останато

Почина најстарата олимписка победничка во историјата

Унгарската гимнастичарка Агнес Келети, најстарата олимписка шампионка во светот, почина утринава на 104-годишна возраст во болница во Будимпешта, потврди Унгарскиот олимписки комитет.

Келети е родена на 9 јануари 1921 година во Будимпешта во еврејско семејство, го преживеала холокаустот, освоила пет златни олимписки медали, три сребрени и две бронзени, а подоцна се посвети на тренерската работа. Таа била хоспитализирана во саботата во критична состојба поради проблеми со срцето и тешкотии со дишењето.

Оваа легендарна гимнастичарка, која за неколку дена би наполнила 104 години, почнала да се занимава со спорт уште како дете и го освоила првото злато на националното првенство во 1940 година. Во 1944 година, кога пронацистичкиот режим во Унгарија почнала да ги депортира Евреите во логори на смртта, Келети успеала да побегне користејќи лажни документи и да се скрие во едно мало село.

По војната, таа станала дел од унгарскиот тим за гимнастика. Таа го освои своето прво олимписко злато на Игрите во Хелсинки во 1952 година, откако повредата ја спречи да учествува во Лондон во 1948 година. Таа освои уште еден сребрен и два бронзени медали во Хелсинки. Четири години подоцна, на Олимпијадата во Мелбурн во 1956 година, Келети се истакна, освојувајќи четири златни медали и еден сребрен во екипна конкуренција.

По Олимпијадата, Келети се преселила во Израел, каде што работела како универзитетски професор и тренер. Од 1990 година, по падот на Железната завеса, таа поминувала сѐ повеќе и повеќе време во Унгарија.

Келети беше примена во Куќата на славните за уметничка гимнастика во Оклахома во 2002 година. По повод нејзиниот 100-ти роденден, Меѓународниот комитет за фер-плеј (НФПБ) ѝ додели награда за животно дело, истакнувајќи го нејзиниот живот „обележан со прифаќање и толеранција, кои се основните идеи на фер-плејот“.

На 102-годишна возраст, Келети рече дека вежба секојдневно, ужива во овошје и чоколадо и гледа натпревари во гимнастика на интернет без наочари. Позната по својата духовита природа, Келети имала необичен одговор на прашањето за тајната на долговечноста: „Избегнувам да се гледам во огледало“.


Чофениг победи во Гармиш, Хајбек постави нов рекорд на скокалницата

Фантастични две серии понуди втората станица на 73.издание на Новогодишната турнеја. Во Гармиш-Партенкирхен, Мајкл Хајбек го надмина достигнувањето на Давид Кубацки и постави нов рекорд на скокалницата (145 метри), а Даниел Чофениг триумфираше и го презеде првото место во вкупниот пласман од Стефан Крафт, а исто така се искачи и на лидерската позиција во Светскиот куп.

Чофенинг победи со скоковите од 141,5 и 143,5 метри и стигна до 298,8 поени. Второто место со 290,3 поени го освои Швајцарецот Дешванден, додека на најниското скалило на подиумот се искачи уште еден Австриец, Михаел Хајбок. Словенецот Анже Ланиншек го освои четвртото место.

По натпреварите во Оберстдорф и Гармиш, првото место во поредокот на турнејата го презеде Чофениг (622,5), пред Јан Херл (614,6) и Штефан Крафт (613,8).

Чофенинг го презеде водството и во поредокот на Светскиот куп со 796 бодови, два повеќе од Германецот Пиус Пашке, додека на третото место е Австриецот Јан Херл со 756 бодови.


Џошуа најави две борби во 2025 година

Поранешниот двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа планира две борби во 2025 година. Ова го изјави неговиот менаџер Еди Херн во интервју за „ИФЛ ТВ“.

„Ја чекаме одлуката на Тајсон Фјури за неговата кариера, како и борбата меѓу Даниел ДуБоа и Џозеф Паркер на 22 февруари. Планираме две борби во 2025. Една во лето и една во зима“, изјави менаџерот.

Претседателот на промотивната компанија „Мечрум Боксинг“ додаде дека средбата меѓу Џошуа и Фјури може да стане најголемата борба во боксот во последните години.

„Никој не би бил заинтересиран за трета борба меѓу Фјури и Усик. Нема друг противник кој е посоодветен за Фјури од Џошуа“, категорично изјави Херн.

Потсетуваме, Тајсон Фјури во 2024 година претрпе два порази од неприкосновениот шампион во дивизијата Александар Усик. Џошуа (35) беше нокаутиран од Даниел Дубоа.


