feature

Мијатовиќ: Модриќ треба да добие нов договор во Реал

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ денеска изјави дека раководството на клубот треба да го продолжи договорот со хрватскиот фудбалер Лука Модриќ поради, како што наведе, неговото однесување и „спектакуларната игра“.

„Би го продолжил на уште една година, не само поради фудбалски причини, туку и поради неговото однесување. Тој е играч кој никогаш не правел проблеми и неговиот настап е спектакуларен, би се обидел да го натерам да се пензионира во Реал Мадрид“, изјави Мијатовиќ за шпанското радио „Кадена СЕР“.

Модриќ, 38-годишниот капитен на хрватската репрезентација, сезонава за Реал одигра 19 натпревари во стартниот тим, а во 19 влезе од резервната клупа.


ПСЖ и Луис Енрике рушат рекорди во Лига 1

Иако Пари Сен Жермен допрва треба да ја обезбеди титулата во Лига 1, францускиот гигант продолжува да испишува историја во својата домашна лига. Парижаните со победата против тимот на Лориент со 4:1, ја продолжија низата без пораз на гостински терен на 22 последователни натпревари, што до сега не го направила ниту една екипа од шампионат на Франција.

Пари Сен Жермен последен пат загуби на гостински терен на 11 февруари 2023 година во натпреварот од 23. коло на Лига 1 минатата сезона, кога загуби со 1-3 од Монако. Претходниот подвиг му припагаше на Лион, кој беше непоразен на гостувањата од март 2005 до април 2006 година.

Големата ѕвезда на тимот, Килијан Мбапе, исто така постигна гол и асистираше на натпреварот против Лориент, со што се искачи на 43 во сезоната и го подобри својот личен максимум во однос на постигнувањата во една сезона.

Парижаните во моментов имаат 11 бода предност пред второпласираниот Монако, а доколку победат на претстојниот меч против тимот од Ле Авр на 27 април ќе ја обезбедат и титулата.


Николов и Начевски ќе судат на Олимписките игри во Париз.

Maкедонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов долги години наназад се дел од најголемите ракометни натпреварувања, а таа пракса ќе продолжи и летово на Олимписките игри во Париз.

Денеска официјално беа објавени судиските двојки и на таа листа заслужено се и најдобрите македонски судии.

На последните Олимписки игри кои се играа во Токио Начевски и Николов го судеа финалето во кое играа Данска и Франција.


Арне Слот фаворит за тренерското место во Ливерпул

Арне Слот фаворит за тренерското место во Ливерпул

Ливерпул ја испратил првата понуда до тренерот на фудбалерите на Феенорд, Арне Слот но, истата била веднаш одбиена од челниците на холандскиот фудбалски состав, објавија поголем дел од медиумите во Англија.

„Црвените“ интензивно се обидуваат да пронајдат замена за Јирген Клоп, кој на крајот на сезоната ќе си замине од стадионот „Енфилд“. Според објавите, Ливерпул понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот на Арне Слот.

Тој во претходната сезона ја освои шампионската титлуа во земјата на „лалињата“. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.


Реал нема да го откупи договорот на Хоселу

Хозе Луис Хоселу кој игра како позајмен во Реал Мадрид од екипата на Еспањол, во текот на летото ќе ги напушти „кралевите“.

Тој има извонредна сезона, постигна 13 гола на 42 натпревари во сите конкуренции и тоа главно како фудбалер кој влегуваше од клупата. За потписот на Хоселу се заинтересирани неколку екипи од од Саудиска Арабија.

Се претпоставува дека Еспоњол нема да има ништо против Хоселу да направи трансфер во друг клуб бидејќи „кралевите“ веројатно нема да му го откупат договорот.


Муниаин заминува од Билбао на крајот од сезоната

Капитенот на Атлетик Билбао, Икер Муниаин ќе го напушти Сан Мамес како слободен фудбалер на крајот на сезоната, соопштија од клубот.

Договорот на офанзивниот играч за врска нема да биде обновен. Тој во шпанскиот состав помина 15 години во кои има 557 натпревари со 75 гола и 70 асистенции во сите конкуренции.

31-годишниот стопер освои два шпански Суперкупа, како и еден Куп на Кралот токму во тековнава сезона. Тимот од  „Сан Мамеш“ на крајот на сезоната ќе му приреди свечено испраќање.


Жота надвор од терените во следните две недели

Претендентот за титулата во англиското првенство Ливерпул во следните две недели ќе биде без напаѓачот Диого Жота, кој ќе отсуствува од теренот поради контузија.

Ова денеска го соопшти тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, на прес-конференцијата пред претстојното градско дерби против Евертон.

Португалскиот репрезентативец изминатиот викенд забележа гол и асистенција во победата над Фулам од 3-1.

Жота пропушти поголем дел од сезоната поради различни повреди, а пред неполни две недели се врати во игра по долготраен третман од контузија на коленото.

По 33 одиграни натпревари, Ливерпул со по 74 бодови го дели првото место на табелата со Арсенал. Актуелниот шампион Манчестер Сити е трет со 73 бода, но и натпревар помалку.


Познати судиите за Европското првенство, меѓу нив и еден Аргентинец

УЕФА ги одреди судиите за претстојното Европското фудбалско првенство во Германија кое започнува за помалку од два месеци.

На листата на УЕФА се најдоа 16 европски судии, како и аргентински судиски тим предводен од Аргентинецот Факундо Тељо.

Делегирани судии за Европското фудбалско првенство во Германија:

Артур Соареш Диас (Португалија)

Хесус Гил Манцано (Шпанија)

Марко Гуида (Италија)

Иштван Ковач (Романија)

Иван Крузлиак (Словачка)

Франсоа Летексиер (Франција)

Дени Макели (Холандија)

Шимон Марчинијак (Полска)

Халил Умут Мелер (Турција)

Глен Ниберг (Шведска)

Мајкл Оливер (Англија)

Даниеле Орсато (Италија)

Сандро Шерер (Швајцарија)

Даниел Зиберт (Германија)

Ентони Тејлор (Англија)

Клемент Турпен (Франција)

Славко Винчиќ (Словенија)

Феликс Цвајер (Германија)

Факундо Тељо (Аргентина)


Европските клубови не го сакаат Дубаи во елитата

Иако пред неколку месеци беше најавувано дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од најдоброто европското кошаркарко натпреварување Евролигата, може да се случи пресврт.

Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се противат на идејата Дубаи да се приклучи на елитното натпреварување.

„Енцестандо“ пренесува дека Реал бил предводник на оние кои се против Дубаи да влезе во Евролигата. На нивна страна наводно биле и Фенербахче и Баерн.


Барса ги продолжи договорите со двајца клучни ракометари

Барселона потпиша нов договор со тренерот Ортега, успеаја долгорочно да ги „врзат“ и суперталентираните браќа Петар и Ѓорѓе Цикута, а во последните 48 часа паднаа уште два значајни потписа во Барселона.

Тимоти Нгесан во текот на вчерашниот ден потпиша нов договор со каталонскиот гигант, а денеска истото го стори и Јохан Карлсбогард.

Шведскиот репрезентативец имаше договор и за наредната сезона, но каталонците беа задоволни од неговите игри по транферот од Лемго, па тој денеска ја продолжи соработката и ќе остане член на Барса до 2028 година.