ракомет

Лесјак: Сами одлучуваме за нашата судбина

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер го очекува решавачки натпревар за пласман во осминафиналето од Лига Европа против екипата на Мотор Запорожје на домашен терен.

Еден од поискусните поединци во тимот од Битола, голманот Урбан Лесјак, има желба неговите соиграчи да одиграат како на првиот натпревар со истиот противник, кога Еурофарм Пелистер се радуваше на победата.

„Многу е важно што сами одлучуваме за нашата судбина. Имаме шанса да стигнеме и до третото место во групата, што е и наша цел. Екипата на Мотор е искусна, со микс на зрели и млади ракометари. На гостувањето кај нив одигравме еден од подобрите натпревари и сакаме тоа да го повториме пред нашата публика. До следната сабота не очекуваа четири натпревари и мораме да имаме голем ростер, а играчите кои почнуваат од клупа да внесат свежина“, истакнува Лесјак.

Натпреварот помеѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.


Петар Ненадиќ го напушти Веспрем

Поранешниот најдобар светски ракометар, Србинот Патар Ненадиќ го напушти унгарскиот шампион Веспрем.

Клубот преку соопштение информира дека спогодбено го раскина договорот со искусниот ракометар. Ненадиќ претходно изразил незадоволство од тоа што не бил вклучен во тимот на Веспрем за натпреварот од ЛШ против Порто, па поради недисциплина прво беше суспендиран а потоа и дојде до раскин на договорот.

Ненадиќ важеше за еден од најдобрите ракометари на Веспрем, каде пристигна од бундеслигашот Фуксе Берлин.


Тимур Дибиров останува во Загреб и наредните две години

Поранешниот ракометар на Вардар, Русинот Тимур Дибиров, ја продолжи соработката со шампионот на Хрватска, ППД Загреб.

Според новиот договор, искусниот Дибиров кој игра на позицијата лево крило, за клубот од Загреб ќе настапува во наредните две сезони, осносно до летото 2025 година.

Тимур Дибиров новиот договор го заслужи после одличните игри за популарните „плинари“, каде стана еден од најефикасните ракометари во екипата.


Србинот Стевановиќ од Мешков Брест се сели во Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер објави дека нов ракометар на битолскиот клуб e српскиот интернационалец, Дарко Стевановиќ.

Станува збор за 26-годишен лев бек, кој доаѓа во Битола од белорускиот шампион Мешков Брест. Стевановиќ е роден во Лазаревац, блесна во Партизан, настапуваше во Балатонфуреди и Егер во Унгарија, Ал-Араби и Ал-Веда во Катар и неполна сезона во Белорусија. 196-сантиметри високиот Стевановиќ запиша и пет настапи за српската репрезентација. Доаѓа во Битола на обострано задоволство, по кое е потпишан договор заклучно со јуни 2024 година.

Ракометарот веднаш ќе ги започне индивидуалните тренинзи, со оглед на тоа што екипата е веќе во Берлин на натпреварот против Фуксе Берлин во ЕХФ Лига Европа, а од четврток ќе се приклучи кон групата.

Неговото официјално претставување пред медиумите е предвидено кон крајот на неделата. Дебито на Стевановиќ ќе биде дуелот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Еурофарм Пелистер следниот викенд.


Костески: Ќе го дадеме својот максимум против фуксе Берлин

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес го очекува натпревар на гостински терен против екипата на Фуксе Берлин, во рамките на 9.коло од Лига на Европа.

Бундеслигашот од Берлин е изразит фаворит против екипата предводена од тренерот Ларс Валтер, која во претходното коло на домашен терен одигра само нерешено со португалскиот претставник Агуаш Санташ.

Десното крило на битолчани, Ненад Костески, во изјава пред натпреварот најавува борбена игра од својот тим против одличните играчи на Фуксе Берлин.

 „ Знаеме каков противник имаме против себе, нема потреба да трошиме зборови за Фуксе Берлин. Мотивира самата средба против ваква екипа. Ќе се подготвиме најдобро што можеме, па сигурен сум и верувам дека ќе дадеме максимум за што е можно подобар резултат“, вели Костески.


