Верстапен победник на Бразилското Гран-при во формула 1
Макс Верстапен, по пауза од десет трки, се радуваше на победа во шампионатот на Формула 1. Холанѓанецот победи во хаотичната трка за Голамата награда на Бразил, која покрај него ја обележаа возачите на Алпин, Естебан Окон и Пјер Гасли кои завршија на второто и третото место. Трката на патеката Интерлагос беше катастрофална за Мекларен и ландо Норис, кој заврши шестти во поредокот и речиси и да остана без шанси во борбата за титулата.
На крајот поредокот на првите десет изгледаше вака: Верстапен, Окон, Гасли, Расел, Леклер, Норис, Цунода, Пјастри, Лосон, Хамилтон.
Во првенството на Формула 1 сега следува пауза од три недели, а следната трка ќе се вози во Лас Вегас.
Македонските кикбоксери оптимист пред настапите на ЕП во Грција
Македонската кикбокс сениорска репрезентација замина на ВАКО Европското кикбокс првенство 2024 во Атина, Грција.Репрезентацијата ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија Дејан Митровски -Урко.
Во составит на сениорската репрезентација се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска и тренерот на репрезентација Драган Атанасовски. Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание 2024 на Европската кикбокс федерација на кое ќе присуствува и претседателот Митровски.
Во склоп на првенството од страна на ВАКО Европа ќе има организирано и “Атлетски корнер” на кој ќе има секојдневна едукација за спортистите, физиотерапевтски дел со врвни терапевти за релаксација и помош на спортистите и презентација на “ВАКО женскиот комитет” чија членка од нашата држава е Ирена Митровска, која заедно со уште 6 жени членки од цела Европа пред спортистите ќе ја претстават својата работа.
Претседателот изјави дека репрезентацијата е подготвена во целост, очекувам успешни и добри мечеви од сите наши натпреварувачи и секако се надевам дека ќе се вратиме со медали.
„Ќе го чекаме официјалниот ждреб за да ги дознаеме противниците. Како и секогаш, конкуренцијата е голема, но нашата репрезентација иако е мала, составена е од врвни, искусни и докажани борци. Посакувам успех за сите и очекувам трофејни борби без повреди“, изјави претседателот Митровски.
Мајк Тајсон во топ-форма го чека мечот со јутјуберот Џејк Пол
Мајк Тајсон, познатиот боксер, со месеци се подготвува за борбата против Џејк Пол, познат јутјубер. Нивниот боксерски меч е закажан за 15 ноември во Тексас.
Борбата првично беше закажана за 20 јули, но беше одложена поради здравствените проблеми на Тајсон.
Судејќи по видеата од социјалните мрежи, Тајсон сега е во одлична форма, а едноставно е неверојатно како изгледа човекот на 58 години.
Познатиот боксер редовно објавува видеа од својот тренинг, а бројните фанови ширум светот се воодушевени од неговиот изглед и способности на таа возраст:
Во својата професионална кариера Тајсон имаше 58 натпревари и 50 победи со шест порази и две нерешени. Тој се смета за еден од најдобрите тешкаши во историјата на боксот.
Две девојки и три момчиња ќе ја претставуваат Македонија на ЕП во кик-бокс
Денес во Атина почнува Европско првенство во кик-бокс во машка и женска конкуренција. На овој голем собир настапат петмина македонски натпреварувачи.
Во женска конкуренција, Леа Бошевска е пријавена во кик-лајт во категоријата до 50 килограми, а Андреа Костовска во кик-лајт до 55 килограми.
Во машкиот состав се Мите Ашкилов во кик-лајт во категоријата до 94 килограми, Бобан Илиоски во лоу-кик до 86 килограми и Стефан Михајловски во кик-лајт во категоријата над 94 килограми.
На Европското првенство кое се одржува до 10 ноември пријавен е настапот на 982 кикбоксери од 41 земја.
Втор светски рекорд на Реган Смит на Светскиот Куп во Сингапур
Американската пливачка Реган Смит е нов светски рекордер на 200 метри грбно.
За само два дена Смит постави два нови светски рекорди. Откако постави магично време од 54.27 на 100 метри грбно , Смит блесна и на трката на 200 метри НА Светскиот куп во Сингапур.
Таа ја заврши трката со фасцинантни 1:58,83, што сега е нов светски рекорд – 0,11 секунди побрзо од рекордот кој важеше од ноември 2020 година и го држеше Кајли МекКеон. Второто место на трката го зазеде Анастасија Шкурдаи (2:01.63), додека трета Јона Андерсон (2:01.98).
Македонија слави три медали на атлетите од Специјалната Олимпијада
Деновиве тим од четири атлети од Специјална Олимпијада Македонија учествуваше на Европската пливачка средба на Специјална Олимпијада во Монако, под покровителство на принцезата Шарлин.
Во конкуренција од 180 натпреварувачи, атлетите – пливачи од нашата држава освоија вкупно три медали.
• Јулијана Петровска се натпреваруваше на 50 метри пливање во слободен стил, пласирајќи се на четвртото место, а ја освои бронзата во категоријата 25 метри грбно пливање.
