Португалецот Вилсон Дејвис е најново засилување за екипата на Еурофарм Пелистер.
33-годишниот Дејвис игра на позицијата среден бек, а според договорот тој ќе остане во битолскиот клуб во наредните две години.
Вилсон Дејвис во Еурофарм Пелистер доаѓа од францускиот клуб Иври, а претходно има настапувано за екипите на Нант, Сесон Рен и Данкерк.
Ракометната СЕХА лига објави прекин на натпреварувањето
Регионалната СЕХА лигата во ракомет, го прекинува натпреварувањето и нема да продолжи во наредниот период.
Раководството на СЕХА претходно најавуваше дека натпреварувањето ќе продолжи според планираното, меѓутоа на последниот состанок на Извршниот комитет е решено лигата да биде прекината на неодредено време, и дека за сите дополнителни промени ќе има навремено известување.
Главен спонзор на лигата е руската компанија Газпром, а Македонија оваа сезона имаше два претставници во истата, Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.
РК Металург е префрлен во најнизок ранг на натпреварување
Ракометниот клуб Металург од Скопје, официјално е исфрлен од Суперлигата поради тоа што екипата не пријави играчи за настап во плеј-аут разигрувањето. Со ова поранешниот шампион на Македонија, и автоматски е префрлен во најнизок ранг на натпреварување.
Проблемите на Металург траат веќе подолго време, а тие се претежно од финасиска природа, поради што голем дел од играчите кои настапуваа за екипата го напуштија клубот или заминаа на позајмици.
Металург има шест шампионски титули во домашното првенство, а на два пати беше и четвртфиналист во ракометната Лига на шампиони.
Цехте од Хановер прво засилување на новиот Вардар
Вардар постигна договор за првото засилување за наредната сезона станува збор за Словенецот, Најц Цехте (29).
Цехте во Вардар доаѓа од редовите на Хановер каде што на крајот на актуелната сезона му завршува договорот, па ќе биде слободен да дојде во Скопје. Цехте е дете на Горење Велење каде што играше од 2013 до 2018 година, а потоа направи трансфер во Германија.
Доаѓањето на Цехте во Вардар веројатно значи заминување на некои од акутелните десни бекови на Вардар. Во овој момент таму играат Кевин Њокас и Куни Моралес, некој од нив најверојатно заминува.
Ќе потсетиме Вардар откако денес беше запишана службената победа против Мотор го обезбеди местото во четвртфиналето.
Русија и Белорусија суспендирани од европскиот ракомет
Европската ракометна федерација (ЕХФ) објави дека ги суспендирала репрезентациите на Русија и Белорусија, како и руските и белоруските клубови кои се натпреваруваат во европските ракометни натпреварувања.
Со оглед на воената ситуација во Украина и препораките на Меѓународниот олимписки комитет, Извршниот комитет на Европската ракометна федерација вечерва одржа вонреден состанок.
13 членови ги донесоа следните одлуки:
-Репрезентациите на Русија и Белорусија, како и руските и белоруските клубови кои се натпреваруваат во европските ракометни натпреварувања веднаш се суспендирани. Ова важи до понатамошно известување и се однесува на сите тековни натпреварувања на клупско и репрезентативно ниво.
Судиите и официјалните лица од Русија и Белорусија нема да бидат номинирани за идните натпревари до дополнително известување. Предавачи и членови на комисиите од Русија и Белорусија нема да бидат поканети на идните состаноци и активности.
Објавени номинациите за најдобар ракометар во 2021 година
Меѓународната ракометна федерација (ЕХФ), ги откри ракометарите кои се во конкуренција за најдобар играч во 2021 година.
За наградата ќе конкурираат пет имиња од четири држави. Тоа се Данците Никлас Ландин и Матијас Гитсел, Алекс Душебаев од Шпанија, Лудовик Фабрегас од Франција и Швеѓанецот Џим Готфридсон.
Гласањето за изборот кој започнува на 7. март ќе го вршат ракометните фанови, а победникот ќе биде објавен на 28.март.
Екипата на ракометниот клуб Вардар 1961 донесе уште едно засилување во своите редови. Станува збор за пивотменот на Металург Костадин Петров, кој за „црвено-црните“ ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.
Според договорот на двата клуба, 29-годишниот Петров после завршувањето на сезоната ќе се врати во екипата на Металург.
Стефан Додиќ е нов ракометар на Вардар 1961
Ракометниот шампион на Македонија, Вардар 1961 се засили со младиот среден бек, Стефан Додиќ.
Додиќ доаѓа од РК Охрид и ќе игра во дресот на Вардар до крајот на сезоната. Тој од следната сезона ќе биде член на полскиот Кјелце, но не е исклучено и негово останување во Вардар како позајмен играч.
Додиќ беше еден од најдобрите ракометари на Охрид и е најзаслужен за нивниот пласман во суперлигашкиот плеј-оф.
Исланѓанецот Елисон е замена за Манасков во Веспрем
Тимот на Веспрем доведе замена за Дејан Манасков.
Репрезентативецот на Исланд Бјарки Мар Елисон ќе го замени Манасков. Договорот на македонскиот репрезентативец му истекува на лето и истиот нема да биде продолжен.
Медиумите наведуваат дека во игра биле повеќе имиња, но на крајот изборот падна на Елисон. Ќе потсетиме Манасков веќе подлго време се опоравува од повредата на коленото, надвор од терените е уште од месец октомври минатата година.
Дејан Манасаков заминува од Веспрем
Македонскиот ракометен репрезентативец, Дејан Манасков, после завршувањето на сезоната ќе го напушти неговиот актуелен клуб Веспрем.
Од таборот на унгарскиот тим ја објавија информацијата дека нема да го продолжат договорот со Манасков. Тој во Веспрем пристигна во 2017 година од тимот на Рајн Некар. Поради тешката повреда на лигаментите од коленото, Манасков веќе подолг период е надвор од теренот и не настапи за македонската селекција на Европското првенство.