фудбал

Ѕвездата на Јунајтед отпишана, Конте тргнува по неговиот потпис!

Џеси Лингард е отпишан во Манчестер Јунајтед, па е во потрага по нов клуб каде би можел да ја продолжи својата кариера, а како што јавуваат англиските медиуми, тоа би можел да му го понуди италијански Интер.
Антонио Конте прави се што може да се ослободи од Кристијан Ериксен во овој трансфер рок, а добрите односи на Јунајтед и Интер се забележуваат и во претходните трансфер како оние на Санчез, Јанг и Лукаку, па италијаните се надеваат дека по истата линија би можеле да го доведат и Лингард.
Не е познато дали би се работело за позајмица или трансфер, но сигурно е дека Лингард веќе не е фудбалер на кого Солскјер сериозно смета, па трансферот би требало да ги задоволи трите страни.


Белоти е главната трансфер цел на Милан

Главна трансфер цел на Милан следното лето ќе биде напаѓачот на Торино, Андреа Белоти. Милан во 2017 година понуди 60 милиони евра за Белоти, но Торино тогаш ја одби понудата и напаѓачот се уште го носи дресот на „биковите“. Торино оваа сезона се бори за опстанок, а Белоти е единствена светла точка во тимот, но веќе го известил раководството дека сака да ја промени средината. Познато е дека Белоти е голем навивач на „росонерите“, а Милан се уште покажува интерес за неговиот потпис.


Муса Дембеле е замената за Диего Коста во Атлетико

Мадридски Атлетико оваа сезона е главен фаворит за титулата во шпанската лига. Тимот на Диего Симеоне игра фантастично. Први се на табелата со два натпревари помалку од конкуренцијата, а во остатокот од сезона ќе влезат уште посилни. Нов играч на шпанскиот великан наскоро треба да биде напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. Преговорите за негов трансфер се блиску до реализација и се треба да завршено многу брзо. Дембеле во Атлетико ќе дојде на позајмица до крајот на сезоната, а Јорганџиите ќе имаат опција за откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.


Интер го сака Ренато Санчез од Лил

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ренато Санчез е главна трансфер цел на Интер. Ренато Санчез важеше за најголем европски талент, направи трансфер во Баерн каде не се снајде. Во Англија беше дел од Свонси каде што запиша само 12 настапи. Португалецот ја „оживеа“ својата кариера во Лил, каде веќе втора сезона игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти. Тренерот на „нероаѕурите“ Антонио Конте верува дека Санчез ќе биде идеално засилување за неговиот тим, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент Жорж Мендеш. Цената на трансферот ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Интер планира да го финансира со продажбата на Ериксен.


Михтарјан го продолжи договорот со Рома

Играчот за врска на Рома, Хенрих Михтарјан се договори за нов договор со клубот, објавија италијанските медиуми. Тековниот договор на играчот е до 30 јуни 2021 година, а сега тој ќе потпише нов на уште една година. 31-годишниот ерменски репрезентативец оваа сезона одигра 21 натпревар за тимот, постигнувајќи девет гола и девет асистенции.


Аргентинецот Гаич пред позајмица во Бешикташ

Напаѓачот на ЦСКА, Адолф Гаич, може да ја продолжи кариерата во Бешикташ, пренесуваат аргентинските медиуми. Турскиот клуб ја разгледува опцијата за изнајмување на напаѓачот. Претходно беше објавено дека фудбалерот на ЦСКА, Адолфо Гаич е на чекор да се пресели во Бока јуниорс, но, тој веднаш одби да замине во аргентинскиот клуб. Според информациите од Русија, обештетувањето за Гаич е 30 милиони евра.


Сасуоло ослабен против Јувентус

Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди ќе го пропушти претстојниот натпревар против Јувентус во Серија А поради повреда на бутниот мускул на десната нога, соопшти неговиот клуб. Берарди се повреди во средата на натпреварот против Џенова, на кој триумфираа со 2:1. „Фудбалерот започна со лекување и терапии, неговата состојба постојано се следи.“ – соопшти Сасуоло. Берарди поради повреда ќе го пропушти натпреварот против Јувентус во недела. Сасуоло е петти во Серија А со бод помалку, но и натпревар повеќе од четвртопласираниот Јувентус. Берарди на 15 натпревари сезонава постигна седум погодоци.


ФИФА на Светското клупско првенство воведува ново правило

Меѓународната фудбалска федерација ФИФА потврди дека на идното Светско клупско првенство ќе ја тестира замената на играчите поради сомнеж на потрес на мозокот. Светското клупско првенство, кое ќе се одржи од 1. до 11. февруари во Катар, ќе биде првото меѓународно натпреварување на кое ќе се тестира ваквата замена на играчи. Секоја екипа ќе може да користи една таква замена во натпревар. Играчот кој ќе биде заменет веќе нема да може да игра на тој натпревар, но тоа нема да влијае на бројот од пет други замени. Како би се избегнало „крадење на врее“, секоја екипа ќе има три можности за пет замени, а истите можат да се прават и на полувреме. ФИФА објасни дека со овој потег сака да го намали притисокот на здравствените служби за брза проценка на повреда на главата. Вакво правило претходно беше воведено и во англиската Премиерлига.


Чалханоглу бара двојно поголема плата од Милан

Милан продолжува да преговара за нов договор со играчот од средниот ред Хакан Чалханоглу. Тековниот договор на играчот истекува на крајот на летото оваа година. Според „Скај Спорт Италија“, „росонерите“ на 26-годишниот турски фудбалер му нудат договор, според кој ќе добива 3,5 милиони евра годишно. Од друга страна Хакан не е задоволен од ова, тој сака да заработува двојно повеќе – 7 милиони евра. Следната недела агентот на играчот за врска ќе пристигне во Италија на дополнителни преговори. Претходно беше објавено дека Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Јувентус се заинтересирани за услугите на Чалханоглу. Играчот го носи дресот на Милан од 2017 година, а пред тоа ги бранеше боите на Баер Леверкузен, Хамбургер и Карлсруе.


Раул ќе биде наследникот на Зидан во Реал

Реал Мадрид се одлучи за тоа кој е тренерот кој е способен да го води тимот по сегашниот тренер Зинедин Зидан. Според весникот „АС“, Кралскиот клуб решил да се потпре на нивниот легендарен фудбалер Раул Гонзалез, кој моментално го води вториот тим на Реал Мадрид. Друга опција за Реал Мадрид беше поранешниот тренер на Тотенхем, Маурицио Покетино, но тој веќе не е алтернатива откако го презеде ПСЖ на почетокот на овој месец. Раул е тренер на вториот тим на Реал Мадрид од 2019 година. Под негово водство, минатото лето тимот ја освои младинската лига на УЕФА. Реал Мадрид со 36 бода по 17 кола го зазема второто место на табелата во Ла Лига. Лидерот во шампионатот Атлетико Мадрод кој има предност од 2 бода, но има два меча помалку одиграно.