ракомет

Перковац без Шарац и Мандиќ на ЕП во Германија

Репрезентацијата на Хрватска непосредно пред ракометното Европско првенство остана без две имиња во ростерот.

Селекторот Горан Перковац е принуден на измени, бидејќи од комбинација за настап отпаднаа Давид Мандиќ и Јосип Шарац.

Крилото на загрепчани имаше запазена улога во репрезентацијата, па тоа е веројатно поголем удар за Хрватите, додека Шарац беше дел од ротацијата во бековската линија.

Хрватите на Европското првенство ќе играат во група со Шпанија, Австрија и Романија.


Грецки се повреди, нема да настапи на ЕП во ракомет

Домаќинот на Европското првенство во ракомет Германија, остана без еден од најискусните ракометари во тимот.

Десното крило Патрик Грецки, кој беше дел од репрезентацијата што стана шампион на ЕП 2016, нема да настапи на овој континентален собир.

Тој на дуелот со Португалија ја обнови повредата на стопалото и за жал нема да им помогне на своите соиграчи.


Немања Илиќ се повреди непосредно пред ЕП во ракомет

Србија се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското
ракометно првенство.
Селекторот Тони Џерона нема да отпатува во комплетниот состав на
последните подготовки во Шпанија, а најново име кое се приклучи на
повредените играчи е капитенот на „орлите“, Немања Илиќ.
Средниот бек заработил незгодна повреда и не е познато дали ќе биде
„фит“ за настап на континенталниот собир, а повеќе информации се
очекуваат во текот на оваа недела. Илиќ останува во Белград уште
неколку денови, по што ќе се приклучи на тимот, но неговата
подготвеност за настап ќе биде јасна на ден пред почетокот на
собирот.
На негово место во моментов е повикан „вардарецот“ Марко
Срдановиќ, кој можно е и да остане во тимот за Европското првенство.
Србија ќе се натпреварува во групата Ц, каде противници ќе ѝ бидат
Унгарија, Исланд и Црна Гора.


Игнасио Биоска од Веспрем се сели во Нант

Шпанскиот голман Игнасио Биоска по само една сезона престој ќе си замине од унгарскиот гигант Веспрем.

Според француските медиуми, Биоска е на мета на тимот на Нант, кој на голманската позиција има двајца одлични голмани.

Во моментов голот на Нант го чуваат Хрватот Иван Пешиќ и исландскиот репрезентативец Виктор Халгримсон.


Дејан Милосављев е ракометар на годината во Србија

Ракометниот Сојуз на Србија ги поогласи најдобрите во ракометот за минатата година, а меѓу лауреатите беше и некогашенн ракометар на Вардар.

За најдобар ракометар е прогласен чуварот на мрежата на Фуксе Берлин, Дејан Милосављев, кој од Скопје го почна походот кон европскиот врв.

Милосављев прикажува блескави партии и во Бундес лигата и на европската сцена во дресот на „лисиците“, па заслужено беше избран за најдобар.


Јанц се повреди, Словенија без големиот ас на Европското првенство

Ракометната репрезентација на Словенија има голем проблем затоа што на Европското првенство кое ќе се игра во јануари ќе мора без најдобриот играч Блаж Јанц.

Десното крило кое е член на Барселона во последниот месец има проблеми со грбот. Поради нив го пропушти стартот на подготовките, а иако имаше оптимизам, сепак, нема да може да помогне на ЕП 2024.

„Да играм за репрезентацијата за мене е чест така што навистина ми е жал што ќе го пратам ЕП 2024 во улога на навивач. Иако срцето сака да биде поинаку, паметот вели дека не смее да се брза со работите кога повреда е во прашање. Им благодарам на сите за поддршката и на сите кои ми помогнаа на прегледите“, изјави Јанц.

Играчот дебитираше за репрезентацијата во 2016 година, а досега забележа 96 настапи на кои постигна 344 гола.


Кај Смитс се повреди, ќе го скокне Европското првенство во Германија

Еден од најдобрите во машката ракометна репрезентација на Холандија и во тимот на Фленбург, десниот бек Кај Смитс, нема да настапи на Европското првенство 2024 во Германија.

Од бундеслигашот соопштија дека извесен период ќе продолжат без Смитс, бидејќи репрезентативецот на Холандија има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“, односно миокардитис.

Се уште не се знае колку точно ќе отсуствува Смитс од ракометните терени, но најверојатно неговиот камбек ќе биде во вториот дел од тековната сезона.

Холандија на Европското првенство во Германија во групната фаза ќе игра со репрезентациите на Шведска, БиХ и Грузија.


Миклер ќе го прескокне Европското првенство во јануари

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Унгарија, Чема Родригез, го скрати списокот за настап на Европското првенство во Германија.

Стратегот на Унгарија на континенталниот собир нема да може да смета на искусниот голман Роланд Миклер.

Членот на ПИК Сегед го информирал селекторот и челниците на унгарската ракометна куќа дека го откажува настапот поради неговата здравствена состојба.


Дувњак го продолжи договорот со „зебрите“

Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак
ќе биде дел од бундеслигашот Кил до 2025 година откако официјално
го продолжи договорот со тимот чиј дел е од 2014 година.
Хрватот не го криеше задоволството од продолжувањето на
соработката велејќи дека е горд што и понатаму ќе биде дел од тимот
каде што се чувствува како дома.
„Среќен сум што соработката продолжува. Мојата фамилија и јас тука
се чувствуваме многу добро. Кил е мојот втор дом. Горд сум што
можам да продолжам да помагам, што ќе ги оствариме целите за
најдобриот клуб во светот. Се веселам што ќе останам уште еден
година со нашите навивачи“.


Вујовиќ си замина од Иран по успешна работа од скоро две години

Веселин Вујовиќ по 20 месеци си замина од селекторската функција на иранската репрезентација. Легендарниот Вујо по азиските квалификации за Олимписките игри во Париз кои се играа во Доха одлучи да поднесе оставка. Од иранската федерација не сакале да ја прекинат соработката, меѓутоа Вујовиќ бил цврсто решен и не сакал да работи во услови на вонредна состојба поради политичките тензии на Блискиот Исток.

Вујовиќ зад себе имаше добро Светско првенство во 2023 година со Иран каде што оваа земја за првпат стигна до второто место завршувајќи на 24-тата позиција од 32 најдобри селекции на планетата.