останато

Саинц по само две етапи се откажа од релито Дакар

Шпанецот Карлос Саинц влезе на релито како актуелен шампион, но 48-часовната втора етапа се покажа како точка од која рели ветеранот не може да го продолжи настапот со својот копилот Лукас Круз.

Саинц се извртел со својот Форд Рептор по излетување од песочна дина со брзина од 327 км/ч, при што го оштетил заштитниот кафез, а стјуардите по деталната истрага процениле дека тој е сериозно оштетен и поради не постојат услови за продолжување на релито.

Оценката на одговорните е дека Саинц и Круз би биле во голема опасност при повторување на сличен инцидент, па го искористиле правото да ја елиминираат шпанската посада од настапот на Рели Дакар.

Негативното сценарио е удар и за Форд, кој се врати на релито со големи амбиции, а веќе имаше проблеми и со Нани Рома, кој и покрај техничките проблеми ќе може да продолжи со настапот во третата етапа.

Поврзани теми


Два бренда прават коалиција: Адидас влегува во Мерцедес

Германскиот производител на спортска опрема најави почеток на повеќегодишна соработка со „Мерцедес“. Тимовите на „Мерцедес“ ќе бидат облечени од глава до пети во „Адидас“ кој ќе ја произведува нивната облека, обувки и сите додатоци. Опремата ќе ја добијат сите – возачи, механичари, инженери…

Јавноста за прв пат ќе види во февруари како изгледа новата опрема на „Мерцедес“.

„Планиравме и неколку лимитирани производи за оваа сезона“, соопштија од „Мерцедес“.

Ова секако е голема промена за самиот „Мерцедес“, кој досега како спонзори на опремата ги имаше „Пума“ и брендот „Томи Хилфигер“.


Чофениг е победник на драмата во „Четирите скокалници“

Австрискиот ски-скокач Даниел Чофениг е победник на овогодишната новогодишна турнеја „Четири скокалници“.

Тој пред домашната публика во Бишофсхофен, победи пред сонародниците Херл и Крафт.

Тројцата ги делеа само 1,4 бода во генералниот пласман пред финалниот натпревар. На крајот последната серија приреди невидена драма на турнејата.

Крафт во првата серија вечерва прескокна 136 метри и имаше најголеми шанси да ја дојде до вкупнља победа. Чофениг имаше 136 метри во првата серија, но со нешто полоши оценки, додека во втората серија прелета над 140,5 метри.

Херл, интересно, леташе најдалеку на 140,5 и 143 метри, но немаше добри оценки, особено во втората серија.

Пред последниот скок на Крафт, имаше долга пауза поради ветерот, па тест скокачот мораше да излезе на пистата, што дополнително влијаеше на драматичноста на исходот.

Но и на самиот Крафт, кој во тој мемомет беше лидер и прв фаворит за „Златниот орел“.

Повеќе од 10 минути, влијаеше на Лрафт, скока „само“ 137 метри и победата на турнејата „Четири скокалници“ му припадна на Даниел Чофениг.


Јохауг победничка на женскиот Тур де ски

Норвежанката Тереза ​​Јохауг е победничка на женското повеќедневно натпреварување Тур де ски 2025 година.

36-одишната атлетичарка го освои турнирот по четврти пат во кариерата.

Јохауг се најде на врвот во генералниот пласман со време од 3 часа, 46 минути и 59 секунди.

Норвежанката Астрид Слинд (+47 секунди) го зазеде второто место, а Американката Џесика Дигинс (+2 минути 41 секунда) го зазеде третото место.

Кај мажите, трофејот го освои сонародникот на Јохауг, Јоханес Клебо.

Јохауг е четирикратна олимписка шампионка, 14-кратен светска првенка и трикратна победничка на Светскиот куп.


Хрватката Љутиќ победи на слаломот во Крањска Гора

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ е победничка на слаломот од Светскиот куп што се одржа во словенечка Крањска Гора. Ова беше втора последователна победа на 20-годишната Хрватка откако минатата недела славеше во Семеринг, Австрија.

Љутиќ и Швајцарката Венди Холденер го поделија првото место по првото возење. Следеше драматично второ возење, а иако Холденер извозе и одличен втор круг, Љутиќ беше побрза за 16 стотинки за големо славје на армијата хрватски навивачи кои пристигнаа во Словенија.

Третото место го зазеде Швеѓанката Ана Свен Ларсон.

Љутиќ сега е лидер во слалом со 309 бодови, четири повеќе од Швајцарката Камила Руст.


Фред Карли уапсен, спринтерот смирен со електрошок

Поранешниот светски шампион на 100 метри и освојувач на два олимписки медали, американскиот атлетичар Фред Керли е приведен по расправија со полицајци во Мајами.

Инцидентот се случил додека полицијата работела на случај, а Керли се приближил до областа и се обидел насилно да влезе во своето возило, кое било паркирано во близина.

Полицијата тврди дека Керли „се обидел насилно да помине низ двајцата полицајци“ и покрај нивните барања тој да ја обиколи областа. На снимката од камерите на телото објавена од полицијата на Мајами Бич се гледа како американскиот спринтер со својата девојка се расправа со група полицајци. Неговото однесување станувало сè поагресивно, што доведе до пресметка со полицијата.

