Одермат златен во супервелеслалом на Мундијалот во Залбах
Швајцарецот Марк Одермат, кој стана олимписки шампион во Пекинг во велеслалом во 2022 година, го освои златото на Светското првенство во Залбах, Австрија, во супервелеслалом.
За супериорното возење на 27-годишниот во петокот сведочи резултатот на неговиот врсник и освојувачот на сребрениот медал Рафаел Хазер (Австрија), Швајцарецот беше побрз за една секунда.
Подиумот го пополни 30-годишниот Норвежанец Адријан Смитет Сејерстед, со заостанување од 1,15 секунди од победникот.
Вение златна на супер-велеслаломот во Залбах
Австријката Стефани Вение ги воодушеви домашните фанови на Светското првенство во алпско скијање во Залбах, го освои златниот медал во супер-џи.
Вениер во целта влезе со резултат 1:20.47 минути, десет стотинки пред искусната Италијанка Федерика Брињоне (34), водечката скијачка во Светскиот куп, додека бронзени медали освоија Норвежанката Кајса Викхоф Ли (26) и Американката Лорен Макуга (22), со по 24 стотинки заостанување.
За Вение, која во кариерата оствари три победи во Светскиот куп (две во спуст, една во супер-џи), ова е втор медал од светските првенства, откако пред шест години го освои среброто во спустот во Сент Мориц.
Брињоне, која во текот на целата своја кариера беше позната како специјалист за велеслалом, во оваа дисциплина освои два светски сребра и една бронза на Зимските олимписки игри. Ова е прв медал во брзинските дисциплини во кариерата.
Лај го одбрани бронзениот медал освоен пред две години во Мерибел. Интересно и тогаш ја „подели“ бронзата, со Австријката Корнелија Хутер, а овојпат со младата Американка Макуга, за која ова беше деби настап на големите натпреварување.
Машкиот супер-џи ќе се одржи во петок во Залбах.
Габриела Томас: Ме демнат неколку лица, се плашам и не знам каде да одам
Трикратната олимписка шампионка во атлетски спринт-трки Габриела Томас тврди дека ја демне група мажи.
„Ми треба совет во моментов бидејќи се плашам дека ме следат и посматраат. Навистина не знам што да правам или кај кого да одам. Секогаш кога патувам, се плашам да не се појават овие мажи – три до шест, средовечни. Не е важно во кој град одам, тие се појавуваат. Така беше кога летав за Чикаго и назад, тие дојдоа и кога летав за Мајами и назад. Имаат информации за секој мој лет. Се појавуваат или на главниот влез на аеродромот во десната сала, или на мојот излез, што значи дека имаат авионски карти и минуваат низ обезбедувањето. Во неколку наврати ми пријдоа и побараа да потпишам еден куп мои фотографии, околу 40. Не знам што прават со нив, можеби ги продаваат, не ми е гајле“, изјави Томас.
Атлетичарката не може да си објасни кој на „посматрачите“ им дават информации за нејзиното движење.
„Она што ме плаши е тоа што ги имаат моите информации за летот иако понекогаш ниту самата јас не знам во колку часот заминувам. Никому не ги кажувам информациите за моите летови. Ги сменив сите мои лозинки за е-пошта. Не знам дали ме хакираат. Тие стануваат многу агресивни и непријателски настроени ако кажам не, а кога сум сама е навистина страшно. Вчера беа многу непријателски расположени кон моето момче Спенсер МекМејнс“, објави атлетичарката.
Габриел Томас е трикратна олимписка шампионка во спринт. На Олимписките игри во Париз минатата година, таа победи на 200 метри и штафета на 4х100 и 4х400 метри како дел од тимот на САД.
Маркез падна на тестирање и заврши во болница
Ноќта меѓу вторникот и средата по средноевропско време се одржа тестирање на малезиската патека „Сепанг“ во пресрет на новата сезона во Мото ГП.
Хорхе Мартин, возачот на Априлија и актуелен шампион во „кралската класа“, падна во вториот свиок и силно удри со главата на патеката, откако се најде високо во воздухот бидејќи изгуби контрола над моторот.
Се известува дека Мартин се наоѓа во болницата Аурелиј во Нилаи (град кој се наоѓа на шест километри од патеката) и чувствува болка во левото стапало и десната рака. Мартин беше подложен на детални лекарски прегледи на главата.
Тоа всушност беше втор пад на овој тренинг за Мартин. Шпанецот падна падна од својот мотоцикл во претходната фаза на тестирањето, мина без последици и успеа веднаш да се врати на патеката.
Овечкин го надмина легендарниот Грецки
Алекс Овечкин продолжува да пишува историја во НХЛ лигата. Најдобар стрелец во историјата на хокејот е легендарниот Вејн Грецки со 894 гола и 1.963 асистенции, што го издвојува како јасен лидер на таа позиција.
Втор на листата е Јаромир Јагр, а интересно е што Алекс Овечкин е 12-ти на табелата со 877 голови, 711 асистенции и 1.588 бодови.
На Овечкин му недостасуваат 18 гола да го надмине Грецки и да стане водечки голгетер во историјата на НХЛ, рекорд за кој се сметаше дека е недопирлив.
