Кирил Лазаров го освои својот 56.трофеј во кариерата
Најдобриот македонски ракометар и сегашен селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил лазаров, додаде уште еден трофеј во својата неверојатна збирка.
Имено Лазаров со својот Нант, е победник на Лига Купот на Франција, со кого претходно го освои и Суперкупот.
41-годишниот Лазаров сеуште игра во извонредна форма и даде огромен придонес во победата, постигнувајќи го одлучувачкиот гол во самиот финиш на средбата.
Овај трофеј е вкупно 56-ти во богатата кариера на легендарниот Лазаров.
Селекторот Лазаров го објави списокот со повикани ракометари за подготовките пред Европското првенство
Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, го објави списокот со ракометари кои ќе ги започнат подготовките за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.
Македонската репрезентација своите подготовки за настап на ЕУРО 2022 ќе ги започне на 22.декември 2021.
Првиот дел од подготовките, нашите ракометари ќе го одработат во Маврово каде ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Кувајт. За вториот дел од подготовките кои ќе се одржат во Скопје, закажани се контролни средби против репрезентацијата на Израел.
Македонија на Европското првенство 2022 ќе се натпреварува во А групата, против селекциите на Словенија, Данска и Црна Гора.
Вујовиќ: Овој натпревар мора да го победиме и ние и Загреб
Ракометарите на Вардар денес гостуваат во Хрватска против ППД Загреб во рамките на Лигата на шампионите.
Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ова ќе биде натпревар кој, како што рече „и тие и ние мораме да го добиеме“, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето.
„Нè очекува Загреб, една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, во прв ред Гојун, Муса, Чупиќ. Младите играчи навистина многу напредуваат, тука се Црнак, Радица, Вистороп. Ќе биде навистина тежок натпревар, доаѓаме и двата тима од некои позитивни ситуации, тие одиграа одлично во Монпелје, ние во Кил. Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме, бидејќи преку него ќе ги зголемиме шансите за пласман во осминафиналето“, изјави Вујовиќ.
Тренерот на „црвено-црните“ смета дека Вардар ја подигна играта.
„Мислам дека Вардар се крена, дека Вардар игра добро и дека дојдовме до моментот да играме натпревари кои се близу нашиот квалитет, Загреб, Мешков, Елверум и дека преку тие натпревари ќе извлечеме добар резултат и ќе ја оствариме целта, а тоа е пласман во следната рунда“, изјави Вујовиќ.
Ова е второ гостување во низа за Вардар, кое носи бодови важни за двата тима, а дуелот е закажан за вечерва во 20:45 часот.
Вујовиќ: Имаме голем број повредени играчи но мора да го добиеме ПИК Сегед
Тренерот на ракометниот клуб Вардар, Веселин Вујовиќ, предупреди на големиот број повредени играчи во неговиот тим пред дуелот со унгарскиот ПИК Сегед во рамките на Лигата на шампиони.
Вујовиќ е со мислење дека и покрај големиот број на играчи кои ќе недостасуваат во екипата, Вардар мора да слави победа и да ја прекине низата од 4 порази по ред.
„Ситуацијата во тимот во однос на здравствениот билтен е катастрофална. Дибиров поради вироза е надвор од тимот и не знаеме кога ќе се опорави. Мишевски и Куни имаа еден судир и исто така се во аут. Повреден е и пикерот Тото кој се наметна како важен играч во екипата, додека Столе и Кудуз се неизвесни за настап“, изјави Вујовиќ.
„Ова е натпревар кој мора да го добиеме. недозволиво е да имаме пет порази по ред. Ќе мора да одиграме цврсто, натпревар со малку постигнати голови повеќе ни одговара“, потенцира вардаровиот тренер.
Ракометарките се собраа за двомечот во Стара Пазова против Србија
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија синоќа во Скопје го имаа првиот собир во рамките на ЕХФ неделата.
Селекторот Љубомир Савевски минатата недела го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во чии рамки ќе одиграме два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија.
Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник).