Кузмановски дебитираше со пораз и еден гол во Бундеслигата

Викендов во германската ракометна Бундеслига се одигра натпреварот помеѓу Фуксе Берлин и Вецлар, а на крајот победата им припадна на домаќините со резултат 26-23. На овој натпревар во редовите на Вецлар каде што тренер е Филип Миркуловски дебитираше македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој средбата ја заврши со еден постигнат гол. Кузмановски единствениот гол на натпреварот го постигна во 52-минута.

Србинот Николиќ беше најефикасен кај Вецлар со пет гола, додека во победничкиот табор Црногорецот Вујовиќ беше стрелец на седум гола.

На табелата Фуксе Берлин е лидер по 19 одиграни натпревари со 33 освоени бодови, Вецлар е во долниот дел на 16-тата поизиција (од 18 тимови) со само девет бодови и четири победи.


Заврши сезоната за Никола Карабатиќ

Францускиот ракометен шампион, Париз Сен Жермен, објави дека Никола Карабатиќ ќе мора да паузира три месеци, што значи дека сезоната за него е веќе завршена.

Според информациите од клубот, еден од најдобрите ракометари на сите времиња, има проблеми со површинските вени на десната нога. Карабатиќ повредата започна да ја чувствува на Светското првенство на кое со репрезентацијата на Франција го освои сребрениот медал.

Париз Сен Жермен ќе мора да игра без Карабатиќ на фајнал-фор турнирот во Келн, како и во борбата за титула во домашното првенство каде најголеми коннкуренти се екипите на Монпење и Нант.


Дејвис: Агуаш Санташ одигра одлична партија, ремито е реален исход

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер одигра само нерешено со Агуаш Санташ (27-27) на домашен терен во рамките на осмото коло од Лига Европа. Иако „зелено-белите“ пред почетокот на средбата важеа за фаворити, сепак на крајот изборија само реми.

Свој коментар за текот и исходот од натпреварот, даде средниот бек на Еурофарм Пелистер, португалскиот интернационалец Вилсон Дејвис.

„Агуаш Санташ ни направи многу проблеми денес, одигра одличен натпревар. Ова беше тежок дуел за нас, особено во првиот дел. Потоа во продолжението успеавме да фатиме ритам, а одбраната на крајот го одлучи натпреварот и резултатот е реален“, истакна Дејвис.

Еурофарм Пелистер до крајот на групната фаза го очекуваат уште два дуели, и тоа со Фуксе Берлин на гостински терен, и дома со Мотор Запорожје.


Пешевски: Спремни сме и верувам дека ќе победиме

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска на домашен терен го игра натпреварот од Лигата на Европа против португалскиот претставник Агуаш Санташ.

Македонскиот репрезентативец во таборот на битолчани, Жарко Пешевски, е сигурен дека со помош на домашната публика, Еурофарм Пелистер ќе слави победа.

„По подолго време се враќаме во нашиот спортски храм. Имавме тешки натпревари во гости, блиску бевме до подвиг на дел од тие натпревари, но малку и среќата ни го сврте грбот. Без среќа во спортот не може и треба овие натпревари да ни бидат поука како да се подобриме. Агуас Санташ ме изненади со победата против Бидасоа Ирун, но оваа екипа има квалитет и игра подобро отколку во првиот дел на сезоната. Во Португалија по макотрпна борба ги освоивме бодовите. Спремни сме и, со поддршка од битолската публика, верувам дека ќе се радуваме“, вели Пешевски.


Официјално: Данецот Кисум претставен во Еурофарм Пелистер

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално го претстави најновото засилување во екипата, данскиот ракометар, Каспер Кисум.

30-годишниот Кисум, во тимот од Битола пристигна од составот на Сондерјиске, и настапува на позицијата лев бек. Тој се очекува да биде замена за повредените Руди Сери и Емилијан Ѓорговски, кои се опоравуваат од повреди.

Данецот Кисум веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Ларс Валтер, кој добро ги познава квалитети на својот сонародник.