ракомет

Пелистерци добија златници за одличната сезона во младинската ЛШ

Со официјална вечера на младинската екипа која го претставуваше клубот, градот и Македонија во ЕХФ Лигата на шампиони за млади, шампионот Еурофарм Пелистер, означи крај на уште една успешна сезона.

По повод големиот успех и пласманот на завршниот турнир на ЕХФ Лигата на шампиони за млади, сите ракометари, членови на стручниот штаб и организацијата на клубот добија златници со логото на клубот и на натпреварувањето.

Овој златник претставува уникатен спомен и награда за импресивниот успех. На ракометарите им се обрати спортскиот директор Звонко Шундовски и техничкиот директор Горан Петровски.

Младинците на битолскиот тим со победите над Динамо Букурешт и Киелце обезбедија пласман меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите, каде забележаа порази од ГОГ Гудме и Барселона.


Мирче Калајџиевски од Еурофарм Пелистер 2 се сели во Еурофарм Пелистер!

Како и претходните години и ова лето најдобрите млади ракометари од развојната екипа ќе бидат прекомандувани во шампионскиот тим на Еурофарм Пелистер. „Мозокот“ на Еурофарм Пелистер 2, екипа која без пораз се промовира во суперлигаш, Мирче Калајџиевски е нов член на Еурофарм Пелистер.

Мирче Калајџиески има 21 години, роден во Струга, а во Битола дојде од словенечкиот клуб Слован Гросист. Висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.

Калајџиевски на крајот од јуни ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер за подготовките за сезоната 2025/26.


Египетски кружен напаѓач потпиша за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер има нов кружен напаѓач за следната сезона. Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на македонскиот првак. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.

Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.

Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.


Алем Хаџиќ е најдобар стрелец на првото издание на младинската Лига на шампиони

Средниот бек на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ е најдобриот стрелец во сезоната 2024/25 во младинската Лига на шампиони на ЕХФ.

Битолчани завршија на четврттото место на премиерното издание на Ф4 турнирот од младинската Лига на шампиони оваа сезона, а Хаџиќ со 40 гола во натпреварите со Динамо Букурешт (12 гола), Киелце (14 гола), ГОГ Гудме (4 гола) и Барселона (10 гола) го засилужи признанието.

Зад него заврши Анселмо Коладо Карион од Барселона со 35 гола, додека третопласиран е младата ѕвезда на данскиот тим Емил Соренсен со 31 постигнат гол,.


Барса го освои третото место, пелистерци со два порази и големо искуство се враќаат од Дормаген

Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа втпр пораз на „фајнал-фор“ турнирот во младинската Лига на шампиони. Во денешниот натпревар за третото место во Дормаген (Германија), битолчани загубија од Барселона со 55-28.

Алем Хаџиќ беше најсветла точка кај пелистерци со десет реализации, додека пет имаше Карло Буторац. Во таборот на Барселона „11 од 11“ имаше Карион, десет гола даде Мартин Дуке, а девет Сола Бастера.

Вчера пелистерци беа совладани од дански ГОГ Гудме со 36-21.

Младинската екипа на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе ја претставува Македонија во Лигата на шампионите.


Магдебург доминантно до европската титула во ракомет

Германски Магдебург повеќе од заслужено стигна до трофејот во Лигата на шампионите по третпат во својата клупска историја. Германскиот вицешампион ја победи Барселона во полуфиналето со 31-30, а потоа и германскиот шампион, тимот на Фухсе Берлин во финалето со 32-26 (16-12).

Во натпреварот за третото место, Нант ја победи немотивираната Барселона со 30-25.

Во тимот на Магдебург доминираа Сергеј Ернандез со 14 одбрани, Гисли Кристијансон со осум, Феликс Клар и Омар Магнусон со по шест гола. Во Фухсе Берлин, Матијас Гидсел и Хакун Тејгум постигнаа по седум гола.

Магдебург се врати на тронот по 2023 година кога последен пат се закити со европската круна.


Германско финале на завршниот турнир на ЛШ во Келн

Luis Diogo DA SOUSA FRADE, Felix CLAAR, Antonio SERRADILLA, Dika MEM and Magnus Saugstrup JENSEN, SF2 – Barça vs SC Magdeburg, TruckScout24 EHF FINAL4 2025, Cologne, Germany, 14.06.2025, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Бундеслигашите Фуксе Берлин и Магдебург ќе играат во финалето на годишното издание на „фајналфор“ турнирот во Келн.
Видео:Германско финале во ракометната Лига на шампиони, Барса „падна“ по последната секунда

Ова е епилогот по двете денешни полуфинални средби во кои германските екипи ги совладаа своите ривали од Франција, односно од Шпанија.

Во првото полуфинале Фуксе Берлин го „растури“ Нант со 34-24.

Вториот германски претставник на завршниот турнир во елитното ракометно натпреварување, славеше минимален триумф над Барселона со 31-30. Магдебург ја доби фаворизираната Барселона со гол во последната секунда од мечот.

Финалето ќе се игра утре со почеток во 18:00 часот. Три часа претходно е дуелот за третото место.


ГОГ Гудме пресилен, Еурофарм Пелистер ќе игра за трето место во ЛШ

, YHC – SF1 – HC Eurofarm Pelister vs GOG , TruckScout24 EHF FINAL4 2025, Cologne, Germany, 14.06.2025, Mandatory Credit © Axel Heimken / kolektiff

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес загубија од загубија ГОГ Гудме од Данска со 36-21 во полуфиналето на завршниот турнир во младинската Лига на шампиони. Данскиот тим ја диктираше играта и ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар.

Веќе по првите 30 минути ГОГ Гудме водеше со пет голови предност, за на крај предноста да биде убедлива.

Најдобар стрелец кај ГОГ беше Емил Соренсен со осум гола, а Виљас Карбо имаше шест, додека кај пелистерци, Алем Хаџиќ и Карло Буторац стрелаа по четири пати

Во натпреварот за трето место Еурофарм Пелистер утре ќе се сретне со Барселона.


Чупиќ ја презема клупата на Вардар

Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, кој од измината сезона самостојно влезе во тренерските води и работеше во тимот на Метковиќ, ќе биде нов тренер на „црвено-црните“.

Хрватот деновиве треба да допатува во Скопје и да го преземе кормилото на поранешниот европски шампион.

Ќе потсетиме дека Чупиќ со Вардар освои 4 титули во домашното првенство, три пехари во националниот Куп, исто толку во Супер Купот, два пати се израдува на титулата во Лигата на шампионите и три пати на трофејот од СЕХА лигата.


Стефан Лазаревски доби четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер

Одличната сезона во сите категории на Еурофарм Пелистер обврзува клубот да продолжи со развојот и со екипирањето.

„Посебен акцент ставаме на младите категории и генерацијата која стигна до самите европски врвови. Младото лево крило Стефан Лазаревски се обврза на четиригодишен договор со нашиот клуб и следната сезона ќе биде дел од новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.

Лазаревски е дел од тимот на Фарук Мемиќ и Кире Митревски, кој е кадетски шампион, младински вицешампион на Македонија и се пласира на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн“, се вели во соошштението на клубот.

Младото лево крило ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2 во третата недела од месец јули.