„Играа двете најдобри екипи во лигата и тоа беше навистина квалитетна и тешка битка. Мислам дека имавме многу шанси во третиот период и отидовме на продолженија и загубивме. Играа две од најдобрите тимови. Беше навистина забавно, а не се оптоварувам со индивидуалните постигнувања“ истакна по мечот Овечкин.
Поврзани теми
Отворен нов спортски центар во Кавадарци
Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев свечено го отворија новиот спортски центар во Средното општинско училиште „Киро Спанџов – Брко”.
Овој нов спортски комплекс ќе им овозможи на младите подобри услови за спортување, развој на нивните таленти и промоција на здравиот начин на живот. Во склоп на спортски центар во Кавадарци изградено е фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со полипропиленски под и просторот е опремен со урбана опрема за спорт и рекреација.
„Продолжуваме со реализација на проектите што ни се зацртани како приоритетни цели со инвестиции во спортот и во спортската инфраструктура. Ова е уште еден проект кој Министерството за спорт го реализира со цел да се подобри спортската инфраструктура низ целата држава. Вложувањето во спортот е вложување во иднината на нашите млади генерации. Нашата цел и заложба на младите да им обезбедиме услови за да се посветат на спортот, да го развиваат својот талент и да негуваат вистински спортски вредности“, истакна министерот Ристовски.
Министерството за спорт продолжува со стратегиските инвестиции во спортската инфраструктура со цел создавање современи спортски објекти низ Македонија, достапни за сите граѓани, особено за младата популација како основа за подобри спортски резултати и подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.
KTM и Tech3 ги претставија новите мотори за 2025
KTM и неговиот сателитски тим Tech3 ги промовираа моделите на нивните мотори за 2025 година на заеднички настан во Малезија.
Фабричкиот тим на KTM Racing оваа година ја задржа својата позната шема на бои во портокалова и темно сина боја, при што логоата на главниот спонзор Red Bull повторно доминираат на мотоциклот.
Во меѓувреме, Tech3 ќе го прифати истиот стил како и фабричкиот тим, откако претходно имаше целосно црвени мотори во 2023-2024 година за да го промовира брендот GasGas.
И KTM и Tech3 ја освежија својата постава на возачи оваа година, при што сензацијата дебитант Педро Акоста беше промовиран во фабричкиот тим заедно со Бред Биндер, а Tech3 ги донесе Маверик Вињалес и Енеа Бастианини од Апилија и Дукати.
Џек Милер и Аугусто Фернандез, кои се тркаа за тимот на Tech3 со брендот GasGas минатата година, веќе не се на списокот на KTM.
Отворено мулти-функционално игралиште во Брвеница
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, денеска го пушти во употреба новото мултифункционално игралиште во оваа општина.
Брвеница доби модерно фудбалско игралиште со вештачка трева и со трибини за 200 гледачи, како и ново кошаркарско игралиште со полипропиленски под за официјални натпревари. Изградбата на ова игралиште е финансирана од Министерството за спорт во рамките на проектите за подобрување на спортската инфраструктура во Македонија, во соработка со локалната самоуправа.
На свеченото пуштање во употреба на новото мултифункционално игралиште во Брвеница, министерот Борко Ристовски изрази задоволство од успешната реализација на овој проект и нагласи дека Министерството за спорт продолжува со заложбата за подобрување на спортската инфраструктура во целата држава како основа за подигнување на македонскиот спорт на повисоко ниво.
Волкановски најави враќање во октагонот
Австралискиот ММА борец со македонско потекло, Александар Волкановски најави камбек во октагонот по тешкото завршена 2023 година и лошата 2024 година во кои доживеа нокаути, а и го загуби шампионскиот појас.
„Како што кажав, ништо не е договорено. Ќе бидам подготвен во март или во април. Се уште немаат точен датум, но реков дека враќањето за неколку месеци е реална опција. Април звучи како добра шанса, но никогаш не можеш да бидеш сигурен“, изјави Волкановски.
Последната борба на Волкановски беше во февруари 2024 година.
Медисон Кис изненадувачки го освои Австралија опен
Американската тенисерка Медисон Кис е победничка на овогодинешниот Австралија опен.
По Ига Швјонтек, втората во светот, Кис во финалето во три сета (2-1) ја совлада најдобрата на ВТА листата Арина Сабеленка. Мечот траеше нешто повеќе од два часа, а Киз победи со 6-3, 2-6, 7-5. Првата носителка одигра неверојатен турнир н патото до својата прва Гренд слем титула (играше и во финалето на Ју-ес опен во 2017 година). Таа не само што ги победи двете првопласирани, туку и Елина Свитолина, Елена Рибакина и Даниел Колинс.
Затоа, таа влезе полна со самодоверба во овој меч, за што најдобро сведочи нејзиниот сервис, за кој двократната и актуелна шампионка немаше одговор.
Киз доминираше во првиот сет, еден брејк и беше доволен да го освои сетот. Во вториот, очекувано Сабаленка одговори на вистински начин. Апсолутно доминираше, два пати го освои сервисот на Киз и со 6:2 се избори за трет сет.
Двете тенисерки го чуваа сервисот во решавачкиот сет, се до 12.гем кога од никаде Кис дојде до две брејк и меч топки. Ја искористи втората и ја освои првата Гренд слем титула во кариерата.
Утре во машкото финале бранителот на титулата Јаник Синер ќе игра против Александар Зверев.