ракомет

Нејц Цехте трета сезона по ред ќе игра за Еурофарм Пелистер!

Со потврдување на ростерот од минатата сезона и доведување на квалитетни новајлии, полека се комплетира Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26. Ни претставува задоволство што некои од нашите професионалци се пронаоѓаат и подолго во нашата шампионска средина. Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со битолскиот клуб на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија.

Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска). Со Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24).

Цехте ќе се јави на прозивката за новата сезона на крајот од месец јули.


Раул Алонсо го напушти Еурофарм Пелистер

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе влезе во новата сезона со нов тренер, откако битолскиот тим и шпанскиот стратег Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката.

До прекин на соработката, како што објави претпладнево Еурофарм Пелистер, дојде по барање на Алонсо, кој поради приватни причини побарал да се врати во Германија.

„Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму“, се наведува во клупското соопштение.

Алонсо седна на клупата на Еурофарм Пелистер во ноември лани и со клубот од Битола изминатата сезона ја одбрани шампионската титула во македонското првенство.


Адријана Будимир нов тренер на ЖРК Војводина

Женскиот ракометен клуб Војводина официјално објави дека нов тренер на првата екипа ќе биде Андријана Будимир.

Поранешната европска шампионка со Кометал Ѓорче Петров го прифати предизвикот и ќе го предводи тимот низ предизвиците следната сезона.

Од новиот клуб веќе ѝ посакаа добредојде, со надеж за плодотворна работа и успешни резултати.


Словенецот Ник Хенигман петто засилување за Еурофарм Пелистер!

Малата словенечка колонија во Еурофарм Пелистер добива уште еден нов член. Дресот на шампионот на Македонија ќе го носи левиот бек на словенечката репрезентација, Ник Хенигман, кој во Битола доаѓа од францускиот Шартр. 29-годишниот Хенигман потпиша на една сезона, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни.

Се работи за искусен лев бек, кој во кариерата играл за домашната Рибница, унгарскиот ПИК Сегед и француските клубови Сант Рафаел и Шартр. За словенечката репрезентација има околу сто натпревари и претставува еден од клучните елементи во системот на сите селектори, вклучувајќи го и актуелниот. Најголем успех му е бронзата од Светското првенство во Франција во 2017 година.

Хенигман е висок 201 сантиметар, поседува квалитет и харизма, кој лесно беше забележлив во сите негови клубови и националната репрезентација.

Неговото претставување во Битола е предвидено на крајот од јули, по почетокот на подготовките на екипата за сезоната 2025/26.


Манасков доби нов договор во Еурофарм Пелистер

Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер. Шампионот на Македонија и левото крило постигнаа договор за продолжување на соработката за уште една сезона и Манасков и во сезоната 2025/26 ќе го носи зелено-белиот дрес.
Ни причинува задоволство што уште еден победник и ракометар со големо акумулирано искуство ќе настапува за Еурофарм Пелистер во домашните натпреварувања и Лигата на шампионите.

Манасков има две титули шампион на Македонија со Еурофарм Пелистер, а зад себе остави дури четиринаесет сезони во европските клупски натпреварувања. Пред да дојде во Битола, 32-годишното лево крило настапуваше за: Борец, Металург, Вецлар, Вардар, Рајн-Некар Левен, Веспрем…


Охрид се пофали со потписот на Дарко Ѓукиќ

epa09683386 Darko Djukic of Serbia reacts during the Men’s European Handball Championship preliminary round match between Serbia and Ukraine at Pick Arena in Szeged, Hungary, 13 January 2022. EPA-EFE/Tibor Illyes HUNGARY OUT

Дарко Ѓукиќ и Охрид ја потврдија меѓусебната соработка. Српското крило се враќа во мак-ракометот по само една година, а кариерата ќе ја продолжи крај Охридското езеро.

Договорот меѓу двете страни е во времетраење од две години. Клубот објави видео-обраќање од Ѓукиќ до навивачите и потврда за последниот потпис.

„Поздрав до сите навивачи на Охрид. Сакам да ве известам дека наредните две години ќе бидеме заедно, на иста страна. Ќе се бориме за клубот и градот Охрид, се надевам многу ќе се радуваме заедно“, кратко прокоментира Ѓукиќ.


