feature

ПСЖ се вклучи во трката за Виктор Осимен

ПСЖ е силно заинтересиран за напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.

Осимен е голема желба на тренерот Кристоф Галтие, кој со Нигериецот во тимот ја освои француската лига со Лил. Наполи поставија цена од високи сто милиони евра за нигерискиот напаѓач, но ова нема да претставува проблем за богатиот француски клуб.

Осимен се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа и за него интерес покажуваат многу европски гиганти, но ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.


Ливерпул не се откажува од идејата Амрабат

Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул не се откажува од ѕвездата на Мароко, Софијан Амрабат. Имено, Клоп сака да го засили средниот ред во јануари, па останал импресиониран од настапите на Амрабат на Мундијалот.

26-годишниот фудбалер на Фиорентина одигра одлично на Мундијалот, а Клоп има потреба токму од таков профил на фудбалер.

„Црвените“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале преговори, а се спремни да понудат 35 милиони евра на Фиорентина за неговиот потпис.

Италијанскиот клуб му постави повисока цена на Мароканецот, но Ливерпул не се откажува и ќе се обиде да го договори трансферот.


Роналдо промовиран во својот нов клуб пред 25 илјади навивачи

Еден од најдобрите светски фудбалери, Кристијано Роналдо, беше промовиран како нов играч на Ал Наср од Саудиска Арабија, пред 25 илјади навивачи кои беа присутни на клубскиот стадион.

Роналдо на официјалната прес конференција за медиумите се појави во друштво на тренерот Руди Гарсија.

„Многу сум горд што сум овде, и што донесов голема животна одлука. Мојата работа во Европа е завршена, освоив се што можеше да се освои, играв за најголемите клубови. За мене ова е нов предизвик, му благодарам на челниците од Ал Наср што ми дадоа можност да го промовирам фудбалот пред младите генерации на оваа земја. Имав многу понуди од клубови од Европа, Бразил, САД, Португалија, Австралија, но јас му дадов збор на Ал Наср и решив да заиграм за овај клуб“, изјави Роналдо.


Лукаку: Сакам да останам во Интер

Белгискиот фудбалер, Ромелу Лукаку, вели дека не сака да се врати во Челзи после завршувањето на неговата позајмица во Интер од Милано.

„Јас се надевам дека ќе останам во Интер, но треба да пронајдеме решение со Челзи. Сакам да останам во Интер долг период. Од оваа година и мојот син заигра за младите категории на Интер и ќе биде одлично ако останеме тука. Ќе разговарам со Челзи за да пронајдеме решение на крајот од сезоната“, изјавува Лукаку.

29-годишниот Белгиец, има договор со Челзи, кој го во јуни минатата година го испрати на позајмица во Интер. Лукаку беше незадоволен од неговиот статус во Челзи додека тренер на тимот беше Томас Тухел.


Баерн Минхен преговара со голманот Трап

Германскиот весник „Билд“ пренесува дека челниците на фудбалскиот клуб Баерн Минхен се заинтересирани за голманот на Ајнтрахт, Кевин Трап.

Раководството на баварците е во интензивна потрага по искусен голман кој ќе го замени повредениот Мануел Ноер, кој заработи сериозна повреда на скијање и неговата сезона е завршена.

Според Билд, претставници на Баерн веќе оствариле контакт со голманот Трап, а официјалните преговори би требало да започнат следниве денови. 32-годишниот голман својата кариера ја започна во Кајзерслаутерн, од каде во 2012. година замина во Ајнтрахт. Подоцна тој бранеше за ПСЖ, но во 2018.година повторно се врати во редовите на Ајнтрахт Франкфурт.


Два италијански клубови загреани за Американецот Пулишиќ

Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристијан Пулишиќ би можел да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината. Неговиот договор со Челзи е до јуни 2024 година, а англискиот клуб за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои сакаат да го доведат во јануари.

Двата клуба ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп на крајот на сезоната.


Мурињо: Феноменот Роналдо е најдобриот на сите времиња

Тренерот на Рома, и еден од најпопуларните фудбалски стручњаци на светот, Жозе Мурињо, не мисли дека најдобар фудбалер во историјата е неговиот сонародник Кристијано Роналдо, ниту Лионел Меси, а не се ни Пеле или Марадона.

За Мурињо, најдобар е Бразилецот Роналдо Назарио, со кој Специјалниот имаше чест да работи во 1996/97, кога беше помошник тренер во Барселона. Во таа сезона, Роналдо во шпанската лига на 37 меча даде 34 гола.

„Најдобар е Роналдо Феноменот. Кристијано Роналдо и Лео Меси имаат многу подолги кариери и на врвот се во последните 15 години, но ако говориме за чист талент и умешност, никој не може да го надмине Роналдо Назарио. Кога Роналдо беше во Барселона, веднаш проценив дека тој е најдобриот што некогаш сум го видел. Повредите му ја уништија кариерата, која можеше да му биде доста повпечатлива, но талентот кој го видов кај тоа 19-годишно момче додека беше во Барса, беше неверојатен“, заврши Мурињо.


Манчестер Јунајтед подготвува понуда за Коло Муани од Ајнтрахт

Раководството на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед е подготвено да испрати понуда од 60 милиони евра за напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Рандал Коло Муани. 

Францускиот напаѓач кој имаше забележителни партии на неодамна завршениот Мундијал во Катар, изјавува дека сака да заигра во друг поголем европски клуб.

Екипата од Олд Трафорд, бара нов голгетер кој ќе го пополни местото на Кристијано Роналдо кој претходно реши да си замине од клубот. Освен за Коло Муани, Манчестер Јунајтед е заинтересиран за доведување на Жоао Феликс и на Французинот Маркус Турам.

Рандал Коло Муани е член на Ајнтрахт Франкфурт од минатото лето каде пристигна од француски Нант.


Пау Торес ќе го наследи Рамос во ПСЖ

ПСЖ покажува сериозен инетерес за шпанскиот репрезентативец и дефанзивец на Виљареал, Пау Торес.

Галтие сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а Торес е прв на листата желба бидејќи клубот во него гледа идеален наследник на Серхио Рамос. 25-годишниот Шпанец се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Примера и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Ова лето беше на мета на Манчестер Јунајтед, но сепак остана во Виљареал, а ПСЖ веќе спрема понуда.

ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и во јануари ќе понуди 50 милиони евра за неговиот потпис.


Анчелоти: Не можам да замислам дека Крос ќе престане да игра на 32 години

MADRID, SPAIN – OCTOBER 22: Toni Kroos of Real Madrid looks on during the LaLiga Santander match between Real Madrid CF and Sevilla FC at Estadio Santiago Bernabeu on October 22, 2022 in Madrid, Spain. (Photo by Denis Doyle/Getty Images)

Тони Крос влезе во завршните месеци од договорот со Реал Мадрид, клуб на кој верно му служи скоро една деценија или поточно од 2014 година.

Играчот за врска освои се што можеше со „кралевите“, испиша историја со овој тим, но самиот тој пред неколку месеци најави дека може да замине и во фудбалска пензија кога ќе му заврши договорот.

Крос има само 32 години ( ќе го прослави 33 на 4 јнуари) што секако би било големо изненадување ако се реши за таков потег, па околу оваа тема краток коментар имаше тренерот Карло Анчелоти.

„Мислам дека Крос е јасен околу тоа и ќе му биде јасно наредниот месец. Како навивач, невозможно е да се замисли дека ќе престане да игра. Тој изјави дека сака да ја заврши кариерата во Мадрид и се надевам дека ќе може да продолжи“, рече Карло пред дуелот со Касерено во Куои.