feature

Чешки фудбалер заради бизарна повреда ќе го прескокне Европското првенство

Еден од најискусните фудбалери од репрезентацијата на Чешка, Михал Садилек ќе го пропушти Европското првенство во Германија.

Сандилек се повредил возејќи велосипед од кој паднал и си ја скршил ногата.

„За жал Садилек падна додека возеше со својот велосипед и се здоби со расекотина на ногата. За нас ова е сериозен удар бидејќи станува збор за еден од нашите најискусни играчи. Против Малта затоа и беше наш капитен“, изјави селекторот на Чешка Иван Хашек.

Во тој натпревар против Малта, Садилек ги одигра комплетните 90 минути, а неговата репрезентација славеше победа од 7:1. Изминатата сезона прикажуваше солидни настапи во холандски Твенте.

Ќе потсетиме, Чешка утре 18:00 часот ќе игра против Македонија и тоа за нив ќе биде последна контролка пред Европското првенство кое стартува на 14-ти јуни.


Синот на Карло Анчелоти почнува самостојна кариера

Давиде Анчелоти е асистент на неговиот татко осум години, со него беше во Баерн, Наполи, Евертон и Реал Мадрид, но сега има желба да продолжи да работи на друго место како главен тренер.

Според последните информации од Шпанија тој смета дека е вистинско време да направи нов чекор во кариерата.

Во текот на летото помладиот Анчелоти ќе ги одбие понудите и ќе остане во Мадрид, меѓутоа има најавил дека од наредната веќе може да му доставуваат понуди каде што би работел како тренер.

Засега се наведува дека најголем интерес за неговите услуги има од Италија, меѓутоа се споменуваше и Севиља. Како и да има време во текот на сезоната која следи да размисли и да ја избере понудата која најмногу му одговара.


Брајтон именува анонимен Германец за наследник на Де Зерби

Роберто де Зерби на крајот од сезоната го напушти Брајтон и со тоа стави крај на одличниот период во клубот од јужна Англија.

Италијанскиот струaтег е минато, а сегашноста и иднината на Брајтон е 31-годишен тренер кој пристигнува од Германија и за кого никој не ни помислуваше дека ќе добие прилика во Премиер лигата во овој момент.

Станува збор за Фабијан Хирцелер. Германските и британските медиуми пренесуваат дека двете страни веќе имаат вербален договор и преостанува само уште да се договорот клубовите што не би требало да претставува проблем.

Хирцелер привлече внимание откако сезонава успеа Сент Паули да го внесе во Бундеслигата.


Солскјер фавотит за тренерското место во Лестер Сити

Легендата на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е на прагот на враќање во Премиер лигата. Тој е главниот фаворит за водење на Лестер Сити, кој минатата сезона освои промоција во Премиер лигата.

„Лисиците“ бараат замена за нивниот досегашен менаџер Енцо Мареска, кој пред неколку дена го презеде Челзи. Во последниот месец се шпекулираше дека Солскјер ќе биде селектор на канадската репрезентација и тренер на Бешикташ. Канада  се определи за Џеси Марч, а турските гигант го назначи Џовани ван Бронкхорст.

51-годишниот Норвежанец не е на чело на некоја екипа од 21 ноември 2021 година, кога се повлече од менаџерската функција во Манчестер Јунајтед.

Во текот на својата тренерска кариера, поранешниот напаѓач ги водеше и норвешкиот Молде и велшкиот Кардиф.


Дешамп го објави дефинитниот список за Европското првенство

Селекторот на Франција, Дидие Дешамп се одлучи кои играчи ќе ги има на располагање за натпреварите кои ќе ги играат на Европското првенство во Германија во 2024 година.

