feature

УЕФА дозволи поголем ростер за Европското првенство

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе им дозволи на селекторите во своите репрезентации за претстојното Европско првенство во Германија да повикаат 26 фудбалери, тројца повеќе од сегашниот лимит, објавија денеска британските медиуми.

Како што објави Скај, Националниот комитет за натпреварување на УЕФА на состанок одржан во понеделник одлучи да им дозволи на селекторите да доведат уште тројца играчи, по предлогот на некои селектори да се зголеми бројот на играчи поради згуснатиот натпреварувачки распоред оваа сезона и можните повреди.

УЕФА и на претходното Европско првенство во 2021 година, дозволи проширување на списокот играчи за ова натпреварување, по пандемијата на коронавирус, а како што објави Скај, се чини дека тоа отсега ќе стане норма за репрезентативните натпреварувања на УЕФА.

Одлуката сè уште не е официјално донесена, бидејќи мора да ја одобри Извршниот комитет на УЕФА, но според извештаите, се очекува тоа да биде формалност и да биде потврдено до крајот на оваа недела.

Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.


Чави се премисли, сака да остане на клупата на Барса

Чави Хернандез, е подготвен да остане на клупата на каталонскиот клуб до 2025 година, објави денеска весникот „Мундо Депортиво“.

Според изворот, Чави во блиска иднина ќе има средба со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и спортскиот директор Деко за да разговараат за можното продолжување на соработката.

Чави во на јануари објави дека ќе ја напушти Барселона на крајот од актуелната сезона.

Неговиот актуелен договор со клубот има важност до лето 2025. Самиот Чави во неколку наврати истакна дека ја донел единствената правилна одлука и нема да ја промени.


Тајланд сака трка во Формула 1 шампионатот

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град.


Шпанецот Фернандез нов тренер на Бруклин

Екипата на Бруклин Нетс остана без место во плејофот, па и плејин фазата во оваа сезона и јасно е дека ќе има одредени промени во составот со тоа што веќе е решено најважното прашања, а тоа е тренерската позиција.

Жак Вон беше отпуштен на ол-стар паузата, па потоа екипита привремено до крајот на регуларниот дел беше водена од Кевин Оли. Денеска Бруклин го објави името на новиот предводниик кој доаѓа од Шпанија и неговото име е Жорди Фернандез.

Тој ќе биде првиот Шпанец тренер во најсилната лига на светот. Жорди веќе некое време работи во НБА или Џи-лигата, има искуство како асистент во Денвер Нагетс и Сакраменто Кингс од каде доаѓа во Нетс.

Воедно Фернандез е и селектор на Канада со која го освои бронзениот медал на СП кое минатата година се одржа во Индонезија, Филипини и Јапонија.


Педро Нето на листата на желби на Арсенал

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета, не крие дека сака да го ангажира членот на Вулверхемптон, Педро Нето.

Португалецот кој игра како крилен напаѓач за премиер-лигашкиот клуб, има стандардно место и во неговата селекцијата. Кариерата ја започна во Брага, која го позајми во италијанскиот Лацио во летото во 2017.

По две сезони поминати на „чизмата“, тој замина во Англија и го облече дресот на „волците“.


Вујовиќ доби отказ од клупата на Нексе

Веселин Вујовиќ нема повеќе да го води хрватскиот прволигаш Нексе, тим кој го преземе пред два месеци од Бранко Тамше.

Поранешниот тренер на Вардар и екс македонски селектор не успеа да ја разбуди екипата, да ги донесе посакуваните резултати, па по ремито со Пореч во домашниот шампионат било одлучено да се заврши соработката со искусниот стратег.

Во овој период додека Вујо го водеше клубот од Нашице истиот беше елиминиран од РНЛ во Лига Европа, во првенството е на делба на второто место, а не треба да се заборави дека во овој период се случи и инциндетот со Загреб поради кој се очекува Вујовиќ да биде санкциониран.

Поради сите овие причини тој си заминува, неговото место ќе го заземе асистентот Крешо Иванковиќ.


Луис Диаз од Ливерпул прва опција за нападот на Барса

Каталонски „Спорт“ пренесува дека примарна трансфер цел на Барселона ова лето ќе биде ѕвездата на Ливерпул, Луис Диаз.

Ливерпул не размислува за трансфер, но самиот фудбалер сака да ја промени средината и да се пресели во Шпанија.

Барселона поради финансиските проблеми тешко дека ќе може да го доведе Колумбиецот, но не се откажува од намерата.

„Спорт“ пренесува дека Барселона е спремна да продаде некој од ѕвездите во тимот како Рафиња и Де Јонг за да го доведе Луис Диаз.


Барса го враќа Дани Олмо по цела една деценија

Точно десет години откако ја напушти „Ла Масија“ и замина во Загреб, Дани Олмо би можел да се врати во Барселона.

Шпанецот од Лајпциг е меѓу приоритетите на Барса за сезоната 2024/25 во која ќе има промени и во тимот и на клупата од која ќе се повлече Чави Хернандез.

Во договорот со важност до 2027 година, тој има клаузула од 60 милиони евра и според каталонскиот „Мундо депортива“, ова е сумата што доколку сака ќе треба да ја плати претседателот на Барселона, Јоан Лапорта за него.


Надал се пријави за настап на Лејвер Купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде дел од Тимот Европа на Лејвер купот, кој е закажан за од 20 до 22 септември во Берлин, соопштија денеска организаторите.

„Надал им се придружува на Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев во Тим Европа, кој ќе се обиде да го врати трофејот во Лејвер купот под водство на Бјорн Борг“, се вели во соопштението на организаторите.

Лејвер купот во 2022 година беше последниот официјален турнир на кој настапи легендарниот Швајцарец Роџер Федерер, а Надал, иако повреден, дојде на турнирот да игра во двојки со еден од најголемите ривали во кариерата.

Надал изјави дека е многу среќен што по четврти пат ќе учествува на ова натпреварување иницирано од Федерер во 2017 година.


Заврши сезоната за Френки де Јонг

Фудбалерот од средниот ред на Барселона и холандски репрезентативец Френки де Јонг ќе отсуствува од теренот до крајот на сезоната поради повреда на скочниот зглоб, пренесува денеска ЕСПН.

Во вчерашното Ел Класико во рамки на 31. коло во Ла Лига во кое Барселона загуби од Реал Мадрид (2-3), Де Јонг беше изнесен од теренот на носилки во финишот на првото полувреме и заменет со Педри.

Според проценките, Де Јонг ќе се закрепне до почетокот на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија и ќе може да се најде во составот на холандската репрезентација. Холандија на Европското првенство е во група со Франција, Полска и Австрија.

Оваа сезона 26-годишниот Де Јонг одигра 30 натпревари и постигна два гола.