ракомет

Николов и Начевски ќе судат на Олимписките игри во Париз.

Maкедонските најдобри судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов долги години наназад се дел од најголемите ракометни натпреварувања, а таа пракса ќе продолжи и летово на Олимписките игри во Париз.

Денеска официјално беа објавени судиските двојки и на таа листа заслужено се и најдобрите македонски судии.

На последните Олимписки игри кои се играа во Токио Начевски и Николов го судеа финалето во кое играа Данска и Франција.


Барса ги продолжи договорите со двајца клучни ракометари

Барселона потпиша нов договор со тренерот Ортега, успеаја долгорочно да ги „врзат“ и суперталентираните браќа Петар и Ѓорѓе Цикута, а во последните 48 часа паднаа уште два значајни потписа во Барселона.

Тимоти Нгесан во текот на вчерашниот ден потпиша нов договор со каталонскиот гигант, а денеска истото го стори и Јохан Карлсбогард.

Шведскиот репрезентативец имаше договор и за наредната сезона, но каталонците беа задоволни од неговите игри по транферот од Лемго, па тој денеска ја продолжи соработката и ќе остане член на Барса до 2028 година.


Вујовиќ доби отказ од клупата на Нексе

Веселин Вујовиќ нема повеќе да го води хрватскиот прволигаш Нексе, тим кој го преземе пред два месеци од Бранко Тамше.

Поранешниот тренер на Вардар и екс македонски селектор не успеа да ја разбуди екипата, да ги донесе посакуваните резултати, па по ремито со Пореч во домашниот шампионат било одлучено да се заврши соработката со искусниот стратег.

Во овој период додека Вујо го водеше клубот од Нашице истиот беше елиминиран од РНЛ во Лига Европа, во првенството е на делба на второто место, а не треба да се заборави дека во овој период се случи и инциндетот со Загреб поради кој се очекува Вујовиќ да биде санкциониран.

Поради сите овие причини тој си заминува, неговото место ќе го заземе асистентот Крешо Иванковиќ.


Надал се пријави за настап на Лејвер Купот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ќе биде дел од Тимот Европа на Лејвер купот, кој е закажан за од 20 до 22 септември во Берлин, соопштија денеска организаторите.

„Надал им се придружува на Карлос Алкараз, Данил Медведев и Александар Зверев во Тим Европа, кој ќе се обиде да го врати трофејот во Лејвер купот под водство на Бјорн Борг“, се вели во соопштението на организаторите.

Лејвер купот во 2022 година беше последниот официјален турнир на кој настапи легендарниот Швајцарец Роџер Федерер, а Надал, иако повреден, дојде на турнирот да игра во двојки со еден од најголемите ривали во кариерата.

Надал изјави дека е многу среќен што по четврти пат ќе учествува на ова натпреварување иницирано од Федерер во 2017 година.


Николов и Начевски го добија најтешкото четвртфинале на ЛШ

Најдобрите македонски ракометни судии, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, ја добија честа да ја делат правдата на првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Килеце и Магдебург.

Полскиот гигант ќе го пречека германскиот тим на домашен терен на 24 април и тука се очекува голема битка за пласман на завршниот турнир во Келн.

Киелце без многу проблеми го мина ГОГ Гудме во осминафиналната фаза, додека Магдебург по голема борба успеа да го елиминира унгарскиот претставник, Веспрем.

Ова е уште едно големо признание за Начевски и Николов, кои во минатото судеа многу важни натпревари во Лигата на шампионите, како и на европските и светските првенства.


Пуштени во продажба билетите за дуелот Македонија – Фарски Острови

Ракометната Федерација на Македонија ги објави цените на билетите за бараж натпреварот со Фарски Острови за Светското првенство 2025. Билетите ќе чинат 200 и 300 денари.

Натпреварот ќе се одигра на 12 мај со почеток во 19 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Претходно македонските ракометари ќе гостуваат на Фарски Острови.

Продажбата на влезници за натпреварот почна денес и се одвива online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk ) а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.


Познати учесниците на женскиот ракометен турнир во Париз

Репрезентациите на Унгарија, Холандија и Шпанија први од квалификацискиот турнир обезбедија пласман на Олимписките игри во Париз.

Во дерби дуелот од првата група, репрезентацијата на Унгарија славеше над Шведска со три гола разлика, 28-25. Унгарија во првото коло ја совлада Велика Британија и со победа дојде до четири бодови, со кои си обезбеди билет за настап на најголемата спортска манифестација.

Шведска и Јапонија имаат по два бодови, но во последното коло, азиската репрезентација ја чека тешко соочување со Унгарија, додека Шведска ќе игра со Велика Британија.

Од втората група пласман на ОИ обезбедија репрезентациите на Холандија и Шпанија, откако денес остварија нова победа.

Холандија без многу проблеми славеше над Чешка со 32-18, а „црвената фурија“ потешко од очекуваното победи против Аргентина со 26-23.


Магнус Род ќе ги скокне Олимписките игри во Париз

Селекцијата на Норвешка ќе биде значително ослабена на претстојните Олимписките игри во Париз.

Десниот бек Магнус Род се уште се рехабилитира од повредата на стапалото кое му беше скршено, и не настапува за шампионот Колстад.

Род го информирал селекторот Јонас Виле дека нема да биде дел од националниот тим во обид да биде подготвен за новата сезона и настапите за ПИК Сегед, неговата нова екипа.


Чупиќ почнува тренерска кариера

Легендарниот хрватски ракометар Иван Чупиќ на крајот од оваа
сезона ќе стави крај на славната кариера.
По завршувањето на истата тамошните медиуми известуваат дека
десното крило планира да започне тренерска кариера.
Чупиќ денеска има 38 години и долги години е на големата ракометна сцена. Во кариерата освои бројни медали и трофеи, а сигурно ќе ги памети и трите титули во Лигата на шампионите, две со Вардар во 2017 и 2019 година, и една со Киелце.


Портнер суспендиран заради сомнеж за допинг

Голманот на актуелниот европски шампион Магдебург, Никола Портнер, привремено е суспендиран поради сомневање дека користел допинг.

Во официјалното соопштение на Магдебург се вели дека деталите за обвиненијата и напредокот на случајот засега остануваат нејасни.

Од Магдебург истакнаа дека 30-годишниот голман привремено е суспендиран од учество во тренинзите и настапите на клубот додека трае истрагата.

Тоа значи дека голманот нема да брани во финалето од Купот на Германија, а доколку биде целосно суспендиран, тимот на Магдебург ќе мора без него да се бори за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите.