Италијанскиот фудбалски репрезентативец, Жоржињо, кој ја одработува последната сезона во редовите на Челзи ќе добие понуда да се пресели во Њукасл.
31-годишниот играч нема да добие продолжување на соработката со лондончани и уште во јануари ќе може да направи слободен трансфер.
„Сините“ на неговото место планираат да го ангажираат играчот од средниот ред на Бенфика, Енцо Фернандез.
Барселона со понуда за нов договор за Алонсо
Шпанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Барселона, Маркос Алонсо, ќе го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2024.година, бидејќи раководството на Барса е задоволно од неговите игри.
32-годишниот Алонсо пристигна во Барселона за време на летниот преоден рок од тимот на Челзи, а има договор со клубот до јуни 2023.година.
Алонсо оваа сезона одигра 12 натпревари за Барселона и постигна еден гол.
Хуманоста не се кажува, туку се покажува
КС групацијата која активно одржува хуманитарни акции сега во пресрет на Новогодишните празници и Божиќните празници двете фирми Евротип и Голд Слот им донираа новогодишни пакетчиња на децата од дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост во Гостивар.
Со овај хуман гест за возврат добивме топли насмевки од среќните и радосни лица на дечињата кои добија новогодишен подарок.
Празничниот период е време кога сите ние треба да си помогнеме меѓусебе. Евротип и Голд Слот и понатаму ќе ја продолжат својата мисија и општествена одговорност да помагаат онаму каде што е најпотребно.
Наинголан по третпат ќе го облече дресот на Калјари
Клаудио Раниери кој го презеде кормилото на Калјари, може да го врати белгискиот фудбалер Раџа Наинголан, пишува италијанскиот весник – „Кориере дело спорт“.
Според најавите, искусниот стратег сака во јануари да го врати 34-годишниот ветеран. Тој е слободен играч откако во октомври се раздели со Антверпен.
Наинголан играше за Калјари од 2010 до 2014 година и од 2019 до 2021 година.
Жиру и Милан постигнаа согласност за нов едногодишен договор
Оливие Жиру е блиску до продолжување на договорот со италијанскиот шампион Милан, пренесуваат медиумите на „Чизма“.
Искусниот, 36-годишен напаѓач дојде на „Сан Сиро“ во летото 2021 година во трансфер вреден 2.850.000 од Челзи и беше еден од најважните играчи во шампионската генерација на Милан минатата сезона. Французинот досега одигра 57 натпревари во дресот на „росонерите“ и постигна 23 гола. Има договор меѓу челниците на Милан и Жиру за продолжување на соработката, а се треба да се официјализира наскоро кога агентот на напаѓачот ќе ги започне преговорите со клубот.
Јасно е дека поради возраста договорот ќе биде продолжен на уште една година.
Новогодишниот хуманитарен базар во Голд Фелициa
По повод новогодишните празници под организација на КС Групацијата изминатата Недела се одржа Новогодишениот хуманитарен базар во просториите на Голд Фелициа. Програмата на Новогодишниот базар беше направена од различни активности во кои дечињата навистина уживаа. Новогодишната работилница беше под раководство на Весела Богдановиќ – соработник од ОУ “Кочо Рацин” од Општина Могила.
Децата му пишуваа честитки на Дедо Мраз, правеа шеќерна шума, ги бараа разликите, плетеа кукле, шалче и белегзија, сложуваа сложувалка и уште многу други игри. За радоста да биде уште поголема ги посети Дедо Мраз со неговите помошници и ги израдува со пакетчиња.
Додека децата се забавуваа, возрасните уживаа во греено вино и ракија, топол чај, вкусно печени костени. Под мотото “Дегустирај и донирај” се собираа средства во поставените кутии.
Оваа слика за да биде комплетна, како опшествено одговорни компании ја поддржаа Голд Фелициа, Евротип, Голд Слот, КС Сервис, Витаминка, Далвина, Колид, Краш, Агро Леска, Сандеј, Даути, Прилепска Пивара, Фреш ап, Пеар Натурал, Здраужение “Галоп”. Но, највредни беа вработените на цела КС Групација кои вредно ја поставија целата слика да изгледа како бајка .
Средствата кои беа собрани од овој базар, како и продуктите кои беа донирани од нашите вработени, ќе бидат подарени на семејствата на кои им се најпотребни. КС Групацијата и во иднина ќе продолже со организација на хуманитарни настани.
Фенербахче ја раскинува соработката со Алиоски
Турскиот фудбалски гигант Фенербахче донел одлука предвреме да ја прекина соработката со македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски.
Според информациите од турските медиуми, најверојатно Алиоски ќе се врати во саудискиот клуб Ал Ахли од каде фубалерот пристигна на позајмица во Фенербахче.
Претходно беше планирано клубот од Истанбул на крајот од сезоната целосно да го откупи договорот на Алиоски, меѓутоа во меѓувреме се случи пресврт во намерите, и челниците на популарниот Фенер, се решија да ја прекинат соработката со македонскиот интернационалец.
Верати доби договор до 2026 година во ПСЖ
Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати го продолжи договорот со францускиот клуб до 2026 година. Ова го соопшти прес-службата на тимот.
Верати дојде во ПСЖ од Пескара во 2012 година. За десет сезони во Париз учествуваше на 398 натпревари, постигна 11 голови и даде 48 асистенции. Претходниот договор на 30-годишниот Марко Верати со ПСЖ беше со важност до јуни 2024 година. На 15 натпревари од францускиот шампионат, тимот освои 41 бод и води на табелата.
Претходно беше објавено дека спортскиот директор на парижаните, Луис Кампос, е во преговори за продолжување на договорот со уште неколку играчи – Серхио Рамос, Лионел Меси, Маркињос и Преснел Кимпембе.
Бускетс се предомисли, ќе игра за Барса и догодина
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, наводно, се стреми кон потпишување нов договор со клубот -и покрај стравувањата дека ќе замине како слободен играч на крајот на сезоната и ќе се пресели во САД во тамошната МЛС лига.
Шпанецот во моментов е играч со најдолг стаж во тимот и капитен на клубот, но неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој веќе го објави своето повлекување од репрезентацијата на Шпанија по Светското првенство, а некои луѓе во клубот сметаа дека тој најверојатно ќе си оди и од Барселона.
Но, сега ситуацијата „радикално се промени“ по разговорите со неговиот менаџер Чави. Според „Мундо Депортиво“ по Нова година Бускетс ќе седне со раководството и ќе ги разгледа опциите за уште едногодишно останување во Каталонија.
Симеоне: Атлетико има одличен тим, проблемот е во мене
Тренерот на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на конференцијата за новинарите пред продолжението на сезоната, изјави дека одговорноста за подигнување на нивото на екипата е негова.
„Имаме одличен тим кој го сочинуваат четворица финалисти на Светското првенство. Многумина од овие играчи се освојувачи на шампионатот со Атлетико Мадрид. Во мене е проблемот за моменталната состојба на тимот“, порачува Симеоне.
Атлетико во вториот дел од сезоната во шпанската Ла Лига влегува како петтопласиран тим на табелата со освоени 24 бода.