ракомет

Лазаров: Велат дека среќата се заслужува, веројатно ние сѐ уште не сме ја заслужиле!

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа првичните свои импресии по нерешените 29-29 попладнево со Австрија. Лазаров вели дека може да сме среќни што освоиле бод, но и во истовреме да жалат за тоа што пропуштиле шанса за водство во самата завршница по промашениот пенал на две минути пред крајот.

„Првите импресии се поделени, може да бидеме среќни затоа што постигнавме гол, но може да бидеме незадоволни затоа што промашивме пенал за водство. Ако постигнавме гол, ќе бевме во предност, но тоа е во моментов, не нè следи среќата. Велат дека среќата ги следи тие што ја заслужиле, најверојатно не сме ја заслужиле сè уште. Горд сум на момците затоа што одиграа егал натпревар, покажаа дека знаат да играат против една ‘досадна’ Австрија, која знае што сака во секој натпревар. Сепак, не паднавме психолошки, бевме точни и реализаторски расположени, но не знаевме да одговориме во одбраната ‘седум на шест’. Исто така, очекував нашите голмани да бидат подобри, иако досега имаа коректен турнир. Задоволен сум, но жалиме за Унгарија и Австрија“, кажа Лазаров.

Лазаров откри дека дел од репрезентативците имале и здравствени проблеми.

„Митревски денеска беше под температура, Јагуриновски остана во хотел, Костески исто така имаше проблеми. Како е за сите, така е и за нас, имаме состав и ќе се обидеме за два дена да одиграме уште еден квалитетен натпревар“, вели селекторот.

Утре е слободен ден за селекциите од групата во Вараждин и репрезентативците ќе ја искористат да се одморат и да ја започнат подготовката за дуелот со Катар в четврток.


Кузмановски со звукот на сирената донесе реми против незгодната Австрија

Македонската ракометна репрезентација се наоѓаше пред пораз од Австрија на Светското првенство, но капитенот Филип Кузмановски распали од огромна далечина во последната секунда од натпреварот и извлече реми 29-29. Во драматичен натпревар со резултатска „вртелешка“, нерешениот резултат можеби е и најреален исход по големата битка на Македонија и Австрија.

Марко Митев со шест голови беше најефикасен во македонскиот табор, Жарко Пешевски постигна пет, а Кузмановски имаше четири погодоци и пет асистенции. На голот Кизиќ имаше шест, а Митревски три интервенции.

Македонија сега во рамки на групата 2 од главната фаза има два бода, еден што пренесе од првата фаза и еден по денешното реми. Во четврток ќе бараме победа против Катар, а натпреварот го играме во истиот термин како и денеска во 15:30 часот.


Со повреди и Јуртсевен, големи проблеми за Атаман под обрачите

Панатинаикос има големи проблеми со повреди оваа сезона и тоа е причината што во моментов не е повисоко рангиран во табелата во Евролигата.

Се чини дека најголем проблем е отсуството на првиот центар, можеби најдобриот во моментов во Евролигата, Матијас Лесор, а од синоќа, одреден период ќе паузира и неговата замена, Омер Јуртсевен. .

Јуртсевен се повреди во дербито против Олимпијакос во грчкиот шампионат. Според информациите од клубот тој се здобил со фрактура на стапалото.

„Ќе биде надвор од терените месец или два“, изјави тренерот Ергин Атаман по натпреварот.

Атаман веднаш потврди дека клубот бара нов центар


Македонија и Австрија ја отвораат втората фаза на Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација денес со натпреварот против Австрија го продолжува својот настап на СП во ракомет во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашите ракометари денес на стартот на главната рунда играат против селекцијата на Австрија, натпревар кој може да ни донесе многу, а тоа е да се вмешаме во битка за подобро место во нашата група. Македонија во првите три натпревари имаше една победа, еден пораз и еден нерешен резултат, а Австрија славеше на две средби, а загуби единствено од фаворитот Франција.

Македонските ракометари имаа можност во текот на вчерашниот ден да се подготват за оваа средба која ја играме со селекција против која можеме да се надигруваме. Австријците имаат проблеми поради повредите на неколку клучни играчи, но сепак се работи за квалитетна репрезентација. Доколку сакаат да забележат победа, нашите ракометари ќе треба да ја повторат добрата игра против Унгарија и Холандија и да одиграат максимално сконцентрирано во сите 60 минути од натпреварот.

Средбата меѓу Македонија и Австрија се игра денес од 15:30 часот во „Арена Вараждин“.


Лазаров: Патот станува се потежок, но со нашите навивачи сѐ е можно

Денес почнува главната групна фаза на Светското првенство во ракомет, на кое домаќини се Данска, Норвешка и Хрватска. Честа да ја отворат оваа фаза ја имаат македонските ракометари, кои попладнево од 15:30 часот ќе се сретнат со Австрија.

Тој се осврна и на предизвикот што го носи денешниот дуел со селекцијата на Австрија.

„Австрија е репрезентација која знае што сака во секој дел од мечот. Двајца важни играчи им повредени што е секако плус за нас, ќе пробаме тоа да го искористиме. Но, без разлика на се, нивниот систем функционира во сите фази на ракометната игра и доста сме претпазливи, се надевам дека подготвени ќе го дочекаме мечот. Ќе биде тешко, исцрпно… Мора да бидеме физички и ментално спремни, треба да го одработиме мечот квалитетно. Што се однесува до навивачите мора да ветиме дека ќе бидеме борбени, се надевам дека македонските навивачи ќе дојдат, можеби не во толкав број како од групната фаза, тие ќе бидат наша додадена вредност. Ние секогаш очекуваме победа, некогаш сме реални некогаш не, но затоа тренираме“, вели македонскиот селектор.

