Европската ракометна федерација (ЕХФ) на последниот состанок донесе одлука да направи промена околу начинот на кој што клубовите ќе учествуваат во новата сезона во Лигата на шампионите.
Заради многуте проблеми со финансиите низ сезоните на повеќе клубови што во некои случаи донесе откажување и среде сезона, ЕХФ ќе бара финансиска гаранција од клубовите кои ќе играат во елитата и кај мажите и кај дамите.
Клубовите кои ќе сакаат да играат во елитата ќе мора да приложат документација дека имаат средства да ја доиграат сезоната во Лигата на шампионите без проблеми.
Исто така, за да се задржи регуларноста, донесена е одлука мечевите од последното коло во Лигата на шампионите ќе се играат во ист термин.
Пораз од четири разлика за македонските ракометарки во Полска
Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби во Полска со 22-18 во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство.
Извонредните последни 10 минути ја оставија Македонија во игра за пласман на Мундијалот.
Полска го диктирраше ритамот на мечот, ја стекна првата сериозна предност со серија од три гола (8:4). До крајот на полувремето Послка постигна уште шшест,а Македонија четири гола (14:8).
По исто сценарио се одвиваше и вториот дел, Послак со мини серии ја зголемуваше предноста. Се чинеше дека Македонија ќе доживее дебакл кога стигна до двоцифрена предност (21:11, 22:12).
Сепак последните 12-13 минути апсолутно и приоаднаа на Македонија, со серија 6:0, за конечни 22:18 и надеж дека во Битола ќе може да се надополни негативата.
Тиагус Петрус ја менува Барса со Веспрем
Унгарски Веспрем за следната сезона ги обезбеди услугите на еден од најдобрите ракометни дефанзивци во моментотм Тиагус Петрус.
По седум сезони бразилскиот ракометар ќе ја замени Барселона и ќе ја продолжи кариерата во Унгарија.
Според пишувањата на Расмус Бојсен, Петрус со унгарскиот гигант се договори за договор „една плус една“ година. Брзилецот се очекува да стави потпис на соработката во следните денови.
Премија од 1,5 милиони денари ако ракометарките ја елиминираат Полска
Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија одреди премија од 1.500.000 денари за евентуален пласман на женската репрезентација на Светското првенство кое ќе се одржи во 2025 година.
Оваа одлука беше споделена во соопштението на Ракометната федерација на Македонија.
„Ве известуваме дека Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 07.04.2025 година донесе одлука за доделување на парична награда.
Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за македонската сениорска женска ракометна репрезентација за успешен пласман на претстојното светско првество преку квалификациски бараж натпревари против репрезентацијата на Полска во рамки на Women’s World Championship 2025 – Qualification Europe Phase 2 во висина од 1.500.000,00 денари нето износ“, стои во соопштението на РФМ.
Бараж натпреварите против Полска ќе бидат одиграни на 9. април во Кошалин и 12. април во Битола.
Барселона ќе го ангажира Венсан Жерар
Vincent GERARD of France celebrate during the EHF Euro 2024 Qualifying match between Poland and France on March 8, 2023 at Ergo Arena in Gdansk, Poland. (Photo by Hugo Pfeiffer/Icon Sport)
Шпанскиот великан Барселона разгледувал повеќе опции за голманската позиција и на крајот било решено дека најдобра солуција е де се убеди легендарниот Венсан Жерар да ја прекина пензијата и да помогне до јуни.
„Мундо Депортиво“ тврди дека преговорите со Жерар се во финална фаза и 38-годишниот Французин наскоро ќе биде промовиран како голманско засилување на Барса.
Перез де Варгас ги скина лигаментите на коленото на 15. февуари на дуелот со Бидасоа, па сценариото со Жерар копија на ангажирањето на Шчесни, кој ја прифати понудата на Барселона непосредно откако најави крај на кариерата. Тој го менува Марк-Андре Тер Штеген.
Раул Алонсо: Уште ништо не сме освоиле, Охрид е квалитетна и незгодна екипа
По тешко издвојуваната победа во Кавадарци во четвртокот, екипата на Еурофарм Пелистер засилено се подготвува за дуелот од второто коло на плеј-офот против Охрид на гостински тренер. Тренерот Раул Алонсо зборуваше пред новинарите пред последниот тренинг и опомена дека на ниту еден ривал нема да му биде лесно на теренот на охриѓани.
