ракомет

Вуко Борозан искасан од кучиња-скитници, го очекува пауза од ракометните терени

Тренерот на Вардар, Владо Недановски се соочува со проблеми пред денешниот меч со Порто во третото коло од ЕХФ Европската лига.

Најверојатно во тимот ќе го нема црногорскиот лев бек, Вуко Борозан кој викендот бил нападнат од кучиња скитници и добил повеќе повреди. Покрај Борозан има уште неколку повредени ракометари од редовите на „црвено-црните“.

„Имаме четири-пет повредени ракометари. Вчера Вуко Борозан додека ги шетал своите деца беше нападнат од улични кучиња и заврши во болница на шиење. Не знаеме дали ќе биде подготвен за настап“, изјави Недановски.

Предводникот на вардарци најави бескомпромисна борба на теренот во обид да се дојде до победа.

„Знаеме колку е важен овој натпревар. Нема штедење, една и единствена опција е победата“.

Натпреварот Вардар – Порто ќе се игра вечерва од 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.


Еурофарм Пелистер потпиша со египетски пивотмен

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со цел подобро претставување на европската сцена, но и подобри настапи во битката за титула во Суперлигата се засили со искусен ракометар, египетскиот репрезентативец Мохамед Мамдух Шебиб.

Во Битола доаѓа роден победник и пивотмен со големо интернационално искуство. Шебиб во досегашниот тек на сезоната настапуваше во Кувајт, но во Европа јавноста го запозна како ракометар на Монпелје и Динамо Букурешт. 35-годишниот Шебиб има скоро 200 настапи за египетската репрезентација, за која настапува петнаесет години. Повеќекратниот шампион на Африка, освојуваше титули насекаде каде што настапуваше во своите клубови: во Египет, Франција, Романија, Катар…

Со Монпелје ја освои Лигата на шампионите во 2018 година, романското првенство и Куп со Динамо Букурешт, азиската Лига на шампиони, првенството и Купот на Катар со Ал-Џаиш, африканската Лига на шампиони, првенството и Купот на Египет со Замалек и уште многу, многу други трофеи.

Шебиб ќе биде регистриран за натпреварите на Еурофарм Пелистер во Суперлигата и Лигата на шампионите уште од оваа недела. Неговото претставување е предвидено в петок на 25 октомври.


Веспрем го „краде“ голманот на Барса

Данскиот ракометен репрезентативец и голман Емил Нилсен, ќе си замине од Барселона по завршувањето на договорот и ќе се пресели во редовите на унгарскиот Веспрем.

Според пишувањата на шпанските медиуми раководството на Барселона му понудило нов договор на Данецот, но Нилсен не прифатил, иако според договорот ќе беше најлатениот играч во моментот во каталонскиот гигант.

Нилсен со Барселона има активен договор до летото, 2026 година.


Динар изненадувачки е избран за селектор на Црна Гора

Францускиот ракометен стратег и поранешен ракометар Дидие Динарт ќе биде новиот селектор на Црна Гора.

Тој го освои златниот медал со Франција на сите три големи натпреварувања, а како играч и тренер освои дури 10 златни медали.

На клупски план освои четири трофеи во Лигата на шампиони и навистина нереални 11 шампионски титули, од кои шест во Франција и пет во Шпанија. Играчката кариера ја заврши во 2012 година, а Франција ја водеше од 2016 до 2020 година.

Тој ќе има можност да дебитира на клупата на Црна Гора на 6 ноември, кога Црногорците играат со Финска во квалификациите за ЕП 2026.


Цупара не е сериозно повреден, ќе паузира само еден месец

Српскиот ракометен голман Владимир Цупара, нема да ја пропушти цела сезона, туку ќе отсуствува најмалку еден месец.

Искусниот голман заработи повреда на натпреварот против Е.Пелистер, откако се судри со Усама Хосни.

По лекарските прегледи направени над Цупара константирано е дека голманот имал само истегнување на лигаментите и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.


Хамбург домаќин на завршниот турнир на Европската лига на ЕХФ

Европската ракометна федерација одлучи Ф4 турнирот во Лигата на Европа во машка конкуренција повторно да биде во Хамбург.

Билетите за Ф4 во Лигата на Европа ќе бидат пуштени во продажба во вторник, односно на 8 октомври.

Полуфиналето ќе се одигра на 24 мај додека финалните натпревари на 25 мај и ќе бидат достапни во четири категории.


Лука Вицке потпиша за Рајн Некар Левен

Германскиот ракометар Лука Вицке, најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во редовите на Рајн Некар, пренесуваат германските медиуми.

25-годишниот ракометар е член на Лајпциг, а во редовите на „лавовите“ би бил замена за младиот Јури Кнор, кој од следната сезона ќе игра за Алборг.

За сениорската репрезентација на Германија настапува од 2021 година.


Три европски клубови во полуфиналето на Светското клупско првенство во ракомет

По одигрувањето на сите натпревари од двете групи на Светското ракометно клупско првенство, познати се сите полуфиналисти на оваа натпреварување.

Магдебург, кој по победата над Ал Калеј од 35:28, прв избори полуфинале, за пласман во финалето ќе се бори против Ал Ахли.

Второто полуфинале ќе биде помеѓу Барселона и унгарскиот гигант Веспрем. Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 1 октомври, а завршниот ден е резервиран за 3 октомври.


Потврдена казната, Безјак една година надвор од терените

Европската ракометна федерација ја потврди одлуката на Хрватскиот ракометен сојуз словенечкиот интернационалец Марко Безјак да биде казнет до април 2025 година за инцидентот во кој учествуваше како член на Нексе на дербито со Загреб и поради тоа доби суспензија од 12 месеци.

Суспензијата, сепак, важи само за натпревари под капата на ЕХФ, па 38-годишниот среден бек може да се врати во Бундеслигата каде веќе го носеше дресот на Магдебург од 2013 до 2023 година, станувајќи клупска легенда.

Безјак кариерата ја продолжува во Белингем кој сезоната ја отвори со три порази, па искуството и квалитетот на словенечкиот ас ќе биде повеќе од потребно за тимот.


Пресврт во Белград, Пешиќ останува српски селектор

Кошаркарскиот стратег Светислав Пешиќ, најверојатно, ќе остане селектор на Србија и во иднина.

И покрај тоа што неодамна, во едно од интервјуата, истакна дека никој не му понудил нов договор и дека нема да ја извршува оваа функција, се добива впечаток дека најавениот избор на Небојша Човиќ за функцијата претседател на Кошаркарската федерација на Србија е еден од главните адути што токму Пешиќ останува на селекторската позиција.

Како што пишуваат повеќето српски медиуми, договорот ќе биде продолжен по изборот на новиот претседател на Кошаркарската федерација на Србија.

Пешиќ и Човиќ оствариле средба на која било договорено продолжување на соработката.