Четворица полицајци се обиделе да го приведат Керли, кој пружил отпор, па полицијата употребила тизер за да го смири.

„И покрај напорите на полицајците да ја деескалираат ситуацијата, пријавениот заземал борбен став и продолжил да ги игнорира нивните законски наредби. Кога полицајците се обиделе да го уапсат, тој активно им се спротивставил“, соопштија од полицијата.

Керли е обвинет за злоставување, отпор на полицаец и непристојно однесување, а неговата девојка Клео Рахман, диџеј позната како Dj Sky High Baby, исто така се соочува со обвинение за давање отпор на полицаец. „Ова изгледа како целосно недоразбирање“, изјави неговиот бранител Јеил Санфорд за локалните медиуми.

„Господин Керли е спортист кој соборува рекорди. Тој се натпреваруваше на Олимпијадата, тој е модел на граѓанин во нашата заедница. Ова не е ништо повеќе од преголема реакција на полицијата“, додаде тој.

Керли освои бронза на 100 метри на Олимпијадата во Париз минатата година и сребро на Олимпијадата во Токио. Тој исто така освои шест медали на Светските првенства, вклучувајќи го и светското злато на 100 метри во 2022 година во Јуџин.


Крафт победи на скокалницата во Инзбрук и се доближи до финална победа

Австријците ја прдолжија својата доминација на Новогодишната турнеја. Попладнево ги освоија првите три места на скокалницата во Инсбрук.

Победата му припадна на Штефан Крафт, кој имаше скокови од 131,5 и 132,5 метри и вкупно 273,3 поени.

Второто место му припадна на Јан Херл, додека третото место го освои Даниел Чофениг. Херл имаше скокови од 134 и 132 метри (271,9 поени), а Чофениг од 132,5 и 127,5 метри (263,3 поени),

Крафт по оваа победа ја презеде лидерската позиција во вкупниот пласман. Тој има минимална предност во однос на своите сонародници. Херл и Чофенига.

Крафт има 887,1 поен, Херл заостанува 0,6 поени, а Чофениг 1,7 поени, па нè очекува невидена драма во Бишошофен во борбата за Златниот орел.

Кога бодовите ќе се претворат во метри, првите тројца се сместени во еден метар пред Бишосхофен, што ветува неверојатна драма. Вкупно, еден метар е еднаков на 1,8 поени.

За прв пат во 73-те години од Новогодишната турнеја, тројца скокачи дојдоа на еден метар еден од друг пред последната станица.

Најголемата драма се случи во 2006 година кога Јане Ахонен и Јакуб Јанда имаа ист број на поени по осум скока и ја поделија победата.

Последната станица на Новогодишната турнеја е во Бишофсхофен. Квалификациите ќе се одржат утре, а главниот натпревар е в понеделник.


Спортс Илустрејтед ја круниса Симон Бајлс за спортист на годината

Американската гимнастичарка Симон Бајлс е прогласена за најдобра спортистка за 2024 година во изборот на магазинот „Спортс Илустрејтед“.

„Таа го промени лицето на гимнастиката, предизвика големи промени во сите спортови и сето тоа го заврши со неверојатен личен камбек оваа година“, напиша Спортс Илустрејтед“.

На Олимпијадата во Париз 2024 година, Бајлс освои три златни медали.

Дваесет и седумгодишната Американка има 11 олимписки медали и 30 медали од Светското првенство. Таа е најодликуваната гимнастичарка во историјата.


Лук Литлер е нов светски првак во пикадо

Лук Литлер е новиот светски шампион во пикадо. Вундеркиндот во финалето го победи трикратниот светски шампион Мајкл ван Гервен со 7:3 во сетови. Литлер стана најмладиот светски шампион, а претходен рекордер беше Ван Гервен, кој ја освои својата прва титула во 2014 година на 24 години.

Младиот Англичанец го потврди статусот на фаворит во финалето против 18 години постариот Холанѓанец и со доминантен настап оствари убедлива победа.

Благодарение на победата во финалето, Литлер ќе заработи половина милион фунти и ќе се искачи на второто место на светската ранг-листа. Лук Хемфрис се уште е на врвот.


Почнува најновото издание на Рели Дакар

Од 4 до 17 јануари, Саудиска Арабија ќе биде домаќин на најатрактивата рели трка во светот, релито Дакар за 2025 година.

Оваа година на трката ќе учествуваат повеќе од 800 учесници. Актуелниот SUV шампион, 62-годишниот Карлос Саинц постариот, ќе се бори за петтата титула со петтиот производител, овој пат Форд.

Легендите на релито Себастиен Леб и Насер Ал-Атијах ќе возат Дачија, додека шампионите кај мотоциклистите Тоби Прајс и Сем Сандерленд заедно ќе го возат Дакар во off-road класата со модел на Тојота.

Пилотите ќе минат 12 етапи (вклучувајќи една дводневна, таканаречена „48-часовна“) и речиси 8.000 километри (специјални етапи – повеќе од 5.000 километри).