ракомет

Охрид се засили со Хрватот Иванковиќ

Хрватскиот ракометар Анте Иванковиќ е новото засилување за ГРК Охрид од сезона 2025/2026. Иванковиќ денес потпиша договор со важност две години почнувајќи од следната сезона.

Дваесет и четиригодишниот Иванковиќ е дел од поширокиот состав на хрватската репрезентација под кормилото на Перковац и Сигурдсон, а ги има поминато и сите младински категории на репрезентацијата на Хрватска.

Хрватот во ГРК Охрид доаѓа од Штутгарт по две минати сезони, а пред тоа бележеше одлични настапи во тимот на Целје во Лигата на шампионите постигнувајќи 80 голови во две сезони. Пред Целје својата кариера ја има започнато во Дубрава (Хрватска).


Вардар 1961 потпиша со трет полски ракометар

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанаковски. 23-годишниот ракометар се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.

Покрај играњето во екипата на Квиџин каде сега настапува, Јанковски бил член и на Висла каде беше дел од составот што беше пријавен за настап во ЕХФ лигата на шампионите во сезоната 2019/2020, а има настап и во квалификациите за Лига Европа во 2022/2023, објави РК Вардар.

Неколку години Јанковски е дел од сениорската репрезентација на Полска, се наоѓа на поширокиот список, а минатиот месец настапи и на дуелот со Полска во квалификациите за ЕП 2026. Претходно беше на располагање на полскиот селектор и за квалификациите од ЕП 2025 и СП 2025.

Сезонава Јанковски има постигнато 63 гола, 15 асистенции и процент на реализација од 76 отсто на упатените удари.


Кил остана без Рајкинд до крајот на сезоната

Kiel, 7. Mai 2023. In der LIQUI MOLY Handball-Bundesliga trifft der THW Kiel (weiß) auf die TSV Hannover-Burgdorf (blau). Harald Reinkind ballt seine Fäuste und schreit dabei laut.

Германскиот ракометен гигант Кил нема да смета на десниот бек Харалд Рајнкинд, кој има скршеница на дланката и ќе мора да оди на операција.

Тоа веројатно значи дека е загубен до крајот на сезоната, па Јиха ќе мора да се снаоѓа само со Емил Мадсен.

Кил ќе игра во четвртфиналето на Лигата на Европа против францускиот Лимож во битка за Ф4, но во Бундес лигата заостанува пет бода зад лидерите Фуксе Берлин и Хановер.


Познати шеширите за четвртфиналната фаза од Купот на Македонија

Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи на Купот на Македонија во ракомет. Пред ждрепката познати се квалитативните шешири.

Куп на Македонија 2024/25
групна четвртфиналнафаза:

Шешир 1: Еурофарм Пелистер, Алкалооид Ракомет, Вардар 1961, Охрид
Шешир 2: Тиквеш, Бутел Скопје, Пролет, Струга
Шешир 3: Еурофарм Пелистер 2, Мулти Есенс, Прилеп, Куманово
шешир 4: Радовиш, Партизан Гевгелија, Аеродром, Борец Фруитленд

Натпреварите од групната фаза ќе се одиграат на 26/27 април, а завршниот турнир ќе се игра од 15 до 18 мај.


Партизан и АЕК ќе го преиграат дуелот на неутрален терен

Ракометниот натпревар меѓу Партизан и грчки АЕК во рамките на четвртфиналето на Купот на ЕХФ е одложен поради инциденти во салата Бањица.

По тој повод 24 часа подоцна се огласи и Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Според соопштението на Европската ракометна федерација, реваншот ќе се игра, но на неутрален терен.

„ЕХФ во понеделник одлучи да го премести натпреварот на неутрален терен, ниту во Србија, ниту во Грција. Точната локација и време ќе бидат објавени во догледно време. Со оглед на се она што се случуваше во недела навечер, ЕХФ размислува натпреварот да се одигра без публика. Сепак, ќе биде покрената правна постапка за се она пто се случи во салата на Бањица“, се вели во соопштението.

Натпреварот требаше да започне во 18 часот во салата Бањица, но навивачите на Партизан фрлија неколку топовски удари на теренот, поради што реваншот не започна навреме, а потоа се претвори во двочасовно чекање, откако играчите на АЕК одбија да излезат на теренот.

