ракомет

Охрид се засили од Алкалоид, потпиша со Давид Савревски

Ракометниот суперлигаш ГРК Охрид продолжува со ангажман на нови играчи. Најново засилување за Охриѓани е македонскиот репрезентативец Давид Савревски.

„Давид Савревски ново име во редовите на ГРК Охрид! Македонскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек (195цм) и има само 22 години. Стави потпис со „гладијаторите” на миниум 2 години“, објави ГРК Охрид.

Савревски во новата клупска средина доаѓа од Алкалоид по три сезони и настапи во Европските купови, а пред тоа играше и за Вардар.

Сезоната 2024/25, ГРК Охрид ја заврши на 4.место и обезбеден пласман во евро-куповите следната кампања.


Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула во Голд Фелиција

Во Голд Фелициа во Битола, на осми јуни со свечена прослава Еурофарм Пелистер ја прослави шампионската титула и го означи крајот на тековната сезона.

На прославата покрај играчите и стручниот штаб беа присутни спонзорите и поддржувачите на клубот. На настанот свое обраќање имаа челните луѓе на клубот како и градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски, кои им се заблагодарија на сите играчи за нивниот максимален влог во текот на сезоната кој триумфираше со освојувањето на шампионската титула.

Со шампањ, кетеринг закуски подготвени од страна на Голд Фелициа и заеднички фотографии за спомен на добрата сезона се заокружи свечената прослава на РК Еурофарм Пелистер клубот кој го етикетира градот Битола како ракометен град.


Кузмановски: Македонија е зелено-бела, Битола ќе слави титула три дена!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја одбранија титулата во домашниот шампионат откако во решавачкиот меч забележаа победа на гостувањето кај Вардар со 30-32. Во победничкиот состав Кузмановски постигна седум, а Пешевски и Тајник по пет. гола На крајот на шампионатот Еурофарм Пелистер го обезбеди врвот со два бода предност пред „црвено-црните“.

По победата своите импресии ги изнесоа капитените на Еурофарм Пелистер, Кузмановски и Митревски.

Филип Кузмановски
Верував во екипата, од почетокот до крајот и се надминавме. Ова е најдрагата титула за мене, за мојот матичен клуб, за мојот град и за нашите навивачи. Поминавме многу заедно и заслуживме да дојдеме каде што сме. Вечерва Македонија е „зелено-бела“. Ќе славиме титула три дена.

Никола Митревски
Сакам да им честитам на сите присутни во салата. Покажавме дека можеме да организираме натпревар со врвна организација и однесување на теренот и трибините. Имавме тешка сезона, големи падови, но кога требаше се издигнавме. Верувавме дека можеме, а кога веруваш сè е можно. На претходните два порази од Вардар 1961 сите ничии топки завршуваат кај нив. Денес сите тие топки завршија кај нас, имавме спортска среќа и затоа победивме. Вардар беше под притисок, ние немаше што да загубиме и покажавме карактер.

Осуммина пелистерци со трите шампионски титули во Суперлигата!

Со голема драма во сите три сезони и со различни тренери на клупата Еурофарм Пелистер комплетираше хет-трик на трофеи од домашниот шампионат. Мала е групата на ракометари и членови на стручниот штаб кои ги освоија сите три титули. Во генерациите 2022/23, 2023/24, 2024/25 учествуваа: Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески, Павле Петровиќ и Жарко Пешевски. Исто така дел од трите шампионски генерации се тренерот на голмани Ице Соколески, спортскиот директор Звонко Шундовски, кондициониот тренер Александар Марковски и физиоперапевтот Филип Милевски.

Секако, трофеите се под палката на семејството Стерјеви и компанијата Еурофарм, која е сопственик на мнозинскиот пакет акции на Еурофарм Пелистер. Дел од акциите има и Општина Битола, која секоја година несебично го помага клубот и повеќе од потпишаниот договор. По потпишувањето на платформата за ракометна Битола има само еден трофеј кој пелистерци не го освоиле – тоа е Купот на Македонија.


Еурофарм Пелистер среде Скопје ја одбрани шампионската титула!

Еурофарм Пелистер е старо-нов шампион на Македонија. Битолчани вечерва во Скопје го совлада Вардар со 30-32 и стигнаа до трофејот.. Победата пелистерци ја обезбедија во второто полувреме. Првото им припадна на домаќините со 17-15, а имаа и пет гола предност (15-10). Сепак, во вториот дел Еурофарм Пелистер беше подобар противник, одигра поагресивно во одбраната, нападот беше потечен за конечен триумф вреден титула.

Најефикасен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски, кај вардарци се истакна Вуко Борозан со осум погодоци.

Ова е деветта титула за пелистерци и прв хет-трик на трофеи на домашни трофеи од шампионатот.


Богдан Радивојевиќ го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер

Ростерот на Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.

