останато

Легендарниот Кличко спремен да се врати во рингот

Саудискиот боксерски промотер Турки Алалших откри дека би сакал Владимир Кличко да се врати во рингот. Познатиот украински боксер, еден од најдобрите на сите времиња, има 48 години, а евентуално враќање во рингот би се случило во борбата за појасот на шампионот во тешка категорија против Тајсон Фјури. За такво нешто треба да се поклопат неколку работи.

Владимир Кличко, братот на Виталиј Кличко, исто така поранешен шампион, а денес градоначалник на Киев во воено окупирана Украина, прво треба да се согласи да се бори за да почне да се реализира планот на промоторот. Дополнително, би било неопходно Британецот да го победи Олександар Усик во реваншот на 21 декември.

„Сонувам да ја видам оваа борба. Ако прифати, би сакал да го видам Владимир Кличко да има шанса да стане најстариот шампион во тешка категорија на сите времиња. Се разбира, тој нема да биде во рингот против Усик ако Усик победи бидејќи тие се и двајцата херои од Украина и нема да се борат меѓу себе“, рече Алалших.

Најстариот шампион во тешка категорија е Џорџ Форман, кој го нокаутира Мајкл Мурер во 10. рунда во ноември 1994 година во борба за титулата. Форман тогаш имаше 45 години. Кличко во март следната година ќе го прослави својот 49 роденден.

Виталиј и Владимир Кличко беа шампиони на сите најважни промоции во „Кличко ерата“ од 2004 до 2015 година. До 2015 година, Владимир имаше учинок од 64 победи и три порази, а потоа на крајот на таа година му ги предаде појасите ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО на Тајсон Фјури по едногласна одлука на судиите во корист на Британецот.

Тој се врати во рингот две години подоцна во мечот против Ентони Џошуа. Загуби во 11. рунда од борбата за појасите во тешка категорија на ИБФ, ВБА и ИБО.


Општина Петровец ќе добиe мултифункционално игралиште

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски, денеска го означи отпочнувањето на изградбата на новото мултифункционалното игралиште во Петровец.

-Со реализацијата на овој проект општина Петровец ќе добие современо игралиште кое ќе обезбеди модерни услови за спортување за сите граѓани, особено за младите кои се нашата иднина. Секој нов проект е уште еден чекор кон поздраво и посилно општество – истакна министерот Ристовски.

Вредноста на проектот за изградба на мултифункционалното игралиште во општина Петровец изнесува три милиони денари а рокот за изградба е пет месеци.


Верстапен победи на патрката Лусаил во Катар

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка за Големата награда на Катар.

27-годишниот Холанѓанец победи на квалификациите во саботата, но стартуваше од втората позиција поради казна.

Второто место на трката го зазеде возачот на Ферари, Шарл Леклер, кој заостана 6.031 секунда зад победникот. Првата тројка ја комплетираше Оскар Пјастри од Мекларен (+6,819).

Следуваа Џорџ Расел (Мерцедес), Пјер Гасли (Алпин) и Карлос Саинц (Ферари). Возачот на Мекларен, Ландо Норис, кој беше втор во поединечниот пласман, заврши десетти за време на трката, тој доби казна од 10 секунди за прекршување на жолтите знамиња.

Верстапен веќе го освои шампионскиот трофеј, четврти последователен за него во Формула 1


Норвежанецот Клабо освои злато на Светското првенство во Финска

Репрезентативецот на Норвешка, Јоханес Клабо, победи во класичниот спринт во скијачко трчање на Светското првенство во Финска.

Тој на патеката – Рука успеа да ја добие битката со неговиот сонародник, Ерик Валнес и домашниот натпреварувач, Лаури Вуоринен, кој го обезбеди третото место.

Меѓу првите 10-ет трката ја завршија и Дури Нортуг (Норвешка), Нило Моиланен (Финска), Маркус Грат (Шведска), Федерико Пелигрино (Италија), Бенџамин Морес (Австрија), Оскар Вике (Норвешка) и Емил Данилсон (Шведска).


Нандо Лорис обезбеди пол-позиција во Катар

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата за последната спринтерска трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1, која ќе се вози за Големата награда на Катар.

Британецот на половина пат на патеката „Лусаил“ стигна со време од 1:21.012 минути, со 63 илјадитинки предност пред Џорџ Расел во Мерцедес. Двајцата беа следени од возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој беше десетти зад победникот на минатонеделната трка во Лас Вегас.

Шампионот Макс Ферстапен, кој пред пет дена ја обезбеди четвртата титула, ќе го заземе шестото место во саботниот спринт.


Керли го мерка светскиот рекорд на Усеин Болт

Американскиот спринтер Фред Керли останува непоколеблив во својата намера да го собори светскиот рекорд на 100 метри кој е во сопственост на Усеин Болт.

