Првиот човек на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, ги негираше гласините дека размислува за ангажирање на Карлос Саинц кој наводно би можел да го замени Серхио Перез и покрај потпишаниот договор со британскиот тим за следната сезона.
„Секогаш има многу гласини во Формула 1. Тој е одличен возач и неодамна имаше голема победа во Мексико и мислам дека ќе биде вистинскиот возач за тимот“ – вели Хорнер.
„Дали размислувам за Саинц? Не, тоа не е во нашите планови“, изјави Хорнер.
Во Франција се појавија докажи дека Иман Келиф не е жена туку маж!
Paris 2024 Olympics – Boxing – Women’s 66kg – Prelims – Round of 16 – North Paris Arena, Villepinte, France – August 01, 2024. Imane Khelif of Algeria reacts during her fight with Angela Carini of Italy REUTERS/Isabel Infantes
Иман Келиф беше главна тема на овогодишните Олимписки игри во Париз. Претставничката на Алжир го освои златото во боксерската категорија до 66 килограми, откако во финалето со едногласна судска одлука ја совлада Кинеската Лиу Јанг, меѓутоа го привлече вниманието на јавноста бидејќи беше обвинета дека е маж.
Францускиот новинар Џафар Аит Аудиа сега тврди дека има докази дека Келиф не е жена, туку маж. Порталот „Reduxx“ ја објави приказната според која Аудиа наводно успеал да добие копија од медицински извештај од јуни 2023 година, којшто заеднички го исработиле помеѓу болниците од Париз и Алжир, а со којшто било утврдено дека Келиф има тестиси.
„Reduxx“ пишува дека ендокринолозите Сомаја Федала и Жак Јанг заклучиле дека Алжирката има сексуално нарушување на 5-алфа редуктаза, кое може да се појави само кај биолошките мажи, а кое наводно го спречува нормалниот развој на половите органи кај детето. Според овој извор, во таквите случаи машките бебиња погрешно се сметаат за женски, бидејќи нивните гениталии не се развиваат правилно.
Михајловски бронзен на Европското првенство во кик-бокс во Атина
Македонскиот кик-боксер Стефан Михајловски со бронзен медал се враќа од Европското сениорско првенство во Атина, откако не успеа да се пласира во финалето по поразот од украинскиот репрезентативец Серхи Бабенко во полуфиналниот меч.
Михајловски имаше огромна поддршка од неговите колеги од македонската репрезентација и иако храбро и добро се бореше, сепак не успеа да го совлада противникот и во категоријата кик лајт над 94 килограми загуби минимално со 2-1. Нашата земја има уште еден репрезентативец во полуфиналните натпревари, европскиот шампион Бобан Илиоски денес ќе се бори со Христос Филис од Грција за влез во финалето и одбрана на титулата.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.
На Европското кик-бокс првенство во Атина учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.
Барселона ќе биде домаќин на последната Мото ГП трка сезонава
Светскиот шампионат во Мото ГП објави дека последната трка од сезоната 2024 ќе се одржи во Барселона од 15 до 17 ноември.
Последното Гран При традиционално требаше да се одржи во Валенсија, но трката мораше да биде одложена поради поплавите кои го зафатија овој регион.
Во Барселона за титулата ќе се натпреваруваат лидерот во тековната сезона Хорхе Мартин од Прамак и актуелниот шампион Франческо Бањаја од Дукати .
Трката ќе биде најавена како „Гран при на солидарноста“.
Стефан Мелник стигна до делба на шесто место на Светското првенство за слепи лица
Членот на ШК Мулти Есенс, Стефан Мелник, со делба на шестото место го заврши настапот на Светското индивидуално првенство во шах за слабовидни и слепи лица, во верзија на IBSA, кое се одржа од 25 октомври до 4 ноември во Петровац, Црна Гора.
Ова е прв настап за 16-годишниот младинец на ваквото Светско првенство, кое по третпат го организира Интернационалната спортска федерација на слепите, а кое се игра во сениорска конкуренција. На крајот првите три места ги освоија играчи кои во деветте кола прокнижија по седум бода, а меѓу нив беа и двајцата најсилни според рејтингот: ФИДЕ-мајсторот Иштван Золтан Замбо од Унгарија и ветеранот ИМ Предраг Никач од Црна Гора. Со 5,5 бода Стефан Мелник се доближи до водечката група и заврши на делба на шестото место.
Претходно, годинава во јуни, тој настапи на Европското првенство за слепи лица, во верзија на IBCA, кое се одржа во Романија, каде што се пласираше на делба на 10. – 18. место.
Со исклучителните постигнати резултати Стефан Мелник го потврдува својот шаховски талент и потенцијал, а воедно и континуираната работа со неговиот тренер, ВМ Трајко Недев, во последните две години ги дава посакуваните резултати.