Светот првпат доби два светски шампиони во шах

За првпат во повеќе од 100-годишната историја на шаховските натпревари на ФИДЕ, светот ќе има двајца светски шампиони.

Тоа ќе бидат Норвежанецот Магнус Карлсен и Русинот Јан Непомњачи, кои испишаа историја, бидејќи исходот од Њујорк досега не е виден во историјата на шахот.

Карлсен и Непомњачи во финалето во блиц шахот одиграа седум партии по ред – првите две ги доби Норвежанецот, вторите Русинот, а во последните три ремизираа.

ФИДЕ реши да направи преседан, за прв пат во историјата погласи двајца победници.

„Игравме многу долго. Мислам дека ова е разумна одлука“, рече Карлсен по финалето.


Карлсен доби дозвола да игра во фармерки на Светското првенство

Најдобриот светски шахист пристигна облечен во фармерки на претпоследниот ден од Светското првенство во брз шах, но ФИДЕ го казни со 200 долари и му нареди да се пресоблече бидејќи фармерките не се на списокот на дозволена облека за Светското првенство.

Тој одби и доброволно го напушти натпреварувањето пред деветтото коло, отстапувајќи му ја титулата светски првак во брз шах на Володар Мурзин и најави дека нема да ја брани титулата ниту во брзпотезен шах.

„Тие можат да ги спроведуваат сопствените правила, јас немам проблем со тоа, но мојот одговор е: „Во ред, се откажувам. Е.те се,“ рече 34-годишниот.

ФИДЕ сфати колку губи со заминувањето на Карлсен, па реши да попушти и среде натпреварувањето ги смени правилата за да го задржи најдобриот шахист на светот.

Беше објавено дека сега е дозволено да се носат „соодветни фармерки“ кои мора да одговараат на бојата на палтото.

bПо таа одлука, 34-годишниот Норвежанец реши да се појави на Светското првенство во брз шах што започнува овој понеделник.


Министерството за спорт порано од планираното ги завршува недовршените базени

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во градежните активности за завршување на базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, еден од проектите кои се закочени со години. Иако проектите за доградба на базените кои четири години стојат како ругло во општините низ Македонија беа најавени за следната година, со заложба на Министерството за спорт, работите отпочнуваат веќе денеска.

„Драго ми е и многу сум горд што конечно најдовме решение за нешто што беше запоставено четири години. Најдовме заеднички јазик со операторите и отпочнуваме со работа и порано од она што го планиравме. Сите пет базени кои беа отпочнати од претходната власт и оставени, ќе бидат завршени до крајот на летото“, изјави министерот Борко Ристовски.

Станува збор за пет базени отпочнати од поранешната Агенција за млади и спорт и оставени недовршени. Тоа се: базенот во ООУ „Даме Груев“ во Битола, базенот во ООУ „Санде Штериоски“ во Кичево, базенот во населеното место Суитлак во Штип, базенот во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во општина Ѓорче Петров и базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во општина Кисела Вода.

„Од моментот кога станав градоначалник на Општина Кисела Вода постојано упатував прашања до тогашниот директор на Агенцијата за млади и спорт, во повеќе наврати барав да видиме до каде е процесот и зошто е настанат застојот, кога ќе продолжат активностите, но немаше никакво придвижување напред. На мое задоволство, со актуелниот министер Борко Ристовски, низ низа проекти, а и со денешниот, покажавме дека со ефикасна соработка и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Овој базен, чија изградба ќе биде завршена кон крајот на мај, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи пред се’, на учениците, спортистите, но и на сите граѓани“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Базенот во ООУ „Невена Георгиевска Дуња“ е од затворен тип со должина 25 метри, ширина 9 метри и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри – останатиот дел. Наменет е првенствено за образовниот процес, да го користат децата од училиштето за едукација, обука и пливање, а потоа и сите останати граѓани.


Монтоја: Верстапен нема да е фаворит за титулата следната сезона

Според поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, четирикратниот светски шампион Макс Верстапен нема да биде меѓу фаворитите за освојување на титулата во 2025 година.

Колумбиецот верува дека поради заостанувањето, кое се забележа кај Ред Бул во текот на сезоната 2024, Верстапен нема да биде меѓу главните конкуренти следната година. Според Монтоја, возачите на Мекларен (Ландо Норис и Оскар Пјастри) и на Ферари (Шарл Леклер и Луис Хамилтон) ќе се борат за титулата.