И покрај неуспесите на почетокот на оваа година, светскиот шампион од 2022 година продолжува да зрачи со самодоверба, споделувајќи го своето непоколебливо верување во еден поткаст.

Неговиот личен рекорд е 9,76 секунди и е постигнат за време на неговото освојување на златниот медал на Светското првенство во Јуџин во 2022 година.

„Врвот во атлетиката е златниот олимписки медал, и ако излезам на стартот, очекувам да победам. Ако зборувате позитивно во вашиот живот, ќе дојдат позитивни работи. Јас сум многу уверен зошто да направите нешто ако не верувате дека сте најдобри? Зошто да живеете ако не верувате во себе?“, вели Керли на прашањето дали се уште верува во можноста да го собори светскиот рекорд на Болт.


Тројцата браќа Рустемовски на прием кај градоначалникот на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денес организираше прием на браќата Ружди, Ален и Ардијан Рустемовски, кои настапија на Балканско првенство во бокс кое се одржа во Лозница, Србија и се вратија со медали.

Ален Рустемовски во категоријата до 57 килограми во финалето беше подобар од украинскиот ривал Денис Роздолски.Од друга страна, Ружди Рустемовски боксуваше и го победи домашниот боксер во Лозница, Стефан Чамовиќ од Србија. И двајцата наши сограѓани освоија златни медали.

Ардијан Рустемовски се закити со сребро, откако во финалето загуби од Украинецот Зименко.

Градоначалникот им упати искрени честитки на нашите сограѓани кои достојно ја претставија Битола и македонскиот бокс во Лозница и направија одличен резултат со желба и надеж во иднина да бележат поголеми успеси и нови победи.

Македонија на ова Балканско Првенство кое се одржа во Лозница, Србија, успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали.


Џенерал Моторс потврди дека влегува во Формула 1 шампионатот

Формула 1 и Џенерал Моторс (ГМ-GM) постигнаа начелен договор за влез на тимот ГМ/Кадилак како 11-ти тим во светскиот шампионат во Формула 1 во 2026 година.

„Посветеноста на Џенерал Моторс и Кадилак на овој проект е важна и позитивна демонстрација на еволуцијата на нашиот спорт. Сигурни сме во целосната соработка и поддршка од сите вклучени страни“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

„Џенерал Моторс е голем глобален бренд и сила во светот и работи со импресивни партнери. Целосно ги поддржувам напорите на ФИА, Формула 1, ГМ и тимот да го одржат дијалогот и да работат на овој исход од договорот во принцип. Сите страните, вклучително и ФИА-ин, ќе продолжат да работат заедно за да обезбедат непречен напредок на процесот“, додаде претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулејем.

Марио Андрети, светскиот шампион во Формула 1 во 1978 година, ќе има амбасадорска улога со Кадилак Ф1.

Борбата за придодавање на овој тим трае повеќе од три години и Формула 1 првично го одби барањето. Постоечките 10 тимови, кои немаат право на глас за ова прашање, исто така, во голема мера се противат на проширувањето поради разводнувањето на наградниот фонд и милијардите долари што веќе ги имаат инвестирано во натпреварувањето.


Прилепски Младост 96 е есенски првак во пинг-понг

Со победа од 4-0 викендот над екипата на Вардар во 9. коло, прилепската екипа Младост 96 е есенски шампион во сезоната 2024/2025 во Супeрлигата во пинг-понг.

Резултати од последното есенско коло:

Младост – Крива Паланка 0-4 (Службено)
Младост 96 – Вардар 4-0
Радовиш – Астраион 2-4
Берово – Шампион ФА 1-4
Телеком НЕЦ 2 – Пелагонија 4-3.

Младост 96 има максимални девет победи, Крива Паланка и Телеком Нец 2 се на второто и третото место со седум победи и два пораза.


Легендарната Ема Мекион објави заминување во пливачка пензија

30-годишната австралиска пливачка Ема Мекион, хероина на Олимписките игри во Токио во 2021 година, објави дека заминува во пензија. Одлуката Мекион ја објави на својот профил на „Инстаграм“.

Австралијката на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, Токио и Париз освои вкупно шест златни, три сребрени и пет бронзени медали.

Таа во Рио освои златен медал во штафетата 4 х 100 слободно. Четири години подоцна, Токио, Мекион стана втората жена која освоила седум медали (четири златни и три бронзени) на еден Игри. 70 години претходно тоа и успеа на советската гимнастичарка Марија Горошовска (две златни, пет сребрени) во Хелсинки во 1952 година.

Во Париз, таа беше на највисокото скалило на подиумот со штафетата 4 x 100 метри мешано.

„Пред Париз знаев дека ова ќе ми бидат последни Олимписки игри, а месеците што следеа ми дадоа време да размислувам за мојот пат и што сакам да правам во иднина“, изјави Мекион.

На Светското првенство во големи базени таа освои пет златни, 11 сребрени и четири бронзени медали.