останато

Сото и Њујорк Метс потпишаа договор кој е рекорд на сите времиња

Хуан Сото и Њујорк Метс го потпишаа најголемиот договор во историјата на спортот. Сото договорил 15-годишен договор вреден 765 милиони долари. Годишно ќе заработува 51 милион.

Ова е 12-ти договор во МЛБ вреден 325 милиони долари или повеќе. Со рекордниот договор, Сото го мина Шохеи Охтани, кој потпиша деветгодишен договор со ЛА Доџерс од 700 милиони долари претходно оваа година.

Интересно е што дваесет и шестгодишниот Сото одбил 440 милиони за истиот период од Вашингтон во 2022 година.

Договорот на Сото со Метс има излезна клаузула по пет години и вклучува потенцијални бонуси кои би можеле да пораснат до над 800 милиони долари.

Момчето родено во Доминиканската Република, минатата сезона настапувајќи за Њујорк Јенки, забележа рекордни во кариерата удари (166) и хоум-ранови (41) и го предводеше својот тим до првиот настап во Светската серија од 2009 година.


Блесок на македонските стрелци на „Трофеј Белград“

Викендов по 49-ти пат се одржа меѓународните натпревари во стрелаштво со воздушно оружје „Трофеј Белград“, каде покрај 15 земји учеснички, учествуваа и стрелци од државната репрезентација на Македонија помеѓу кои и членови на СК Стрелец.

И на двата натпревари најуспешен беше Мартин Ангелески кој во текот на вчерашниот ден погоди 620,9 кругови и пропушти финале за медал за само 1 круг.

Ангелески постави и личен и државен рекорд со погодени 626 кругови и повторно немаше среќа за влез во финале и борба за медал за само 1 круг. Мартин Ангелески со континуиран тренажен процес покажа дека продолжува да го зголемува својот резултат и со сигурност докажува дека е подготвен за новиот олимписки квалификациски циклус за учество на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.


Реми во десеттата партија на Лирен и Домараџу за светска титула

Актуелниот светски шампион Кинезот Динг Лирен и победникот на турнирот за кандидати Гукеш Домараџу од Индија изедначија во десеттата партија од мечот за титулата светски шампион во шах.

Лирен играше со бели фигури, Гукеш играше со црни фигури. На отворањето шахистите играа по лондонски систем. Ниту еден од велемајсторите не успеа да постигне значајна предност, играта заврши во 36. потег.

По десет натпревари резултатот е израмнет – 5-5. Единаесетта партија ќе се одигра на 8 декември.

Мечот за шаховска круна се состои од 14 партии со класична контрола на времето: 120 минути за првите 40 потези, потоа уште 30 минути со дополнителни 30 секунди по секој потег. Победникот на натпреварот може најрано да се одреди доколку некој од шахистите постигне 7,5 поени пред 14-та партија. Доколку биде 7-7 по 14 партии, тогаш на 13 декември шахистите ќе играат тајбрејк.


Норис победи во ОАЕ, Мекларен слави титула кај конструкторите

Заврши сезоната во шампионатот на Формула 1, која кога се возачите во прашање беше решена на тр трки до крајот, кога Макс Ферстапен ја одбрани титулата, а во Абу Даби Мекларен ја освои титулата кај конструктирте. Мекларен ја освои првата конструкторска титула од 1998 година

Големата награда на Абу Даби ја освои Ландо Норис (четврта победа во кариерата), пред возачите на ферари Карлос Саинц и Шарл Леклер. На крајот Мекларен заврши со 14 поени повеќе од Ферари. Ред Бул го освои третото место кај конструкторите.

Зад најдобрите тројца се пласираа возачите на Мерцедес Луис Хамилтон кој ја возеше последната трка во сребрениот болид и Џорџ Расел. Хамилтон во последниот круг го помина тимскиот колега.

Следуваа Ферстапен, Пјер Гасли, Нико Хулкенберг, Фернандо Алонсо и Оскар Пјастри.

Трката ја обележаа Леклер и Хамилтон, кои стартуваа од 19. односно 16.место и Ферстапен кој предизвика инцидент во првиот свиок кога удри во болидот на Оскар Пјастри.

Сезоната 2025 ќе започне во март во Австралија.


Ландо Норис ќе тргне од првиот ред за ГН на ОАЕ

Возачот на Мекларен, Ландо Норис ќе тргне од првата стартна позиција на утрешната трка од шампионатот во Формула 1 што ќе се вози за Големата награда на Абу Даби.

Ова беа последни квалификации за сезоната 2024. Веднаш до Норис ќе биде неговиот клупски колега, Оскар Пјастри.

Од вториот ред ќе тргнат Карлос Сајнц и Нико Хулкенберг. Актуелниот светски шампион Макс Верстапен ја освои петтата стартна

Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон во својот последен настап за Мерцедес ќе стартува од 18. место.

