feature

Дејли Блинд потпишува договор со Баерн Минхен

Поранешниот фудбалер на Ајакс, кој неодамна ја прекина соработката со клубот од Амстердам, е пред потпис со шампионот на Германија, Баерн Минхен.

Според информациите на познатиот новинар Дејвид Орнштајн, 32-годишниот Холанѓанец веќе има закажани медицински прегледи со Баерн, и ќе потпише договор како слободен играч.

Блинд може да настапува на повеќе позиции во одбраната, а во кариерата има настапувано и за Манчестер Јунајтед.


Куртоа е голман на годината според ИФФХ

Тибо Куртоа е прогласен за голман на годината за 2022 година во изборот кој го направи Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС).

Куртоа освои 125 поени во рангирањето, оставајќи го зад себе на втората позиција чуварот на мрежата на аргентинската фудбалска репрезентација, Емилијано Мартинез, кој собра 110 поени.

Третото место му припадна на уште едно извонредно голманско име од СП во Катар, Мароканецот Јасин Боно, кој брани и за Севиља и кој собра 55 поени.

Меѓу најдобрите пет на листата на најдобри голмани за минатата година се и Доминик Ливаковиќ од Хрватска и Уго Лорис од Франција.


Ди Матео ќе работи во фудбалскиот сојуз на Јужна Кореја

Корејскиот фудбалски прволигаш Јеонбук Хјундаи Моторс денес го промовираше некогашниот менаџер на Челзи, Роберто Ди Матео, за нов технички советник во јужнокорејскиот клуб.

Последното место на работа за 52-годишниот Италијанец беше местото главен тренер на Астон Вила, на чие чело беше во 2016 година. Оттогаш тој се повлече од активната тренерска работа и чекаше нов предизвик, кој сега го доби во Ј. Кореја.

Ди Матео е познат и по работата со Шалке, Вест Бромвич и Челзи, кој чие негово водство ги освои Лигата на шампионите и ФА Купот во 2012 година.


Ривер ќе добие огромни пари од трансферот на Енцо Фернандез во Челзи

Ривер Плата ќе добие 51 милион од трансферот на Енцо Фернандез од Бенфика во Челзи, пренесуваат аргентинските медиуми.

Трансферот на Фернандез на „Стенфорд Бриџ“ е пред комплетирање откако Челзи се согласи да ја плати откупната клаузула од 127 милиони евра.

Ривер Плата ќе добие 33 милиони евра како матичен клуб од каде поникнал играчот. Исто така ќе добие и 18 милиони евра од Бенфика, според договорот при продажбата на Аргентинецот ова лето.

Фернандез ова лето пристигна во Бенфика и одигра само 15 меча за клубот од Лисабон, но блесна на Мундијалот каде беше избран за најдобар млад фудбалер.


Фирмињо најверојатно останува во Ливерпул

Напаѓачот на Ливерпул, Роберто Фирмињо, е подготвен да остане во клубот, и покрај сериозниот интерес за него кои го имаат клубови од Саудиска Арабија.

Договорот на Бразилецот со тимот од „Енфилд“ истекува на крајот од сезоната, и во моментот тој води преговори за продолжување на соработката.

31-годишниот Фирмињо е член на Ливерпул од 2015.година, кога за 29 милиони фунти пристигна од Хофенхајм.

Во последниов период интерес за ангажман на Фирмињо покажуваат и од Атлетико Мадрид, Јувентус и Сао Пауло.


Ансу Фати размислува да ја напушти Барселона

Во текот на актуелната сезона крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати има слаба минутажа. Запиша Фати само 16 натпревари, но скоро сите беа само од клупите за резерви и вкупно на теренот помина околу 500 минути. Агентот на Фати, Жорж Мендеш не е задоволен од третманот кој го има неговиот клиент во Барселона.