Составот на Франција:

Голмани: Алфонс Ареола (Вест Хем), Мик Мењан (Милан), Брис Самба (Ленс)

Одбрана: Жил Кунде (Барселона), Џонатан Клос (Марсеј), Бенжамин Павард (Интер), Ибрахим Конате (Ливерпул), Вилијам Салиба (Арсенал), Дајот Упамекано (Баерн), Тео Ернандез (Милан), Ферланд Менди (Реал Мадрид)

Играчи од средниот ред: Јусеф Фофана (Монако), Адриен Рабиот (Јувентус), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Аурелиен Чуамени (Реал Мадрид), Антоан Гризман (Атлетико), Н’Голо Канте (Ал-Итихад), Едуардо Камавинга (Реал) Мадрид)

Напаѓачи: Бредли Баркола (ПСЖ), Осман Дембеле (ПСЖ), Кингсли Коман (Баерн), Оливие Жиру (Лос Анџелес), Рандал Коло Муани (ПСЖ), Килијан Мбапе (Реал Мадрид), Маркус Турам (Интер)

Франција е во групата Д заедно со селекциите на Полска, Австрија и Холандија. Првиот натпревар избраниците на Дешамп го имаат на 17 јуни против Австрија во Дизелдорф.


Канаваро не доби нов договор, заминува од Удинезе

Фабио Канаваро нема да го води Удинезе следната сезона. Тренерот го задржа местото на тимот во Серија А, но и покрај тоа не доби понуда за нов договор. Веста ја објави самиот Канаваро на социјалните мрежи.

„Претседателот Поцо денеска ме информираше за неговата одлука да се разделиме. Му благодарам за можноста што ми ја даде. Жал ми е што не можам да го продолжам ова патување. Сакам да појаснам дека имаше желба од моја страна да го продолжам договорот. Среќно за клубот, играчите и прекрасните навивачи на Удинезе“, напиша Канаваро.

Италијанскиот стручњак го презеде тимот во април кога беа на 17. место, веднаш над зоната за испаѓање. Под водство на Канаваро, тимот од Удине ја заврши сезоната на 15-то место.


Џејмс го продолжи договорот со Монако

Мајк Џејмс, планира да го продолжи договорот со Монако на уште три години, пренесуваат француските медиуми.

МВП-играчот на Евролигата договори сѐ со клубот и е подготвен да потпише тригодишен договор вреден 9 милиони евра.

Главна тема при преговорите била кој ќе го плати дополнителниот американски данок, наспроти даночните поволности во Кнежевството. Сепак, брзо е најден заеднички јазик и ќе следува потписот на Мајк Џејмс до сезоната 2026/27.


Челзи бесплатно доведе прво засилување за новиот менаџер

Управата и новиот стручен штаб на Челзи веќе ги започнаа подготовките за следната сезона и ја објавија својата прва активност на трансфер-пазарот.

„Сините“ од Лондон добија бесплатно засилување кое доаѓа од редовите на Фулам, а се работи за стоперот Тосин Адарабиојо, кој добива четиригодишен договор.

Ова е прво бесплатно засилување за Челзи откако претседател на клубот е Тод Боели, а навивачите веќе му посакаа добредојде на новиот играч.


Чаби Алонсо го доби првото засилување за новата сезона

Поранешниот играч на Рен, Јануел Белосјан e првото засилување на првакот на Германија, откако потпиша договор со Баер Леверкузен до 2029 година.

Францускиот 19-годишен дефанзивец е првото засилување за шампионот во Бундеслигата пред новата сезона.

Белосијан го имаше своето деби за првиот тим на Рен во март 2022 година и одигра 39 натпревари, вклучувајќи ги и натпреварите во Лига Европа.

Спортскиот директор на Баер Леверкузен, Симон Ролфес, рече дека младиот Французин има потенцијал да биде важен играч во тимот и го пофали неговиот атлетски став.

Чаби Алонсо најави дека костурот на тимот ќе остане и ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона.


Левандовски го следи Ројс во Лос Анџелес

Екипата на Лос Анџелес Галакси откако го купи фудбалерот, Марко Ројс, сега ќе се насочи кон играчот на Барселона, Роберт Левандовски.

Полскиот ветеран иако има договор со шпанците до летото во 2025 година, најверојатно ќе биде ставен на трансфер листата.

Тој во завршената сезона имаше 49 натпревари во сите конкуренции на кои постигна 26 голови.