Еурофарм Пелистер во група со европските титани: Барса, Магдебург, ПСЖ…

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони, а на денешната ждрепка битолскиот состав ги дозна и противниците во групната фаза.

Пелистерци противнците ги чекаа од третиот шешир, па поради правилото дека две екипи од иста земја не можат да играат во иста група, доби моќна група. Битолчани ќе играат во група со првакот на Шпанија, Франција, Полска, Хрватска и европскиот шампион.

Групи во Лигата на шампионите:
Група А: Алборг, Фуксе Берлин, Веспрем, Киелце, Нант, Спортинг, Динамо Букурешт, Колштад
Група Б: Висла Плок, Барселона, ПСЖ, ГОГ Гудме, Магдебург, ПИК Сегед, Загреб, Еурофарм Пелистер

Во очекување на распоредот, познати се термините за цела сезона во Лигата на шампионите.

Групна фаза:

  1. коло – 10/11 септември 2025
  2. коло – 17/18 септември 2025
  3. коло – 24/25 септември 2025
  4. коло – 08/09 октомври 2025
  5. коло – 15/16 октомври 2025
  6. коло – 22/23 октомври 2025
  7. коло – 12/13 ноември 2025
  8. коло – 19/20 ноември 2025
  9. коло – 26/27 ноември 2025
  10. коло – 03/04 декември 2025
  11. коло – 18/19 февруари 2026
  12. коло – 25/26 февруари 2026
  13. коло – 04/05 март 2026
  14. коло – 11/12 март 2026

Осминафинале:
01/02 април и 08/09 април 2026

Четвртфинале:
29/30 април и 6/7 мај 2026

„Фајнал-фор“:
13 и 14 јуни 2026


Србинот Дарко Ѓукиќ го засили Охрид

Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е најновото име во составот на „гладијаторите“ кои за следната сезона подготвуваат сериозен проект кој треба да влезе во битка со Е. Пелистер, Вардар и Алкалоид за домашните трофеи.

Ѓукиќ се враќа во Македонија по една година, со договор со охриѓани на две години. Ѓукиќ минатата сезона ја помина во Динамо Букурешт, а сега треба да биде одлично засилување за Охрид во походот кон врвот на македонскиот ракомет.


Еурофарм Пелистер во третиот шешир пред ждрепката за ЛШ

Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, утре ќе ги дознае своите седум противници во групната фаза на Лигата на шампионите. Ждрепката е закажана за в петок (27 јуни) во 15:00 часот во Виена, а нашиот клуб ќе биде достојно репрезентиран на ЕХФ гала-свеченоста.

Шешири пред ждрепката во Лигата на шампионите:
• Шешир 1:
Фуксе Берлин, Барса, ПСЖ, Алборг, Висла Плоцк, Веспрем
• Шешир 2:
Магдебург, Нант, ГОГ Гудме, Киелце, ПИК Сегед
• Шешир 3:
Еурофарм Пелистер, Спортинг Лисабон, Загреб, Колстад, Динамо Букурешт

Веднаш по ждрепката ќе биде одреден и календарот за групната фаза, а ќе биде прогласен и најкорисниот ракометар за сезоната 2024/25.


Пет суперлигаши и Црвена Звезда на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Новиот суперлигаш, Еурофарм Пелистер 2, го потврди учеството на турнирот „Миле Нешкоски“; кој годинава ќе го има своето десетто издание. Познати се групите и агендата на традиционалниот турнир во Прилеп. Сезонава ќе настапат пет македонски клуба и српскиот гигант Црвена Звезда, Во првата група се Прилеп, Бутел Скопје и Тиквеш, а во втопрата Еурофарм Пелистер 2, Пролет и Црвена Звезда.

Турнирот ќе се одржи од 21 до 24 август и претставува добра подготовка за новата сезона.

21 август:
15:30 – Положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 – Пролет- Еурофарм Пелистер 2
20;00 – Прилеп – Бутел

22 август:
18:00 – Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 – Прилеп – Тиквеш

23 август:
18:00 – Црвена Звезда – Пролет
20:00 – Тиквеш – Бутел

24 август
15:00 – Меч за петто место
17:00 – Меч за трето место
19:00 – Финале
20:30 – Доделување награди и свечено затворање на турнирот

Scarica tutti gli allegati come un file zip

turnir prilep
.jpg
230.9 kB