Шпанскиот новинар Алфредо Мартинез пишува дека португалскиот агент и ставил до знаење на Барселона дека ако Фати продолжи да не добива поголема минутажа ќе се обиде да го продаде во текот на летото  Уште еден шпански новинар, Маркал Љоренте додава дека Барселона е спремна да го пушти Фати уште во јануари. На Барса и се потребни пари да ги среди финансиските документи и Фати изгледа како добра можност за солидна заработка.

Неговиот договор со Барселона е со важност до 2027 година и има клазула од милијарда евра. Според информациите на Шпанците Барса е спремна да го продаде за околу 70 милиони евра.

За Барселона Фати дебитираше уште во 2019 година како 16-годишник и беше најавуван како еден од најголемите таленти во поновото време на „Ла Масија“. Неговата клупска статистика е 26 голови на 83 натпревари.


Зошто CashOut во Евротип?

  • Затоа што кешаут опцијата за предвремена исплата е уникатна за Евротип Спортски Обложувалници и е важечка за сите тикети кои имаат активен статус!
  • Затоа што многу пати сте размислувале дали да го “браните” последниот натпревар пред добивка!
  • Затоа што сте погодиле голем број на натпревари на тикет, а не сакате остатокот од тикетот да го упропасти учинокот!
  • Над 17 милиони причини да Ве увериме! Затоа што во 2022-ра година исплативме 17,538,715 денари на играчи кои се решиле на предвремена исплата на тикет!

Cashout опцијата е достапна во секое уплатно место со приложување на тикетот кај операторите и за истата нема воопшто чекање, или, на веб страната www.evrotip.mk со најава на вашиот кориснички профил доколку поседувате Евротип Клуб Картичка каде можете да ја проверите понудената сума и да ја прифатите или одбиете за потоа да ја подигнете од уплатно место доколку ви одговара истата.

Уште една причина да ја подигнете вашата Евротип клуб картичка!
СекогашПовеќе!


Челзи го потврди трансферот на Бадијашил од Монако

Фудбалскиот клуб Челзи и официјално го потврди трансферот на Беноа Бадијашил кој во тимот од „Стенфорд Бриџ“ пристигна од Монако.

Сумата која Челзи ја плати за 21-годишниот француски дефанзивец изнесува 38 милиони фунти. Бадијашил според договореното треба да остане во екипата од Лондон до летото 2030. година.

Францускиот фудбалер беше член на Монако од 2016.година, и за првиот тим одигра 135 натпревари, а постигна шест гола. Бадијашил своето деби за француската репрезентација го имаше минатата година.


Ману Коне од Борусија Менхенгладбах најнова желба на Клоп

Ливерпул е во потрага по засилување за средниот ред, а бидејќи Белингам е скоро „невозможна мисија“, „црвените“ ќе се насочат кон други цели.

Најнова мета на Ливерпул е играчот за врска на Борусија Мехенгладбах и млад француски репрезентативец, Ману Коне. Младиот Французин игра фантастично оваа сезона во Бундеслигата и веќе го доби епитетот „новиот Канте“.

Коне има одлични дефанзивни карактеристики, притоа има и добра техника, па е идеален профил каков што бара Клоп.

Ливерпул е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис, но конкуренцијата е огромна, бидејќи силен интерес за Коне покажуваат уште ПСЖ и Баерн Минхен.


Вејн Руни се враќа во Премиер лигата?

Медиумите од Островот пренесуваат дека поранешниот англиски репрезентативец, Вејн Руни, е пред враќање во Премиер лигата, во улога на тренер. Руни се споменува како главен фаворит за наследник на Франк Лампард на клупата на Евертон.

Тренерската позиција на Лампард е доведена под сериозен прашалник после поразот на Евертон на домашен терен од Брајтон со 1:4.

Популарните „карамели“ се наоѓаат во зоната на испаѓање од Премиер лигата, заземајќи го 18-то место.

Освен Руни, како заменик на Лампард доколку тој заработи отказ, се споменуваат и поранешниот селектор на Белгија Роберто Мартинез и Шон Дајч.