Се очекува на трибините нов контингент на македонски навивачи и со сигурност повеќе наши од австриски фанови.


Шпанија чудесно избегна пораз против Шведска во Осло

Со спектакуларниот натпревар меѓу Шведска и Шпанија во Ф групата заврши првата фаза на 29. Светско првенство во ракомет. Шведска и Шпанија одиграа без победник 29-29, двете репрезентации во главната фаза носат по три бода, без бодови натпреварите во новоформираната група ќе стартува Чиле. Г групата ја освои Исланд, кој носи четири бода во втората фаза. Исланѓаните вечерва целосно ја надиграа Словенија и славеа со 23-18.

Шведска и Шпанија го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од турнирот. Швеѓаните доминираа 45 минути, на крајот не победија.

Шведкса ја градеше својата предност од самиот почеток, највисоката разлика изнесуваше седум гола. Шпанците не сакаа да се предадат, а селекторот Џорди Ривера уште еднаш ја покажа својата класа.

Во последните 15 минути Шпанците го пореметија шведскиот напад со одбраната 3-2-1, а уште поголем проблем имаа Швеѓаните со нападот на противникот „седум на шест“.

Мечот беше решен во последните 20 секунди. Откако Екберг реализираше седмерец за водство на Шведска 29-28, на шест секунди до крајот 29. гол за Шпанија го постигна Алекс Душебаев, а потоа неговиот брат Даниел го одбрани шутот од центар на Мелер.

Втпрата фаза ќе биде интересна во новоформираната четири бода пренесе Португалија, по три Шведска и Шпанија, два Бразил, а без бодови се Норвешка и Чиле.


Лазаров: Митев ќе биде подготвен за Австрија

Кирил Лазаров пред почетокот на главната рунда испрати важна порка, а тоа е дека Марко Митев треба да биде подготвен за мечот со Австрија, кој се игра утре со почеток во 15:30 часот. Против Гвинеја успеа да ги одмори поискусните во составот. Митев поради повреда која не е од сериозен карактер не настапи на оваа средба. Истата бара претпазливост, па затоа било одлучено да не се ризикува.

„Имаме искуство од вакви турнири, добро ги менаџираме работите. Против Гвинеја ги сочувавме Митревски, Маркоски, Пешевски, Митев, Лазаревски и Велковски. Митев има ситна повреда, не можеше да игра на вчерашниот меч, можевме да ризикуваме ама не го сторивме тоа. Познавајќи го него и неговиот карактер се надевам дека ќе опорави 80%“, изјави нашиот селектор.

Покрај Австрија, Македонија во главната рунда ќе ги одмери силите со Катар и Франција.


ИХФ ги смени саатниците за главната групна фаза

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги промени саатниците за натпреварите од главната рунда во групата на Македонија.

Иако требаше Македонија да игра два пати во 18:00 часот според првичниот распоред, сепак ИХФ ги промени саатниците и сега нашата селекција ќе игра во 15:30 часот.

Натпреварот против Австрија е закажан за 21 јануари од 15:30 часот, додека против Катар дуелот е на 23 јануари исто така во 15.30 часот. Единствено терминот за мечот со Франција остана во претходниот термин, а тоа значи дека на 25 јануари (сабота) Македонија ќе игра против Франција со почеток во 20:30 часот.

Сите натпревари од нашата група се играат во Арена Вараждин, што значи дека навивачите и ракометарите не менуваат локација.


Лазаров: Можевме многу подобро, но треба да бидеме задоволни со победата

Селекцијата на Македонија очекувано и без никакви проблеми вечерва ја совлада Гвинеја (29-20) со што го официјализира пласман во втората фаза на СП во Вараждин, каде што ќе продолжи во група заедно со Франција, Катар и Австрија, како и Холандија и Унгарија со кои веќе игравме.

Нашите момци не блескаа против аутсајдерот, ниту, пак, победија со двоцифрена позитива како што се очекуваше, но тоа не го загрижи селекторот Кирил Лазаров.

„Треба да бидеме задоволни со победата, иако можевме и многу подобро. Промашивме речиси 20 удари, од кои 15 беа од изградени позиции. Да игравме со поквалитетен противник не би победиле ако промашувавме толку многу. Добро е што ги зачувавме и одморивме поискусните ракометари пред следните натпревари. Нè очекуваат тешки борби, ни треба многу енергија, треба да бидеме среќни и задоволни. Жал ни е што освоивме само еден бод против Унгарија, но тоа е минато, се подготвуваме за дуелот против Австрија во вторник. Благодарност до навивачите кои ни даваат голема поддршка. Ритамот е брз на сп, утре ќе правиме анализа за следниот меч со Австрија, но ова е неискусна и млада репрезентација, не можам да кажам колку ќе го прифатат тоа за краток период. Сепак, тука се навивачите и веруваме дека ќе ни помогнат“, изјави селекторот Лазаров.

Дуелот против Австријците ќе го одиграме во вторник со почеток од 18:00 часот.


Македонија пресилна за Гвинеја, обезбедено место во главната групна фаза

Македонската ракометна репрезентација ја оствари првата победа на Светското првенство и ја совлада Гвинеја со 29-20 во рамки на последното, третото коло, во рамки на групата Д. Со овој триумф Македонија го чекираше билетот за главната фаза на турнирот, каде ќе разигруваме со најдобрите три селекции од групата Ц, а тоа се Франција, Австрија и Катар.

Македонија во главната фаза пренесува само еден бод, освоен против селекцијата на Унгарија. Следниот натпревар го играме против Австрија во вторник, потоа во четврток се соочуваме со Катар, а во последното коло од главната фаза во сабота ќе ги одмериме силите и со фаворитот Франција. Сите натпревари повторно ги играме во Вараждин.