feature

Хамилтон најави дека уште долго ќе вози во Формула 1 циркузот

Британскиот пилот, Луис Хамилтон најави учество во трките во Формула 1 уште неколку сезони откако ќе наполни 40 години.

Во пресрет на кинеското Гран при, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не е загрижен за коментарите за неговиот „доцен“ трансфер во Ферари во 2025 година.

„Мислам дека мојата одлука не треба да биде оправдана. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене и откако ја донесов одлуката, ситуацијата не се промени. Никогаш немало момент да се посомневам, а туѓите коментари не ме тераат да се двоумам. И денес има луѓе кои се уште зборуваат глупости и тоа ќе продолжи до крајот на годината. И само ќе треба да го направам она што го направив минатиот пат. Ме чекаат возбудливи времиња. Ќе се тркам добро откако ќе наполнам 40 години. Ферари не е нешто краткорочно. Јас не сум најстариот пилот. Ќе се тркам подолго време и прекрасно е што Алонсо е сè уште тука“, рече седумкратниот шампион во Формула 1.

Ф1 трката во Кина ќе се вози в недела (21 април).


Гасперини: Да се елиминира Ливерпул е еднакво на трофеј за Аталанта

Тренерот на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини по пласманот на неговиот тим во полуфиналето на Лига Европа, по победата од 3:0 против Ливерпул на „Енфилд“ пред една недела и тесниот пораз од 0-1 синоќа во реваншот, изјави дека елиминирале „одличен тренер и одличен тим“.

„Несомнено ни е важно да освоиме нешто, но победа е и да го видиме единството на овие момци. На полувремето ги прашав дали сакаат малку да се повлечат и да се бранат подлабоко, дали чувствуваат притисок, но тие рекоа апсолутно не! Ова е трофеј за мене, оваа победа е како трофеј за Аталанта, бидејќи тие размислуваат како мене. Кога клуб како нашиот ќе успее да постигне резултати далеку од историјата на Аталанта и Бергамо, морам да го сметам за исклучителен за мојата кариера, за Бергамо и за сите останати“, изјави Гасперини.

Во полуфиналето Италијанците ќе ги одмерат силите со тимот на Марсеј, кој по продолженијата и пенали ја совлада португалска Бенфика. Средбите се на 2 и 9 мај.


Англичаните го сменија правилото во ФА Купот

Пред завршните возбудувања на „Вембли“ кои следат во полуфиналињата и финалето, ФА Купот се одлучи за една важна промена со почеток од наредната сезона, а истото се однесува на правилото кое најмногу ги нервираше фудбалските менаџери.

Во случај на нерешен резултат во воведните нокаут фази, традицијата беше да се одигра „реприза“ меѓу двата тима на друг стадион, но од следната сезона веќе нема да има повторување и се ќе се решава во еден меч.

Ова правило ќе важи од првото коло во ФА Купот и до самата завршница на турнирот, од што најмногу сигурно ќе профитираа премиерлигашите кои и онака имаат најзгуснат распоред.

Оваа одлука на Премиер лигата и ФА се должи на се поголемите проширувања кои се случуваат во европскиот и светскиот фудбал, бидејќи од следната сезона помасовни ќе бидат и турнирите во Лигата на шампионите и светското клупско првенство.


Батлер се повреди, големи проблеми за Мајами Хит

Mинатогодишниот финалист во НБА лигата, Мајами, по поразот од Филаделфија во нивниот прв настап во „плеј-инот“ дознаа и дополнителна лоша вест бидејќи за доигрувањето против Чикаго во петок нема да го имаат на располагање својот најдобар кошаркар, Џими Батлер.

Батлер се повреди во последните секунди од натпреварот со Филаделфија кога донашниот играч Кели Оубре незгодно му налета на ногата.

Батлер остана на теренот до крајот на теренот, но според првите проценки го очекуваат неколку недели пауза. Детали за повредата ќе бидат познат по магнетната резонанца.

Ова значи дека Мајами ако успее да се пласираа во доигрувањето во првиот круг против Бостон кој беше лидер на Истокот ќе мора да игра без услугите на Батлер.


