да ја промени средината.

Тој влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, па Барселона сака да ја искористи таквата ситуација.


Колку е важен CashBack?

Колку пати сте промашиле само еден пар на тикет?

Одговорот е краток, многу пати, а е важен колку 25 милиони!

Евротип Спортски Обложувалници изминатата година исплати 25,241,728 денари само на тикети кои оствариле поврат на својата уплата каде корисниците промашиле само еден пар!

Имено, за тикет со промашен еден натпревар, а погоден коефициент поголем од 25, Евротип ја враќа уплатата. Во зависност од тоа колку имате погоден коефициент, толку ќе добиете и повраток на средства. Значи доколку промашите еден натпревар, не го фрлајте тикетот, туку побарајте повраток на средствата на шалтерот во Евротип.
Единствен услов е 4 натпревари одиграни на еден тикет.

Добитни сте и кога не сте!
#СекогашПовеќе!


Мароканецот Унаки преговара за премин во Наполи

Репрезентацијата на Мароко беше вистински хит на Светското првенство, а еден од оние кои најмногу се истакнаа е Азедин Унахи.

Унахи кој во овој момент го носи дресот на Анже каде што пристигна во 2021 година, но е на мета на многу европски гиганти.

Се говореше дека Лестер спрема богата понуда, но последните информации велат дека Мароканецот има други планови и преферира трансфер во Серија А.

Имено, Наполи се посочува како прв фаворит за неговиот потпис и лидерот во Серија А спрема понуда од 20 милиони евра.


Зидан ќе го преземе Јуве ако Дешамп остане француски селектор

Зинедин Зидан е спремен да го прекине одморот и повторно да седне на клупата.

Веќе подолго време се шпекулира дека го чека заминувањето на Дидие Дешамп за да стане селектор на француската репрезентација, па поради тоа ги одби понудите на ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Доколку Дешамп остане на селекторското место како што се најавите, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман, а негова прва желба е Јувентус.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Алегри сигурно ќе остане на клупата до крајот на сезоната, а на лето се очекуваат големи промени во клубот и голема е веројатноста Зидан да ја преземе „старата дама“.


Руските и белоруските тенисери ќе можат да учествуваат на Австралија опен

Тениската федерација на Австралија, потврди дека тенисерите од Русија и Белорусија ќе учествуваат на овогодинешниот гренд слем турнир Австралија опен.

Во соопштението на федерацијата се наведува дека останува на сила одлуката со која им се дозволува настап на тенисерите од овие две земји, и покрај барањата од меѓународните спортски федерации за забрана на нивните настапи.

Меѓународниот олимписки комитет во февруари минатата година им предложи на спортските федерации да не дозволат учество на претставници од Русија и Белорусија на меѓународните натпреварувања поради војната во Украина.

Австралија опен ќе се одржува од 16. до 29.јануари во Мелбурн.


Саутемптон го купи Хрватот Оршиќ

Хрватскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, во иднина ќе настапува во Премиер лигата, откако постигна договор за трансфер во Саутемптон.

Според информацијата на Скај Спортс, вредноста на трансферот ќе изнесува 8 милиони евра.

30-годишниот Оршиќ играше на шест натпревари за Хрватска на Мундијалот во Катар и успеа да постигне еден гол. Хрватскиот фудбалер својата кариера ја започна во Интер Запрешиќ, а во последниве четири сезони беше играч на Динамо Загреб, каде на вкупно 214 натпревари постигна 91 гол.