ракомет

Магдебург доминира во идеалниот тим на Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ), на своите официјални профили на социјалните мрежи го објави тимот на сезоната 2024/25 во Лигата на шампионите. Во гласањето учествуваа тренерите, играчите, новинарите и ракометните фанови.

Четворица дански репрезентативци се најдоа во идеалниот тим: голманот Емил Нилсен (Барселона), левото крило Емил Јакобсен (Фленсбург), десниот бек Матијас Гидсел (Фуксе Берлин) и Магнус Саугструп (Магдебург) кој е избран за најдобар дефанзивен играч.

Освен нив, во најдобриот состав се и шведскиот лево крило Феликс Клар (Магдебург), десното крило на Пик Сегед, Марио Шоштариќ, исландскиот централен бек Гисли Кристјансон (Магдебург) и францускиот пивот Лудовик Фабрегас (Веспрем).

Минатата сезона, Магдебург ја освои Лигата на шампионите откако го победи Фуксе Берлин, додека Нант ја победи Барселона во натпреварот за третото место.

ЕХФ ќе ги објави имињата на најкорисен играч (MВП) и најперспективен млад играч од минатата сезона во петок, 27 јуни.


Чави Пасквал ја презема египетската репрезентација

Египетската ракометна федерација официјално потврди дека Чави Пасквал ќе биде нов селектор на сениорската репрезентација.

Шпанскиот стратег на клупата го менува сонародникот Хуан Карлос Пастор. Од новиот селектор се очекуваат добри резултати на Олимписките игри во Соединетите Американски Држави.


Вардар ќе игра директно во групната фаза на Европската лига на ЕХФ

Македонија следната натпреварувачка сезона во Европската лига на ЕХФ ќе има најмалку еден претставник, затоа што Вардар 1961 профитираше од „вајлд-картата“ на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите и доби директно место во групите.

„Црвено-црните“ со второто место на табелата чекаа епилог што ќе биде со шампионот на Македонија, а откако тој е позитивен, тоа ги израдува и „црвено-црните“.

Вардар 1961 ќе биде директно во групите на Европската лига на ЕХФ.

Се чека на статусот со Алкалоид, кој како освојувач на Европскиот Куп на ЕХФ може да игра исто така директно во Европската лига на ЕХФ. Тимот од Автокоманда побара место во Европската лига и го чека одговорот на ЕХФ.

Ситуацијата со учесниците во групната фаза и во квалификациите на Европската лига ќе се знаат на почетокот на јули.


Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лигата на шампионите 2025/26

Тимовите со потврдено барање за надградба се: ГОГ Гудме, Нант, ПИК Сегед, Еурофарм Пелистер, Колстад и Киелце.

Директни учесници во Лигата на шампионите:
Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ,, Веспрем, Алборг, Загреб, Висла Плоцк и Динамо Букурешт

Добитници на „вајлд-карта“:
Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Нант, Киелце, ГОГ Гудме, Колштад

Барањата за надградба на лиценцата од страна на Порто, Шафхаузен и Слован не беа одобрени, што значи дека овие екипи нема да учествуваат во Лигата на шампионите, но ќе имаат право на настап во Европската лига или Европскиот Куп. Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26 ќе се одржи во петок, 27 јуни, со почеток од 15:00 часот во Виена.


Алкалоид – Охрид на стартот на новата Суперлига

Ракометната федерација на Македонија денеска со жрепка ги извлече натпреарувачките броеви за сезона 2025/26. Новата ракометна сезона почнува на крајот на авгист, а на стартот дербито е дуелот на Алкалоид и Охрид

Новата сезона во македонски клупски ракомет ќе стартува на 6 и 7 септември.

Воведното коло ќе донесе дерби пресметка меѓу Алкалоид и Охрид.

Еурофарм Пелистер ќе му гостува на Бутел, Струга ќе го пречека Вардар 1961, а преостанатите двојки се Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, Куманово – Радовиш и Пролет 62 – Тиквеш 2014.


Вардар го претстави Иван Чупиќ за свој нов предводник

Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, ја доби довербата од управата и ја презеде тренерската функција во поранешниот европски шампион. 39-годишниот Хрват денеска на официјалната прес-конференција ги изнесе неговите размислувања.

„Многу сум среќен но, и благодарен до мојот клуб Метковиќ бидејќи веднаш кога дојде повикот од Вардар ми дозволи да заминам. Сите знаете колку ми значи Вардар, Скопје и Македонија како и „Комити“. Сакам да ветам дека јас и целата моја екипа мора да понесеме одговорност, да бидеме почестени што претставуваме еден голем клуб како Вардар“ – рече Чупиќ.

„Сакам овој град повторно да заживее за Вардар. Со огромен ентузијазам и желба сакам да ги исполниме целите. Јас сум многу задоволен од тимот со кој ќе располагам. Не барам играчи, задоволен сум“ – рече Чупиќ кој работеше во Загреб и Метковиќ.


Борозан го продолжи договор со Вардар 1961

Вицешампионот Вардар 1961 денеска потврди дека со црногорскиот репрезентативец Вуко Борозан постигна договор за продолжување на соработката.

Моќниот лев бек ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во сезоната 2025/2026, што претставува големо засилување за амбициите на клубот во домашните и европските натпреварувања.

Борозан, кој повторно се приклучи на Вардар во 2024 година, со своето искуство беше еден од клучните играчи во освојувањето на Куп титулата оваа сезона


Ветеранот Трајковски потпиша за Бутел Скопје

Ракометниот голманот Благојче Трајковски следните две сезони ќе биде член на Бутел. Трајковски е поранешен репрезентативец кој во Бутел доаѓа од Алкалоид.

Триесет и осумгодишниот Трајкоски потекнува од Прилеп, бранеше во Куманово и Радовиш, потоа две сезони во МАКС Струмица, па две во Охрид, пред да се пресели во Битола, каде четири сезони беше на голот на Еурофарм Пелистер. Од 2022 година беше дел од Алкалоид.

РК Бутел претходно ја продолжи соработката со тренерот Горан Кузманоски и средниот бек Димитар Ѓеоргиевски, а се раздели со Бојан Блажески, Антонио Николоски, Драган Шољиќ, Христијан Милошески и Кристијан Давитковски.


Келентриќ е нов тренер на голмани во Вардар 1961

Македонскиот ракометен суперлигаш Вардар во петок треба да го промовира Иван Чупиќ за нов тренер на тимот. Денеска од клубот се пофалија со ново име во стручниот штаб, легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ, кој ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим. Вардаровите фанови се во исчекување на промоцијата на наследникот на Милано, како и на назначување на нов спортски директор.


Еурофарм Пелистер аплицираше за „вајлд-карта“ во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер, преку Ракометната федерација на Македонија (РФМ) достави апликација до Европската федерација на Македонија (ЕХФ) за учество на нашиот клуб во Лигата на шампионите за сезоната 2025/26.

Директни места во Лигата на шампионите имаат: Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Динамо Букурешт, Веспрем, Алборг, Загреб, Висла Плоцк и Динамо Букурешт.

За „вајлд-карта“ аплицираат: Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Нант, Киелце, ГОГ Гудме, Колштадт, Кадетен Шафхаузен, Порто, Слован Љубљана.

Одлуката за сите шеснаесет учесници се очекува на 24 јуни, а ждрепката за групната фаза е следниот петок на 27 јуни.