ракомет

Еурофарм Пелистер го „наполни“ Радовиш и им се врати на победите

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер за кратко време одигра два натпревари, па така откако вчера загуби од Веспрем во Лигата на шампионите вечерва лесно се справи со Радовиш во Суперлигата. Актуелниот првак немаше никакви проблеми против „фенерџијата“ во домашниот шампионат и славеше со 45-23. „Зелено-белите“ доминираа во двата „периоди“, првиот го решија со 21-11, вториот со 24-12.

Прв стрелец беше крилото Цветан Кузманоски со осум реализации, а Трајанов за поразениот тим даде шест голови.

Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Бутел Скопје.


Охрид го одработи првиот тренинг во Романија

Ракометарите на ГРК Охрид денеска пристигнаа во Турда, Романија, каде во сабота против истоимениот домаќин ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп.

„Гладијаторите” попладнево го одржаа првиот тренинг. Се воигруваат тактичките замисли на стручниот штаб предводен од Стевче Алушовски, а се прават и анализи на играта на противникот.

На првиот натпревар одигран во Охрид нашиот претставник славеше со шест гола разлика.


Веспрем пресилен за мотивираниот Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија со 23-30 од Веспрем на домашен терен во Битола, во дуелот од седмото коло на Лигата на шампионите. Веспрем победата ја најави од самиот старт кога брзо направи нпредност од четири гола разлика (4-8), а тоа водство го задржа и до крајот на првото полувреме. На пауза гостите од Унгарија заминаа со предност од 12-17.

Ниту во вториот дел работите не се променија, македонскиот претставник не успеваше да одговори на добрата на игра на противникот, па така и предноста на Веспрем растеше. На крајот разликата изнесуваше седум голови (23-30).

Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Филип Кузмановски со седум гола, додека на спротивната страна одличен натпревар натпревар одигра поранешниот ракометар на Вардар Лука Циндриќ кој беше стрелец на осум гола.

Во следното седмо коло на групата А на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Фредериција.


Борзаш: Веспрем носи празник во Битола, не доаѓа таков гигант секој ден!

Еурофарм Пелистер, засилено го подготвува големиот дуел со европскиот гигант Веспрем.

Со само еден тренинг, кој ќе биде рекуперација од напорите во Скопје, битолчани мора да креираат атмосфера и тактика за еден од фаворитите за титулата во Лигата на шампионите. Урош Борзаш, кој добро ја познава институцијата Веспрем, верува дека гостувањето на Унгарците ќе делува мотивирачки за ракометарите.

„Секоја година Веспрем е подобар и подобар и носат уште подобри играчи. Ја ловат титулата од Лигата на шампионите со години, многу вложуваат и нам ни следи многу тежок натпревар. Максимално се спремаме, тие се сигурно еден од фаворитите за освојување на титулата во Лигата на шампионите и притисокот е врз нив. Ќе биде празник за градот, не доаѓа секој ден Веспрем во Битола и сите заедно ќе уживаме.

И Веспрем има недостатоци и ние ќе се обидеме да ги искористиме. Против Спортинг играа послабо и убедливо загубија. Сигурно и ние имаме свои шанси, па дури и да победиме. Убеден сум дека ќе дадеме максимум и ќе изгинеме на теренот“, рече Борзаш.

Дуелот меѓу македонскиот и унгарскиот шампион ќе го судат Марко Секулиќ и Владимир Јовандиќ, додека делегат е Марко Бранди од Италија.


Охриѓани заминаа во Романија по историја

Ракометарите на Охрид синоќа отпатуваа за Романија каде во сабота, 26 октомври, ќе го одиграат реванш натпреварот од ЕХФ купот против Потаиса Турда.

На гостувањето ГРК Охрид заминува со предност од 6 гола, што ја обезбедија на првиот меч одигран во „Билјанини извори“ и голема позитивна енергија од верните навивачи со која тие ги испратија милениците кон нов европски успех.


Шундовски привремено решение на клупата на Еурофарм Пелистер

Менаџерскиот тим на клубот одлуката ја донесе по вчерашната оставка на досегашниот тренер Бранислав Ангеловски што ја поднесе веднаш по поразот на битолчани од тимот на Алкалоид во Скопје.

Од РК Еурофарм Пелистер соопштија дека Шундовски екипата ќе ја води до избор и именување на нов тренер.

„РК Еурофарм Пелистер ја прифати оставката на тренерот Бранислав Ангеловски по натпреварот против Алкалоид. Клубот му се заблагодарува на ангажманот, професионалноста и остварените цели во претходните една и пол година. Му посакуваме среќа и успеси во понатамошните професионални предизвици. Клубот наскоро ќе го именува новиот тренер, а дотогаш екипата ќе ја води Звонко Шундовски“, информираат од Еурофарм Пелистер.


Вардар потклекна пред Порто во клучниот натпревар од ЕЛ

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа вториот пораз во Европската лига на ЕХФ, а прв дома од екипата на Порто со 22-26 (12-10).

Средбата во СЦ „Јане Сандански“ понуди многу борба и дуели, но за жал македонскиот вицепрвак забележа повторно пораз.

Со по шест гола најефикасни беа Диого Мартинс и Мамаду Сумаре, додека кај Вардар се истакна Хансер Родригез со четири погодоци.

Гостинскиот голман Маркес од Порто имаше 13 интервенции.


Ангеловски си поднесе оставка, Еурофарм Пелистер ќе добие нов тренер

Бранислав Ангеловски нема повеќе да биде предводник на актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер.

Составот од Битола беше надигран од Алкалоид на вечерашното дерби во скопска Автокоманда, пораз по кој Ангеловски одлучи да се поднесе оставка од местото тренер на оваа екипа.

Во кратката порака објавена на социјалните мрежи клубот му се заблагодари на стратегот за се што направи и му посака среќа во следните предизвици.

Еурофарм Пелистер под водство на Ангеловски стана шампион, но не успеа да му донесе трофеи во Купот и Супер Купот каде како победник излезе тимот на Алкалоид.


Алкалоид остана перфектен, целосно го надигра и шампионот

Алкалоид убедливо го совлада Еурофарм Пелистер во ракометното дерби во осмото коло со 32-25 и ја запишаа осмата победа во домашната Суперлига.

Екипата од Автокоманда одигра одлично без грешка до крајот на средбата и славеше со седум разлика за осми триумф оваа сезона во ракометната Суперлига.

Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер беше Кузмановски со 11 голови, додека највеќе погодоци постигна Серафимов постигна седум погодоци за Алкалоид, додека Бинго постигна шест погодоци.


Тимоти Н’Гесан се пензионира од францускиот дрес

Француската ракометна репрезентација остана и без услугите на Тимоти Н’Гесан кој одлучи повеќе да не настапува за националниот тим.

Н’Гeсан дресот на француската репрезентација го носеше од 2013 година кога за првпат настапи против Аргентина и во овој период одигра 114 натпревари и постигна 255 голови.

Со Франција беше европски шампион во 2024 година, олимписки во 2021 и светски во 2027 година.

„Одлично беше да се игра за францускиот тим. Имав одлична можност да ги освојам сите сите титули и беше величенството“, порача ракометарот.

Претходно по Олимписките игри од францускиот дрес се прости и легендарниот Никола Карабатиќ.