ракомет

Чупиќ почнува тренерска кариера

Легендарниот хрватски ракометар Иван Чупиќ на крајот од оваа
сезона ќе стави крај на славната кариера.
По завршувањето на истата тамошните медиуми известуваат дека
десното крило планира да започне тренерска кариера.
Чупиќ денеска има 38 години и долги години е на големата ракометна сцена. Во кариерата освои бројни медали и трофеи, а сигурно ќе ги памети и трите титули во Лигата на шампионите, две со Вардар во 2017 и 2019 година, и една со Киелце.


Портнер суспендиран заради сомнеж за допинг

Голманот на актуелниот европски шампион Магдебург, Никола Портнер, привремено е суспендиран поради сомневање дека користел допинг.

Во официјалното соопштение на Магдебург се вели дека деталите за обвиненијата и напредокот на случајот засега остануваат нејасни.

Од Магдебург истакнаа дека 30-годишниот голман привремено е суспендиран од учество во тренинзите и настапите на клубот додека трае истрагата.

Тоа значи дека голманот нема да брани во финалето од Купот на Германија, а доколку биде целосно суспендиран, тимот на Магдебург ќе мора без него да се бори за пласман на Ф4 во Лигата на шампионите.


Унгарски Ѓер ја повлече „осумнаесетката“ на Аморим

Ракометарката Едуарда Аморим Талеска ќе добие уште едно признание за нејзината големина.

На почетокот на мај, Ѓер, клубот во кој мина најголем дел од својата кариера и со кој петпати во низа ја освои Лигата на шампионите ќе го „пензионира“ нејзиниот број на дрес.

„Во Ѓер ќе го повлечат од употреба мојот дрес. Тоа ќе се случува во четвртфиналето од Лигата на шампионите, на натпревар кој ќе се игра на 4 или 5 мај. Тоа е голема чест. Верувам дека ќе биде многу емотивно и убаво повторно да се биде таму“.


Супер глоуб по неколку години се враќа во Европа

Ракометното светско клупско првенство, Супер Глоуб, најверојатно ќе се игра повторно во Европа.

Договорот меѓу Светската ракометна федерација и Саудиска Арабија, кој беше потпишан на четири години заврши и нема да биде продолжен, а шпекулациите велат дека Супер Глоуб би можел да се игра на европскиот континент.

Со оглед на тоа што Саудијците се откажаа од можноста да организираат Мундијал, јасно е дека интересот за ракометот не се зголеми и ќе се концентираат на други спортови.

Првото издание на Супер Глоуб, кое беше и последно во Европа, се одржа во Виена во 1997 година, а потоа се играше во Доха и во Каиро во 2002 и 2007 година.

Без прекин почна да се одржува од 2010 година до 2023 година, а два домаќини беа Катар и Саудиска Арабија. Последните три трофеи на ова натпреварување ги освои бундеслигашот Магдебург.


Тренерот на Барса ќе ја води Јапонија на Олимписките игри во Париз

Актуелниот тренер на Барсеона, Антонио Ортега, најверојатно ќе биде замената за Дагур Сигурдсон на клупата на Јапонија.

Според пишувањата на „Esports RAC1“, Ортега би требало да ја води селекцијата на Јапонија, но само на Олимписките игри.

Договорот би бил краткорочен, а потоа раководството на јапонската федерација ќе бара трајно решение за клупата на „самураите“.


Тренерот на Барса ќе ја води Јапонија на Олимписките игри во Париз

Актуелниот тренер на Барсеона, Антонио Ортега, најверојатно ќе биде замената за Дагур Сигурдсон на клупата на Јапонија.

Според пишувањата на „Esports RAC1“, Ортега би требало да ја води селекцијата на Јапонија, но само на Олимписките игри.

Договорот би бил краткорочен, а потоа раководството на јапонската федерација ќе бара трајно решение за клупата на „самураите“


Федерацијата ги одреди премиите за ракометните репрезентации

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги одреди паричните награди за македонската машка и женска сениорска ракометна репрезентација за пласман на следните големи натпреварувања.

Ракометарите ќе поделат парична награда од два милиони денари нето износ за пласман на Светското првенство 2025 во Хрватска, Данска и Норвешка.

Македонија во баражот за пласман на Мундијалот, на 8 и 12 април ќе игра против Фарските Острови.

Истата сума ќе ја поделат и ракометарките доколку се пласираат на Европското првенство 2024 во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Ракометарките се на добар пат по подолго време да изборат пласман на едно големо натпреварување.За да се пласираат на ЕП, наредниот месец ќе треба да ги победат Азербејџан и Литванија.


ИХФ го круниса Гидсел за ракометар на годината

ИХФ ги прогласи најдобрите играчи во машка и во женска конкуренција за изминатата 2023 година. Наградата за најдобар ракометар му припадна на данскиот репрезентативец и член на Фуксе Берлин, Матијас Гидсел.

25-годишниот ракометар минатата година ја освои ЕХФ Европската лига, а потоа на Супер Глоуб загуби во финалето од Магдебург. Најдобра ракометарка е Хени Рејштад од националниот тим на Норвешка и на Есбјерг. Таа го освои сребрениот медал за Норвешка на минатото ЕП, а беше и втор најдобар стрелец на првенството со 52 гола.

Елиас Елефсен Скипаготу е прогласен за најдобар млад ракометар. Станува збор за репрезентативец на Фарските Острови кој игра за Кил. За најдобра млада ракометарка е прогласена Лена Грандво од Франција, членка на Нант.


Дибиров и следната сезона ќе игра за Загреб

Во изјава за „Balkan-handball“ левото крило на руската
репрезентација, Тимур Дибиров потврди дека, во договор со
семејството, се согласил на уште една сезона во дресот на Загреб.
Дибиров игра одлична сезона и со првакот на Хрватска ќе се бори за
четвртфинале на Лигата на шампионите во двомечот против
Монпелје. Русинот е втор најдобар стрелец во историјата на Лигата на
шампионите зад нашиот Кирил Лазаров.
Пред да дојде во Хрватска, Дибиров девет години играше за Чеховски
Медведи и девет во Вардар. Со македонскиот шампион Русинот
двапати стана европски првак.


Костески и Атанасијевиќ со повреди се вратија од Норвешка

Еурофарм Пелистер остана без двајца значајни ракометари. Ненад Костески веројатно ја заврши сезоната додека Павле Атанасијевиќ ќе биде надвор од терените најмалку три недели.

Битолчани преку официјално соопштение потврдија дека тие заработиле повреди на последниот меч од Лигата на шампионите кај норвешкиот Колштад и дека ќе мора да одат на рехабилитација.

Костески има скинат вкрстен лигамент на коленото додека Атанасијевиќ заработи фрактура на носната коска.