Јан Матсен не сака да се врати во Челзи

Еден од хероите на пласманот на Борусија Дортмунд во полуфиналето на Лигата на шампионите беше Јан Матсен.

Овој лев бек на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид докажа дека е еден од најдобрите фудбалери на овој тим оваа сезона. Сепак, Челзи од каде што е на позајмица во германскиот клуб не се одлучил да го врати во своите редови.

“Секогаш мислев и верував дека ќе играм за Челзи. Од некои причини не успеав. Сепак, сега сум тука, ова е одлична можност за мене. Мислам дека одиграв многу добро и докажав дека можам да играм на највисоко ниво”, изјави Матсен.

Медиумите тврдат дека со оваа изјава тој веќе го „отпиша“ Челзи и самиот сега не би сакал да се врати во Лондон. Холанѓанецот кој има 22 години покрај Челзи настапуваше уште за Чарлтон, Ковентри и Барнли.

Инаку, неговиот договор со Челзи е до 2026 година, но има откупна клаузула од 40 милиони евра која може да ја плати Борусија Дортмунд…


Себаљос заминува од Мадрид во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да си бара нов клуб.

27-годишниот плејмејкер минатото лето одби неколку понуди со цел да се докаже дека вреди во тимот на Карло Анчелоти, но сега е разочаран и самиот сака да ја промени средината. Интерес за Себаљос покажуваат неколку клубови од Серија А, пред се Наполи, но и Милан и Јувентус.

Реал е спремен да го пушти за 15 милиони евра сума која се спремни да ја платат споменатите клубови.


Чендлер потпиша нов договор со Ајнтрахт

Тимоти Чендлер го обнови договорот со германскиот Ајнтрахт до крајот на сезоната 2024/2025.

„Ајнтрахт е мојот дом, моето второ семејство. Едвај чекам следната сезона повторно да го носам орелот на градите“, изјави Чендлер.

Toj ги помина младинските категории пред да потпише за Нирнберг во 2010 година. По четири сезони, се врати во Ајнтрахт.


Мусиала од Баерн опција за нападот на Сити од следната сезона

Манчестер Сити ќе се обиде да го ангажира играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џамал Мусиала во летниот преоден рок, пишува „Гардијан“.

Според изворот, главниот тренер на Сити, Пеп Гвардиола сака да види повеќе офанзивни играчи од средниот ред во тимот.

Toj во сезонава има 36 мечеви со ефект од 12 гола и 7 асистенции.


Шевченко ги става украинските судии на полиграф

Во последно време во фудбалскиот свет се менуваат многу работи со цел грешките на судиите на теренот да се минимизираат.

Воведувањето на ВАР технологијата даде огромен придонес за регуларноста на овој спорт на највисоко ниво, но Фудбалскиот сојуз на Украина на чело со легендарниот Андриј Шевченко подготви револуционерен предлог. Имено, според италијанските медиуми, тој планира да воведе револуција и да ги испраќа судиите во украинската лига да се тестираат на полиграф.

Еднаш или двапати во текот на сезоната, судиите во Украина би биле пред детектор за лаги, а кој судија би го земал полиграфот би се избирал по случаен избор.

„Сакаме да знаеме кои судии се, а кои не се за оваа работа“, порача Шевченко во најавата.


Цената на Флориан Вирц е 150 милиони евра

Флоријан Вирц е најдобриот фудбалер во редовите на Баер Леверкузен кој зад себе има фантастична сезона во која ја освои Бундеслигата, но се уште е во игра и за трофеј во Купот каде што ги очекува финале, додека во Лигата на Европа се во четвртфиналето.

Сезонава Вирц постигна 17 голови и подели 18 асистенции и поради тоа очекувано е да има интерес од големите клубови. Извршниот директор на Леверкузен, Фернандо Каро потврди дека Вирц може да замине, но само ако некој клуб за него плати 150 милиони евра

„Ние сме клуб со помал буџет од Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, немаме дополнителни приходи и спонзори. Поради тоа мораме да заработуваме и со продавање квалитетни фудбалери. Вирц е наш лидер и ако некој сака да го купи ќе мора да плати 150 милиони евра“, изјави директорот на германскиот клуб.