Почетокот на трката на патеката „Јас Марина“ во Обединетите Арапски Емирати е утре во 14 часот. Со оваа трка се затвора сезоната во Формула 1.


Словенецот Тадеј Погачар е велосипедист на годината

Словенецот Тадеј Погачар ја доби престижната награда „Вело дор“ за најдобар велосипедист на годината.

Ова не е неочекувано бидејќи 26-годишникот триумфираше на нереални 25 трки оваа година, вклучувајќи ги Џиро д’Италија и Тур де Франс, додека ги прескокна Олимписките игри и Вуелта.

Процентот на освоени трки на кои учествувал Погачар е неверојатни 44,6 отсто. Доминацијата на Словенија на големите турнеи ја круниса 35-годишниот Примож Роглич (Ред Бул-Бора) со триумф во Шпанија, само четврти пат во историјата победниците на сите три трки во иста година да бидат од иста земја.


МекГрегор ќе плати огромни судски трошоци за случајот со силување

Конор МекГрегор, еден од најпознатите борци во историјата на ММА, беше прогласен за виновен за силување на Никита Хенд во случај кој датира од 2021 година.

Судот пресуди дека МекГрегор мора да плати отштета од 250.000 евра на жртвата, иако тој инсистира дека нивната врска била доброволна.

Ситуацијата за МекГрегор уште повеќе се влоши кога Врховниот суд одлучи дека тој мора да покрие 1,5 милиони евра од судските трошоци на Никита Хенд.

Тој, исто така, се соочува со потенцијално непочитување на судските обвиненија, откако членовите на поротата што ја донесоа одлуката ги нарече „кенгури“.

Овој случај претставува значителен удар за угледот и финансиите на МекГрегор, со можност за дополнителни правни последици кои би можеле дополнително да ја оштетат неговата кариера.


Голем удар за Ферари пред клучната трка за титулата

Шампионските амбиции на Ферари во битката за конструкторската титула во Формула 1 во 2024 година доживеаја тежок удар по првиот тренинг пред Големата награда на Абу Даби.

По неговото завршување, беше откриено дека Шарл Леклер, кој беше најбрз во првите 60 минути од тренингот на „Јас Марина“, ќе биде поместен за 10 места назад на стартната линија за неделната трка. Причината е фактот што механичарите на Ферари беа принудени да вградат трета батерија во болидот на пилотот од Монако, негова прва дополнителна во сезоната. Според прописите на Ф1, ова предвидува автоматска казна од десет позиции, што ќе има многу сериозно влијание врз шампионските амбиции на Ферари.

Пред последното коло од сезоната, „црните коњи“ заостануваат од Мекларен со 21 поен и им треба совршен викенд за да имаат реални шанси да ја освојат првата титула во конструктори од 2008 година. Ова е добра вест за Мекларен, чија последна титула во конструктори беше во 1998 година.

Леклер нема да биде единствениот возач кој ќе одлежи казна по квалификациите во Абу Даби. Пилотите на Вилијамс, Алекс Албон и Франко Колапинто ќе бидат поместени пет места назад поради употребата на нови менувачи, кои се над дозволениот број од пет по сезона.


Леклер најбрз на тренингот во Абу Даби

Возачот на Ферари, Шарл Леклер беше најбрз на првиот тренинг пред Големата награда на Абу Даби, последната трка во сезоната.

Сепак, Леклер беше казнет затоа што неговиот тим постави нов акумулатор на болидот, кој го надмина дозволениот број за оваа сезона. Поради ова, Шарл ќе стартува 10 места пониско од неговиот квалификациски резултат.

Во однос на тренингот, Леклер беше за 0,221 секунди побрз од Ландо Норис од Мекларен, кој беше за 0,264 секунди побрз од возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон.

Ферари моментално се бори за шампионската титула кај конструкторите со Мекларен, кои имаат 21 бод предност пред последната трка во сезоната.

Квалификациите ќе бидат на програмата утре од 15:00 часот, додека трката за Големата награда на Абу Даби е закажана за в недела во 14:00 часот.


Стефан Стојановиќ освои злато на Светската 1 Премиер лига во карате

Македонскиот каратист Стефан Стојановиќ, освои златен медал во највозрасната категорија на постари јуниори (У21) +84 кг.

На завршниот турнир на Светската 1 Премиер лига во Венеција учествуваа 4.000 спортисти од 81 земја.

makpetrol_karate_ml_02.jpg

Стефан Стојановиќ до златниот медал стигна совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со резултат 3-1. Стојановиќ во елиминацискиот дел до финалето извојува четири победи. Со овој резултат Стојановиќ останува на едно од првите две места на Светската Ранг листа на WKF (Светска карате федерација) за 2024 година.