„Овој настап ќе го паметам по пропуштените шанси. Се изборив за подобри позиции во два случаи, од кои првиот беше против ИМ Никач, кој потоа ги искористи моите непрецизности и успеа да освои цел поен, а во вториот случај партијата заврши со реми (со Французинот Јан Тевене). Бев најмладиот учесник на Првенството, а, според информациите што ги добив, подобро пласираните играчи биле од категоријата на слабовидни лица, за разлика од мене. Сепак, осознавајќи ја конкуренцијата, мислам дека во скоро време би можел да напредувам и да стигнам до борба за еден од медалите “, вели Стефан во првата изјава по враќањето.
При овој настап младинецот од шаховската школа на ШК Алкалоид освои и нови 63 рејтинг-поени на листата на ФИДЕ, слично како и при настапот на Европското првенство, кога освои 131 рејтинг-поен. Со тоа неговиот вкупен рејтинг ќе ја надмине границата од 1900 и ќе го вброи рамо до рамо меѓу најуспешните играчи од тимот на ШК Мулти Есенс, за кој настапуваше минатата сезона во екипните натпревари и со кој заедно обезбеди пласман во највисокото екипно натпреварување во Македонија според рангирањето – Првата шаховска лига.
Индија ги добива Олимписките игри во 2036 година?
Индија го информираше Интернационалниот олимписки комитет дека сака да биде домаќин на Летните олимписки и параолимписки игри во 2036 година.
Претходно тоа во неколку наврати го најави и премиерот, Нарендра Моди. Тој изрази надеж дека Игрите ќе помогнат за економски раст, социјален напредок и зголемени можности за младите во земјата.
Претходно Мексико, Индонезија и Полска, поднесоа кандидатури за домаќини на Олимпијадата во 2036 година.
Младост 96 со максимален ефект и по седум кола во пингпонгарската Супер лига
Екипата на Младост 96 и натаму е лидер на табелата во македонската пингпонгарска Супер лига со максимален број освоени бодови.
Викендов Младост 96 успеа да слави тесна победа над Пелагонија, додека Астраион од Струмица со две победи се зацврсти на второто место.
Табела: Младост 96 14 бода, Астраион, Шампион Фа, Телеком Нец 2 и Крива паланка по 12, Пелагонија 10, Радовиш и Вардар по 9, Берово 8, Младост 7.
ФИА парично ги казни Норис и Расел
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, е предупреден и казнет поради неправилниот старт за време на трката за Големата награда на Формула 1 во Бразил, откако пред време го започна загревачкиот круг, пред да се вклучат зелените светла за стартот на патеката Интерлагос.
Истото го направи и Џорџ Расел од Мерцедес кој стартуваше од втората позиција. Двајцата беа предупредени по трката и казнети со по 5.000 евра за грешката, објави „Скај Спорт“.
Возачите на РБ, Јуки Цунода и Лиам Лосон, исто така беа под истрага за истиот прекршок, но тие не беа казнети, бидејќи беше оценето дека биле под влијание на возачите пред кои беа пред нив, Норис и Расел.
Историски успех на најдобрата македонска велосипедистка
Нашиот актуелен државен шампион во друмски велосипедизам и хронометар трки, Елена Петрова, зазема учество на овогодинешното издание на Балканското првенство во друмски велосипедизам 2024 (Balkan Road Cycling Championship WE – ITT 2024), кое минатата недела се одржа во турскиот град Едрене.
Во силна конкуренција на учеснички од целиот регион, нашата претставничка успеа да ја заврши 25.3km долгата патека на одличното 3-то место, со задочнување од само 42 секунди зад првопласираната.
„Пресреќна што имав можност да ги бранам боите на Македонија на меѓународната велосипедска сцена и со национален дрес гордо да застанам на подиумот во Едрене. Трката беше мошне захтевна, но јас сум во одлична кондиција и успеав да дадам максимум од својот потенцијал и да завршам на позиција број 3 во финалниот пласман. Овој настап е непроценливо искуство за мене и вистински мотив за трките кои следат.“ – додаде Елена Петрова веднаш по прогласувањето на победниците.
Верстапен собори рекорд на Михаел Шумахер
Макс Верстапен успеа да го сруши рекордот на Михаел Шумахер по поминати денови на лидерската позиција во поредокот во Формула 1 шампионатот.
Холанѓанецот 897 дена по ред е на првото место во конкуренција на возачи во Формула 1. Серијата започна на Големата награда на Шпанија во 2022 година и ќе продолжи уште најмалку два викенда благодарение на вчерашната победа на трка за Големата награда на Сао Паоло.
Седумкратниот шампион во Формула 1 беше на првото место 896 последователни денови во 2000-2002 година.
Трет на оваа листа (560 дена во 2005-2006 година) е Фернандо Алонсо, кој сега вози за Астон Мартин.
Покрај тоа, тимот на Ред Бул го бележи 64-то Гран При по ред освојувајќи бодови повторувајќи ја втората најдолга серија во историјата (Мекларен, 2010-2013). Ферари останува рекордер (81 трка, 2010-2014). Последен пат кога Ред Бул не освои бодови беше на ГН на Бахреин во 2022 година.