„Се подготвуваме натпревар по натпревар, знаејќи дека сме во добра позиција. Во октмври и ноември бевме во сосема поинаква позиција, но стигнавме до првото место и имаме бод предност. Но, тоа не значи ништо. Може да не ни биде предност и мора да бидеме претпазливи и да ја браниме првата позиција секоја недела. Видовме пред неколку дена против Тиквеш. Беше тешко да се победи, бидејќи нашиот ривал силно се бореше. По полниот со натпревари февруари и нешто помирен март, сега сме пак во натпреварувачки ритам. Имаме големи очекувања, но ништо не сме освоиле. Имаме еден бод предност, но и уште девет натпревари и ќе биде тешко уште в недела во Охрид.
Оваа екипа покажа пред седум недели дека се одличен тим, имаат супер-атмосфера во салата во Охрид, прават голем притисок и ова е еден од тимовите кои секогаш можат да победат против најдобрите. Го знаеме нивниот квалитет, ќе биде тешко, но знаеме и дека поседуваме квалитет. Сигурни сме во одбраната и имаме уште малку време да го подготвиме натпреварот.
Секогаш сум среќен кога нашите навивачи нè бодрат насекаде. Откако сум во Битола ја чувствувам нивната поддршка, потребни ни се и нека продолжат така до крајот на сезоната“, рече Раул Алонсо.
Дуелот Охрид – Еурофарм Пелистер ќе го судат браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола.
Барса неочекувано загуби во АСОБАЛ лигата од Грањолерс
Ракометарите на Гранолјерс приредија вистинска сензација во шпанската АСОБАЛ-лига, на гостински терен успевајќи да слават на каталонското дерби против шампионот Барселона со 30-31.
Во салата беа присутни речиси 3.000 навивачи на Барса, собрани да ја прослават 15. титула во низа што требаше математички да биде осигурана со победа над каталонскиот ривал.
Сепак, гостите ги шокираа присутните со фантастична игра, успевајќи да го земат големиот скалп со голот што во финишот го постигна ветеранот Антонио Гарсија, кој летово ќе ја заврши својата блескава кариера.
За големината на сензацијата најдобра потврда е фактот дека Барселона седум години не знаеше за пораз во АСОБЛА-лигата, а последниот пораз исто така го претрпе од Гранолјер, тогаш со 28-29 со голот што го постигна Бернатонис.
Гркот Лапис потпиша за Охрид
Грчкиот репрезентативен кружен напаѓач Николас Лапис и официјално е нов член на ГРК Охрид. Од клубот денеска го потврдија трансферот, во обид следната сезона да формираат моќен ростер кој ќе ја засили конкурентноста за шампионската титула.
Лапис е 25-годишен ракометар висок 192 сантиметри, а доаѓа од грчкото првенство каде настапуваше во дресот на Олимпијакос. Првиот пивот на грчката репрезентација се обврза на верност од минимум 2 години со ГРК Охрид.
Срдановиќ ќе го замени Вардар со Војводина
Левото крило на Вардар, Марко Срдановиќ, најверојатно ќе си замине од Скопје по завршувањето на сезоната.
Според пишувањето на српски „Журнал“, Срдановиќ ќе биде замена за Ахмед Сеса, кој го напуштил тимот на Војводина и заминал во Бундеслигата каде ќе ги брани боите на Вецлар.
Тиквеш „скршен“ во вториот дел, Еурофарм Пелистер победнички го почна плеј-офот
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во плеј-офот во Суперлигата и тоа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.
Гостите од Битола триумфираа со 27-32 во средба во која првиот дел донесе далеку поизедначена игра и минимална предност на фаворитот од 15-16 на паузата, но по одморот актуелниот првак се одлепи и потоа немаше проблеми да го сочува стекнатото водство.
Најефикасен играч беше репрезентативецот Кузмановски со дванаесет гола, додека на другата страна Кривокапиќ имаше десет реализации.
Во следното коло Еурофарм Пелистер гостува кај Охрид, в недела од 18:00 часот.