• Катерина Петковска имаше силен настап, освојувајќи го четвртото место и на 25 метри слободен стил и на 25 метри грбно пливање.
• Стефан Трпковски се истакна со два бронзени медали, пласирајќи се на третото место во категоријата 25 метри грбно и во 25 метри пливање во слободен стил.
• Марио Мицковски покажа извонредна издржливост, натпреварувајќи се на 50 метри и на 100 метри пливање во слободен стил каде постигна најдобри времиња, но од здравствени причини не настапи на финалните трки.
Претседателката на Специјална Олимпијада Македонија, Моника Бошкоска, ја изрази својата воодушевеност од напорите на тимот и покрај огромната конкуренција.
„Нашите атлети демонстрираа дека со решителност, редовни тренинзи и посветеност, може да се постигне извонреден успех на меѓународна сцена. Ова е еден од бројните успеси на атлетите на Специјална ОлимпијадаМакедонија, кои продолжуваат да нѐ претставуваат во најдобро светло и да ја прават Македонија горда. Докажавме дека можеме да се носиме и со најголемите светски сили, да победуваме и да освојуваме медали. Ја користам оваа прилика да му честитам на тренерот и селектор Игор Димоски кој со своето искуство и посветеност е заслужен за успесите на нашата пливачка делегација. Огромна благодарност до организаторите и принцезата Шарлин што беа домаќини на ваков инспиративен настан кој во пракса ја покажува моќта на спортот и улогата која ја има во инклузијата на лицата со интелектуална попреченост“, рече Бошкоска.
Под покровителство на принцезата Шарлин, Европската пливачка средба на Специјалната Олимпијада обедини на едно место голем број атлети – пливачи од 27 европски земји на култниот стадион „Луј Втори“ во Монако. Учесниците се натпреваруваа во пливање во неколку категории: 25, 50 и 100 метри слободен стил на пливање, грбен и граден стил на пливање.
Специјална Олимпијада Македонија останува посветена на зајакнување на атлетите со интелектуална попреченост, обезбедувајќи им можности да го постигнат својот целосен потенцијал преку употреба на трансформативната моќ на спортот.
Оскар Пјастри најбрз на спринтерската трка во Интерлагос
Oscar Piastri, McLaren MCL38
Австралиецот Оскар Пјастри од тимот на Мекларен ја освои најдобрата стартна позиција пред саботната спринтерска трка за Големата награда на Бразил на патеката Интерлагос.
Пијастри ја освои пол-позицијата со време од 1:08.899 минути. Австралиецот беше само 0,029 секунди побрз од британскиот тимски колега Ландо Норис, додека Шарл Леклер од Монако во болидот на Ферари беше трет со 0,254 секунди заостанување.
Актуелниот светски шампион и лидер во генералниот пласман Холанѓанецот Макс Верстапен во Ред Бул беше четврти.
Од третиот ред ќе стартуваат Шпанецот Карлос Саинц (Ферари) и Британецот Џорџ Расел (Мерцедес).
Спринт трката е на саботната програма, додека Бразилското ГП е в недела.
Маршан го собори светскиот рекорд на Лохти на 200 метри мешано
Леон Маршан на третиот митинг од Светскиот Куп во пливање во Сингапур, собори светски рекорд кој од 2012 година Рајан Лохти.
Еден од хероите на последните Олимписки игри во Париз повторно го воодушеви светот со неверојатна трка, овој пат на 200 метри мешано, која ја заврши за време од 88 минути.
Претходниот светски рекорд кој го држеше Лохти во 2012 година беше 1:49.63.
Маршан на тој начин продолжи да доминира на азиската турнеја. Пливаше во Шангај, па во Инчон без вистинска конкуренција за да блесне во Сингапур и да ја потврди својата репутација на најбрз пливач на денешницата.
Младите футсалци го дознаа патот во евро-квалификациите
Македонската футсал репрезентација до 19 години ќе игра против Естонија и Гибралтар во рамки на прелиминарната група Ц на стартот од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025, одлучено е денеска со ждрепка во седиштето на УЕФА во Нион.
Прелиминарните квалификации ќе се одиграат од 21 до 16 јануари идната година, а само првопласираните репрезентации од трите групи напролет ќе ги продолжат евроквалификациите во главната фаза.
Победникот од прелиминарната група Ц во главната фаза ќе биде дел од групата 6 во која се домаќинот Чешка, Полска и Грција.
Домаќин на Европското првенство во футсал за играчи до 19 години, четврто по ред, ќе биде Молдавија од 28 септември до 5 октомври идната година.
Кејт Даглас повторно го собори светскиот рекорд на 200 градно во кратки базени (25 метри).
Американката на третиот митинг од серијата на Светскиот купо во Сингапур ја запре стоперката на неверојатни 2:12.72 минути.
За речиси секунда и половина го подобри сопствениот личен и светски рекорд (2:14.16), кој го постави пред само шест дена на натпреварот во Инчеон, Јужна Кореја.
Првиот ден во Сингапур го одбележа и Лео Маршанд. Четирикратниот олимписки шампион победи на 100 мешано со 49,92, што е рекорд во Светскиот куп. Светскиот рекорд и понатаму е во сопственост на Кејлеб Дресел со 49,28 секунди.