feature

Јуве одбил 70 милиони евра за Јилдиз

Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“.

Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“.

Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“.

„Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го покажува и планот за продолжување на неговиот договор до 2030 година, со зголемување на платата.

Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз брзо се етаблираше и стана незаменлив член на стартната постава.


Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија ќе се игра во Лесковац, објавено е на веб-страницата на Европската фудбалска унија (УЕФА).

Како што е наведено, натпреварот од седмото коло од Групата К помеѓу Србија и Албанија ќе се игра на 11 октомври во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац.

Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но Фудбалскиот сојуз на Србија побара од Европската куќа на фудбалот домаќин да биде Лесковац.
На табелата од Групата К, Англија е прва со сите 15 бодови од пет натпревари, а Албанија е втора со осум бодови. Србија е третопласирана со седум бодови


Вардар ќе ја отвори Европската лига против Сесвете

По завршувањето на квалификациите познат беше и последниот ривал на Вардар во групната фаза од новата сезона во Европската лига, а ЕХФ веќе ги објави и распоредот и саатниците за сите натпревари на нашиот најтрофеен ракометен клуб.

Вардарци серијата ја започнуваат на 14 октомври со домашен меч против Сесвете, а натпреварите од групната фаза ги завршуваме со домашен меч, против Тулуз на 2 декември.

Распоред на натпреварите:
14.10.2025 – Вардар – Сесвете (18,45 ч.)
21.10.2025 – Тулуз – Вардар (18,45 ч.)
11.11.2025 – Кристијанштад – Вардар (18,45 ч.)
18.11.2025 – Вардар – Кристијанштад (18,45 ч.)
25.11.2025 – Сесвете – Вардар (20,45 ч.)
02.12.2025 – Вардар – Тулуз (20,45 ч.)

Вардарци сите домашни натпревари ќе ги игра во салата „Јане Сандански“ која се очекува одново да биде исполнета да последно место, како во времето кога тимот настапуваше во Лигата на шампионите.


Борусија Менхенгладбах го смени тренерот по само три кола

Борусија Менхенгладбах се раздели со главниот тренер Херардо Сеоане по само три натпревари од новата сезона, а одлуката стапи на сила веднаш, објави клубот.

Тренерот на тимот под 23 години, Еуген Полански, првично ќе ја преземе функцијата главен тренер во Борусија Менхенгладбах.

„По интензивна анализа на почетокот на нашата сезона, дојдовме до заклучок дека треба да направиме промена на позицијата главен тренер“, рече спортскиот директор Роланд Виркус, додавајќи: „Нашето верување дека Херардо може да ги сврти работите се намали по 10 натпревари без победа во Бундеслигата“.

39-годишниот Полански претходно беше задолжен за тимот под 23 години. Тој играше професионално за Менхенгладбах и доаѓаше од младинскиот систем на клубот.


Анчелоти би го водел само Реал по бразилската репрезентација

Карло Анчелоти не ја затвори вратата за враќање на клупата на Реал Мадрид. Иако неодамна ја презеде селекцијата на Бразил, искусниот стратег не ја исклучува можноста за трет мандат на „Сантијаго Бернабеу“ по завршувањето на Светското првенство во 2026 година.

Анчелоти веќе двапати го водеше Реал и стана најтрофејниот тренер во историјата на клубот со освоени 15 трофеи. „Реал Мадрид е единствениот клуб што би го прифатил да го тренирам по Бразил“, изјави Анчелоти за Л’Екип.

Иако претходно најави крај на клупската кариера, Италијанецот остави отворена врата за ново враќање во клубот каде што ужива легендарен статус.

Сепак, Анчелоти исто така потврди дека би го продолжил договорот со Бразилците за уште еден четиригодишен мандат доколку во сојузот се задоволни од работата.


Познат идеалниот тим на Евробаскетот

Објавен е симболичниот тим на Европското кошаркарско првенство 2025.

Во него се вклучени: Денис Шредер (Германија), Лука Дончиќ (Словенија), Франц Вагнер (Германија), Јанис Адетокунбо (Грција) и Алперен Шенгун (Турција).

Плејмејкерот Денис Шредер беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Трофејот на Евробаскетот 2025 го освои Германија која во финалето ја победија Турција со 88-83.


Дуплантис постави светски рекорд и на Светското првенство во Токио

Мондо Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио. Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец. Ова е 14-ти пат во неговата кариера да го подобри најдобриот резултат на планетата.

„Мондо“, исто така, собра дополнителни 100.000 долари, кои се доделуваат на натпреварувачот кој ќе го постави светски рекорд.

Пред светскиот рекорд, неверојатниот Швеѓанец ги прелета сите височини од прва. Го обезбеди златото со 6,15, а потоа следеше она на што сите се надеваа на преполниот Олимписки стадион во јапонската престолнина. Ова е негова четврта последователна титула светски шампион.


Рој Кин: Манчестер Јунајтед е само просечен тим

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, е немилосрден во критиките кон сегашниот состав и нивниот менаџер, Рубен Аморим. Тимот од „Олд Трафорд“ беше целосно надигран од Манчестер Сити во текот на викендот.

„Тие се само просечен тим во првенството. Нема знаци дека работите ќе се подобрат. Јунајтед фрла пари само на тренери.

Лук Шо на првиот гол… тој е англиски репрезентативец. Мислам дека со години ја избегнува одговорноста. Има стотици натпревари а нема ниту правилна положба на телото“, рече Кин.


Лина Ѓорческа скокна 32 места на ВТА листата

Нашата репрезентативка, Лина Ѓорческа, прогресираше за цели 32 позиции на новата ранг-листата на најдобрите светски тенисерки.

Таа сега го има 207 место благодарение на одличните настапи на турнирите во Романија. Таму прво триумфираше во Слобозија а потоа учествуваше во финалето во Букурешт.

Според најавите, Ѓорческа во наредните денови ќе се фокусира на турнирот во Куршумлијска Бања.


Јунајтед го држи Балеба на радарот за идни засилувања

Манчестер Јунајтед и понатаму го следи Карлос Балеба од Брајтон како дел од своите долгорочни планови за зајакнување на средниот ред. Клубот се обиде да го донесе 21-годишниот Камерунец ова лето, но трансферот не се реализираше. Сепак, интересот не стивнува. 

Јунајтед гледа потенцијал во Балеба и верува дека тој може да се развие во врвен играч. Иако неговата адаптација во Премиер Лигата се одвива со некои предизвици, скаутите на клубот и натаму го следат неговиот напредок и сметаат дека би напредувал во соодветна средина. 

Од друга страна, Брајтон е фокусиран на неговиот развој и на негово подобро вклопување во тимот. Клубот не брза со никакви одлуки околу продажба, туку му дава време и простор да созрее. 

Ситуацијата останува отворена пред наредните трансфер периоди, а интересот на Јунајтед е во согласност со нивната стратегија да инвестираат во млади фудбалери со голем потенцијал за иднината.