Душебаев го пропушта Европското ракометно првенство
Шпанската ракометна репрезентација ќе настапи без еден од најдобрите ракометари на Европското првенство кое ќе се одржи во Словачка и Унгарија.
Поранешниот играч на Вардар, Алекс Душебаев објави дека се здобил со повреда на рамото и нема да настапи за Шпанија во одбрана на европското злато.
Душебаев својата повреда ја заработи уште за време на Олимпијадата во Токио но сега лекарите му препорачале пауза од 6 недели и започнување со рехабилитација.
Савевски ги отвори картите за двомечот меѓу Србија и Македонија
Селекторот на македонската женска репрезентација, Љубомир Савевски го објави списокот на повикани ракометарки за претстојниот собир во рамки на ЕХФ неделата во период од 22-30 ноември.
На списокот на Савевски се:
МАРИЈА ЈОВАНОВСКА
САРА МИНОВСКА
ТЕОДОРА ДУКОСКА
ИВАНА ЏАТЕВСКА
АЛЕКСАНДРА КОЛОВСКА
АНГЕЛА ЈАНКУЛОВСКА
ЕМИЛИЈАНА РИЗОСКА
БОЈАНА КОЦЕВА
ИВА МЛАДЕНОВСКА
МАТЕЈА СЕРАФИМОВА
ЈОВАНА МИЦЕВСКА
ЈОВАНА САЗДОВСКА
САРА РИСТОВСКА
ЛЕОНИДА ГИЧЕВСКА
МОНИКА ЈАНЕСКА
СИМОНА СТОЈКОВСКА
САЊА ДАБЕВСКА
АНДРЕА СЕДЛОСКА
МАРИЈА ШТЕРИОВА.
За време на ЕХФ неделата женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два контролни пријателски натпревари против репрезентацијата на Србија во Стара Пазова, Србија. Натпреварите се закажани за 27.11.2021 (сабота) и 29.11.2021 (понеделник), информираа од РФМ.
Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 22 ноември во Скопје.
Шпанецот Македа ќе го замени Лазаров во Нант
Шпанскиот ракометен репрезентативец, Хорхе Македа, од следната сезона ќе настапува за екипата на Нант, клубот каде настапува нашиот најдобар играч, Кире Лазаров.
Ако е познат фактот дека Лазаров најави свое заминување од Нант во следната сезона, тоа значи дека бившиот ракометар на Вардар, Македа, ќе го замени Кире на бековската позиција во тимот од Франција.
Хорхе Македа во Нант ќе замине од неговиот сегашен клуб Веспрем.
Промовирана автобиографијата на Кирил Лазаров – „Секогаш на победа“
Синоќа во Скопје беше презентирана автобиографската книга „Секогаш на победа“, дело на Кирил Лазаров, еден од најдобрите ракометари на сите времиња. Најдобриот стрелец на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи кога е во прашање светот на ракометот, на хартија ја пренесе својата ракометна и животна приказна во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Балкан-Хандбал“. Лазаров на промоцијата истакна дека во автобиографијата има многу возбудливи детали и стои зад напишаното. „Сите Македонци знаат многу работи за мене, но во книгата ќе може да прочитате многу работи кои не сте ги знаеле“, порача вечерва Лазаров.
Лазаров преку Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона до Нант стигна до ракометните височини.
На промоцијата присуствуваа ракометни авторитети како Пепи Манасков, Стевче Стефановски, Иван Марковски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, Каролина Гочева, Симон Трпчевски и многу, многу други…
Данецот Лауге Шмит пак се повреди, неизвесен неговиот настап на ЕП
Веспрем најмалку до крајот на месец ноември ќе настапува без Расмус Лауге. Данецот во натпревар од Лигата на шампионите против Динамо Букурешт во 38. минута заработи повреда на скочниот зглоб.
Времето за опоравување според направените анализи ќе биде четири до пет недели, а можеби и подолго.
Лауге ќе ја пропушти ЕХФ неделата и дуелите на Данска од Златната лига, а би можел и да го пропушти и Европското првенство во Унгарија и Словачка, доколку не се опорави навреме.