feature

Јунајтед се вклучува во трката по Роналд Араухо

Првата трансфер цел ова лето на Манчестер Јунајтед е Роналд Араухо, фудбалерот на Барселона.

Се известува од Островот дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да плати дури 80 милиони евра отштета се со цел да го има во своите редови Уругваецот кој важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот.

Познато е дека Араухо веќе води преговори со Барса за продолжување на договорот, но ако Манчестер Јунајтед му понуди подобри лични услови секако дека ќе се пресели во Премиерлигата.


Кејн го мерка рекордот на Левандовски

Хари Кејн се насочи кон рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во Бундеслигата во една сезона, откако вчера постигна два гола во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн има 42 гола оваа сезона во сите натпреварувања, а исто така ја мина границата од 400 гола во профедионалниот настап за неговите клубови и за репрезентацијата на Англија.

30-годишниот фудбалер оваа сезона постигна 35 гола на 31 натпревар во Бундеслигата, шест помалку од рекордот на Левандовски, 41 во 2020-2021 година.

Запрашан за можноста за рушење на рекордот на преостанати три натпревари во од сезоната во дресот на Баерн, Кејн рече: „Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку гола следната недела. Тоа зависи од последните неколку натпревари. Се разбира, беше убаво да го дополнам мојот број на голови и да му помогнам на Баерн да победи“ рече Кејн.


Марк Дејно е тренер на годината во НБА лигата

Предводникот на Оклахома Сити, Марк Дејно е прогласен за тренер на годината во НБА, објави најсилната кошаркарска лига на светот.

Триесет и деветгодишниот Американец во гласањето доби 473 поени. На првото место Дејно го поставија 89 од 100 испитаници.

Втор е главниот тренер на Орландо меџик, Џамал ​​Мозели, со 158 поени. Тренерот на Минесота, Крис Финч, заврши на третото место со 105 поени. Оклахома регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место во Западната конференција со 57 победи и 25 порази.

Во првото коло од плејофот екипата на Оклахома води со 3-0 против Њу Орлеанс во серијата прв до четири победи.


Лукаку од следната сезона се сели во Саудиска Арабија

Иако игра одлично во дресот на Рома оваа сезона, римскиот клуб нема намера да плати висока отштета за Ромелу Лукаку и тој на крајот од сезоната ќе си бара нов предизвик во кариерата.

Долго време се шпекулира дека ќе продолжи во Јувентус, но италијанскиот новинар Фабио Сантини тврди дека тој, всушност, ќе ја напушти Европа.

„Веќе ги известив навивачите на Рома дека заминувањето на Лукаку е сигурно. Што се однесува до Јувентус, тешко дека ќе функционира тоа бидејќи Лукаку веќе прифати понуда од Саудиска Арабија“, тврди Сантини.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Македонија домаќин на група на Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Европската Златна лига 2024, којашто првпат ќе биде организирана со лигашки формат.

Сите 12 репрезентации кои ќе бидат дел од натпреварувањето ќе одиграат по шест натпревари со различни противници на вкупно три турнири, а секоја федерација ќе организира по еден турнир. Потоа ќе биде одредена конечната табела, од која четирите најдобри селекции ќе одат во полуфиналето.

Исто како годинава, Хрватска ќе го организира завршниот турнир, на 15 и на 16 јуни, така што „коцкестите“ се сигурни учесници на финалниот турнир, заедно со три други најдобри селекции.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17- 19 мај. Вториот турнир меѓу 24-26 мај ќе се одржи во Белгија, а потоа од 31 мај до 2 јуни ќе има трет турнир во Хрватска.


Анчелоти потврди дека Арда Ѓулер останува и следната сезона во Мадрид

Реал Мадрид славеше со 0-1 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓулер.

Арда минатото лето беше доведен во Реал како голем талент, но поради големата конкуренција не добива голема минутажа во „кралскиот“ клуб.

Поради тоа медиумите шпекулираат дека на лето ќе биде испратен на позајмица бидејќи неколку клубови се зантересирани за него.

„Арда ќе остане во Реал и следната сезона. Тој е важен играч за иднината на нашиот тим. Нема никакви дилеми дека ќе остане. Момчето има квалитет, талент и работи напорно за да успее“, изјави Анчелоти.


Гасе добива отказ на „Велодром“

Францускиот тим Oлимпик Марсеј официјално ќе се раздели со тренерот Жан Луј Гасе, кој сигурно заминува по истекот на актуелната сезона.

Информацијата ја пренесе угледниот „Л’Екип“, кој пишува дека управата не е задоволна од резултатите на тимот и решила да донесе ново тренерско име во текот на летниот преоден рок.

Гасе пристигна во Марсеј на местото на Џенаро Гатузо и успеа да забележи учинок од шест победи, двa реми исхода и пет порази, недоволно за да си осигура статус на долгорочно решение за клупата.


Лопетеги фаворит за тренерското место во Милано

Раководството на Милан напредува во разговорите со Хулен Лопетеги. 57-годишниот стручњак од летото е главен фаворит за нов тренер на „росонерите“.

Миланскиот гигант ќе се раздели со актуелниот тренер Стефано Пиоли и желба на газдите е Лопетеги да го замени.

За шпанскиот стручњак е заинтересиран и Вест Хем, но тој приоритет му дава на Милан, пишува новинарот Матео Морето. Тренерот имал позитивни разговори со одговорните фактори на „Сан Сиро“ околу проектот на италијанскиот клуб, а се очекува тие да продолжат и во наредните денови.

Лопетеги последен пат беше на чело на Вулверхемптон. Ги водеше претходно и Порто, Реал Мадрид, Севиља и шпанската репрезентација.


Реал се откажа од доведување на Дејвис

Реал Мадрид не е заинтересиран да го ангажира дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис во претстојниот летен преоден рок, објавија шпанските медиуми.

Според истите, Реал Мадрид ги променил приоритетите во засилувањето на одбранбената линија пред почетокот на следната сезона. И покрај тоа што постигнале вербален договор со левиот бек Алфонсо Дејвис, раководството на Реал Мадрид се префрли на купување на централниот дефанзивец на францускиот Лил, Лени Јоро. Воедно, можен е и трансфер на Алфонсо Дејвис по завршувањето на следната сезона, кога треба да му истече договорот со Баерн.

Да потсетиме, оваа сезона Дејвис учествуваше на 31 натпревар во сите натпреварувања, на кои постигна еден гол и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот трае до летото 2025 година. Според информациите објавени на порталот Трансфермаркт, вредноста на фудбалерот е 60 милиони евра.