-За Верстапен следната сезона ќе биде тешка. Доколку Ред Бул не направи ненадеен голем чекор напред, ќе му биде многу тешко да стане шампион со овој болид. Тие едноставно немаат брзина во моментов. Не го гледам како фаворит. Ако ги погледнете последните трки од сезоната, нема шанси да се смета за фаворит. Ќе треба да почекаме и да видиме што ќе прават Ред Бул следната година, но мислам дека битката за титулата ќе се води меѓу возачите на Мекларен и Ферари. За мене уште поверојатно е дека возачите на Мерцедес ќе бидат пред Ред Бул, изјави Монтоја.


Без Македонец меѓу номинираните за балкански спортист на годината

Бугарската агенција – БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија.

ТОП-10 спортисти на Балканот по азбучен ред се:

Апостолос Христу (Грција) – пливање
Барбара Матиќ (Хрватска) – џудо
Давид Поповиќ (Романија) – пливање
Душан Мандиќ (Србија) – ватерполо
Јусуф Дикеч (Турција) – стрелаштво
Карлос Насар (Бугарија) – кревање на тегови
Костас Слукас (Грција) – кошарка
Милтиандис Тентоглу (Грција) – атлетика
Никола Јокиќ (Србија) – кошарка
Новак Ѓоковиќ (Србија) – тенис

Најдобриот спортист на Балканот и резултатите од анкетата ќе бидат објавени на церемонија во јануари.

Во традиционалното гласање во кое учествува и Медиумската информативна агенција (МИА) учествуваат и националните агенции на земјите од регионот – БТА (Бугарија), АНА-МПА (Грција), АДЖЕРПРЕС (Романија), Анадолска Агенција (Турција), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ХИНА (Хрватска), ФЕНА (Босна и Херцеговина), КНА (Кипар) и АТА (Албанија).


Карлсен дисквалификуван заради непочитување на дрес-кодот на ФИДЕ

Од сите спортови кои моментално се актуелни и популарни во светот, шахот е можеби еден од најтрадиционалните.

Токму оваа доследност со традицијата го погоди најдобриот шахист на сите времиња, Магнус Карлсен.

Имено, Магнус мораше да го напушти турнирот во Светскиот шампионат во брз шах, а причината е бизарна – носел погрешни панталони.

Според правилникот на ФИДЕ, секој шахист мора да биде соодветно облечен за големите настани, па затоа мора да носи целосен костум.

„Очигледно ова не е многу добар турнир за мене. Првиот ден загубив еден натпревар и можев да освојам уште два. Генерално, не играв добро, бев малку надвор од контрола. Добро спиев и ручав пред да дојдам. Едвај имав време да отидам во собата и да се пресоблечам. Облеков кошула, јакна и не ни помислив кога облеков фармерки. Дури и облеков чевли. Не размислував. Дојдов овде. Прво ја платив казната од 200 долари, што е во ред. Тогаш добив предупредување дека нема да можам да настапам ако не отидам да се пресоблечам. Рекоа дека можам да го направам тоа по третиот натпревар во денот“; изјави Карлсен.

Сепак, Магнус на шах се појави во фармерки, што ги натера организаторите да му дадат предупредување, кое тој, согласно неговиот карактер и темперамент, одби да го послуша.

„Реков дека ќе се пресоблечам утре, рекоа дека морам денес. Во тој момент ми стана принципиелна работа и тоа е тоа. Нема да се жалам за одлуката, премногу сум стар за да се грижам за тоа. Сега никој не сака да се повлече. Ако тоа е она што тие го сакаат, тоа е во ред со мене. Веројатно ќе одам некаде каде што времето е поубаво од Њујорк. Нема да играм ниту турнир во брз шах, не знам што би требало да се случи за да играм“, јасен е Магнус.

За се да се почитуваат правилата, на организаторите им остана само да му забранат учество, што на крајот и го направија.


Усик ќе земе подолга пауза од боксот до следната борба

Менаџерот на Олександр Усик – Егис Климас изјави дека по победата над Тајсон Фјури, украинскиот шампион ќе оди на долг одмор и повторно ќе се бори дури на лето.

-Ќе има долга подготовка за следната борба. По 12 последователни рунди со Фјури, на Александар му треба долг и добар одмор. Мислам дека новата борба на Усик треба да ја очекуваме не порано од крајот на јули или август, изјави Климас.

Се шпекулира дека шампионот на ИБО, ВБА, ВБО и ВБЦ ќе се соочи со Даниел Дубоа, кој ја има титулата во ИБФ.