Ракометарите на Партизан ги молеа своите симпатизери да се вратат во спортските рамки на навивање, но тоа не се случи.

На првиот натпревар во Атина, исто така во многу тензична атмосфера, АЕК го совлада Партизан со резултат 27:22.


Лазаров: Огромен успех за македонскиот ракомет, тоа ме прави горд

Екипата на Алкалоид се избори за место во полуфиналето од Европскиот куп каде што ќе игра против екипата на Рунар од Норвешка.

По денешната победа, Лазаров не го криеше задоволството.

-Среќен сум и задоволен, можеби се уште не ја чувствувам таа среќа, немаме ни време да се израдуваме за два дена ни започнува плеј-офот во првенството. Но, тоа е така во професионалниот спорт на највисоко ниво. Мислам дека ова е голем успех за самиот клуб, ракометарите и за македонскиот ракомет затоа што еден клуб составен од 95% македонски ракометари и најмногу млади ќе игра полуфинале во едно европско натпреварување. Навистина тоа ме прави горд, се надевам и луѓето во клубот,рече Лазаров.

На момците им честиташе за пожртвуваноста, борбата, играта и пласманот во полуфиналето.

-Во дадени моменти се чувствува дека ни фалат рутина и искуство да бидеме подобри. Како и да е ова огромен успех. Во полуфиналето против Рунар со оние информации што ги имам досега, не сум ги гледал, очекувам атомски ракомет. Се надевам во иднина ќе прикажуваме и подобри изданија, иако свесен сум дека нема да биде лесно затоа што во составот го немаме и нашиот можеби најдобар ракомет, Марко Митев, рече Лазаров.


Главеш го одби Флезбург за да остане во Загреб

Хрватскиот ракометен репрезентативец Филип Главаш нема да го напушти Загреб како што беше претходно најавено.

Иако неговата преселба во германски Флензбург беше веќе договорена за летото 2025 година, брилијантното десно крило реши да остане во редовите на хрватскиот шампион.

Главаш го привлече вниманието со одличните настапи на Светското првенство во 2025 година, каде со репрезентацијата на Хрватска го освои сребрениот медал.

Неговата напаѓачка ефикасност и брзина го направија интересно засилување за врвните европски клубови.


Алкалоид моќно до полуфиналето на Европскиот Куп

Ракометарите на Алкалоид го направија најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираа во полуѕфиналето во Купот на ЕХФ.

Тие денеска на домашен терен го совладаа Баја Маре со 32:25 откако одиграа одличен меч. Избраниците на Кире Лазаров, имаа во еден период и осум голови предност и рутинирано го затворија дуелот.

Најефикасен во нашиот состав беше Петковски со седум голови пред Стојковиќ со пет. Алкалоид за влез во големото финале ќе излезе на мегдан со норвешкиот тим Рунар Сандефјорд кој успеа да го елиминира грчкиот Олимпијакос.


Гидсел втора година по ред најдобар светски ракометар

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги соопшти победниците на четирите награди за најдобар светски играч за 2024 година. Гласаа навивачите, селекторите на националните репрезентации и Комисијата за тренери и методи на ИХФ.

Во изборот на најдобар ракометар победи Матијас Гидсел, кој имаше огромна предност во сите три категории, обезбедувајќи ја наградата пред Андреас Волф. Со овој успех данскиот ас испиша историја и стана првиот ракометар со МВП признание двапати по ред.

Кај дамите престижното признание заврши кај Хени Рајнстад, додека за најдобри млади ракометари се прогласени Петра Симон и Ренарс Ушчинс.


Пуштени во продажба билетите за скопското дерби, дуелот ќе има хуманитарен карактер

Ракометарите на Вардар на 2 април ќе го пречекаат составот на Алкалоид во дерби-меч во елитната конкуренција во нашава земја.

Натпреварот ќе биде одигран во СЦ Јане Сандански од 19:00 часот и ќе има хуманитарен карактер. Имено, „црвено-црните“ објавија на социјалните мрежи дека целиот приход ќе биде дониран за настраданите во големата трагедијатво Кочани.

Влезниците со популарни цени од 100 и 200 денари може да се купуваат од денеска.