32-годишниот Радивојевиќ освојувал трофеи секаде каде што настапувал. Во Партизан, Рајн Некар Левен, Флензбург, ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер, Радивојевиќ остави голема трага и затоа огромно е задоволството што нашата соработка ќе продолжи.

Радивојевиќ во сезоните 2023/24 и 2024/25 одигра 27 натпревари за Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, а минатата сезона го освои и шампионатот на Македонија.


Алкалоид на „зелена маса“ го освои Европскиот Куп

Алкалоид на „зелена маса“ го доби пообедничкиот пехар во Европскиот Куп откако ЕХФ одлучи да го регистрира неодиграниот реванш – меч од финалето против АЕК со службени 10:0 за нашиот тим бидејќи грците одбија да истрчаат на теренот.

Тоа значи дека екипата предводена од тренерот, Кире Лазаров, со две победи 29-25 во Грција и служените 10:0 во реваншот, официјално е прогласена за победник во натпреварувањето под капата на ЕХФ.

Во соопштението се наведува дека македонскиот тим ќе биде казнет поради одбивањето да обезбеди доволен број на влезници за гостинските навивачи а противникот за самоволието да не излезе на теренот со што се прекршени правилата на ЕХФ. АЕК може да поднесе жалба до Апелациониот суд на ЕХФ во рок од седум денови.


Еурофарм Пелистер и десеткуван ја освои Автокоманда

Еурофарм Пелистер на претпоследниот натпревар во оваа ракометна сезона ја победи екипата на Алкалоид во Скопје со 23-29 (14:18). Првакот играше без капитенот Кузмановски, Абутовиќ, Ивиќ и Мохамед Мамдух, кои заради повреда го скокнаа овој дуел. Натпреварот се отвори изедначено до 6-6, но во финишот на полувремето, со дав гола на празна мрежа Еурофарм Пелистер на полувреме замина со 14-18.

Во продолжението тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, во 40. минута заработи црвен картон. Алкалоид потоа дојде до 20-21, но немаше сили за пресврт. Брестовац одбрани неколку топки и гостинот дојде повторно до +4 (21-25). Еурофарм Пелистер до крајот смирено запиша значајна победа.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Дејан Манасков и Урош Борзаш со по пет, пред Усама Хосни со четири гола.

Во последното одлучувачко коло Еурофарм Пелистер в сабота гостува во Скопје против Вардар 1961, во натпревар во кој влогот е шампионска титула.


Стевче Шулески потпиша за Еурофарм Пелистер 2!

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Средниот бек на Тиквеш доаѓа во таборот на новиот суперлигаш и од следниот месеџ ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков.

Се работи за 20-годишен ракометар, роден во Струга, кој во претходните сезони го носеше дресот на Тиквеш. Висок е 180 сантиметри и летово ќе ја репрезентира Македонија на Светското младинско првенство во Полска.

Неговото претставување во Битола е предвидено на почетокот на подготовките на Еурофарм Пелистер 2 на крајот од месец јули.


Николов и Начевски ќе го судат дербито за титула во Скопје

Ракометната федерација на Македонија ги одреди судиските парови за завршницата на сезоната во Суперлигата.

Она што многумина ги интересира се судиите за дерби пресметките оваа седмица. В среда од 19:00 часот во салата „Автокоманда“ екипата на Алкалоид ќе биде домаќин на Е,Пелистер.

За овој натпревар делегирани се арбитрите кои делеа правда во финалето на Купот на Македонија, а тоа се Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Иако протоколот за избор на судии беше преку ждрепка, поради важноста на „вечното“ дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер в сабота, РФМ одлучи без влечење за овој натпревар да се делегираат нашите најдобри судии Ѓорѓи Николов и Славе Начевски. Дербито во Скопје се игра в сабота од 19:30 часот.


Вардар 1961 доминантно го освои Купот на Македонија во ракомет

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат Купот на Македонија. Во финалето во Охрид поуспешен беше тимот на Вардар 1961, кој извојува победа од 31-27. Во текот на сите шеесет минути битолчани го ловеа водството на противникот, а голем хендикеп во вториот дел беше и повредата на столбот на одбраната Илија Абутовиќ.

Дуелот во Охрид го реши одбраната на Врадар и голманот Фереира Еспиња, кој блесна во втората половина од второто полувреме. Во вториот дел Вардар ја одржуваше предноста, во 37.минута ја врати највисоката предност од пет гола, која на крајот рутински ја одржа.

Богдан Радивојевиќ беше најефикасен играч на натпреварот со осум реализации, додека кај Вардар одлични со по шест гола беа Томислав Јагуриновски и Младен Крсманчиќ.

До крајот на сезоната остануваат уште две кола во плеј-офот, а Еурофарм Пелистер гостува кај Алкалоид и Вардар 1961.