останато

Децениски подвиг на една трка во Формула 1

Возбудливата сезона во Формула 1 доби нов заплет во Мексико каде Карлос Саинц победи по втор пат оваа сезона и ја направи борбата за шампионската титула уште покомплицирана и во конкуренција на возачи и во конструктори.

Брилијантниот старт на Верстапен во оваа сезона навестуваше дека Холанѓанецот лесно ќе дојде до нова шампионска титула. Сепак, тоа не се случи. По последната победа на Ред Бул во Шпанија имавме четири различни победници, Ферстапен победи седум пати, по еднаш славеа Саинц, Норис и Леклерк.

Но, она што се случи по Шпанија беше сè освен очекувано на многу начини. Прво, Ред Бул се во серија од десет трки без победа, што се нема случено од 2014 и 2015 година кога имаа низа од 30 трки без победа.

Второ, добивме уште три различни победници од трката во Австрија, со што вкупниот број на победници се искачи на седум. Ова се нема случено од 2012 година кога осум различни возачи беа на највисокото скалило на подиумот.

Но, последното нешто што отиде уште подалеку во минатото е бројот на возачи со најмалку две победи, по победата на Саинц во Мексико сега е шест, две Ферари (Леклер и Саинц), два Мекларен (Норис и Пјастри), Мерцедес (Хамилтон) и Ред Бул (Верстапен).

Последен пат таква ситуација беше во 1981 година, кога исто така шест возачи имаа најмалку по две победи, првите петмина и седмопласираниот во генералниот пласман таа сезона.

Тоа беа шампионот Нелсон Пике, кој ја освои својата прва од трите титули, Карлос Ројтман, шампионот од 1980 година Алан Џонс, Жак Лафит, Ален Прост и Жил Вилнев кој беше седми.


Словенецот Јозе Урх работи со македонските пинг-понг таленти на камп во Битола

Светски познат стручњак за пинг-пинг деновиве е во Битола. Словенецот Јозе Урх веќе два дена работи на тренинг камп со македонските надежи.

Од 28 октомври до 1 ноември шеснаесет млади пинг-понг таленти се пријавија на тренинг камп со експертот и организатор на тренинг-кампови ширум светот.

„Со оваа акција продолжуваме со вложување во младите таленти, но и истовремено помагаме на клубовите во подигнување на нивото на тренинг“, велат од федерацијата.

Тренерот од Словенија е светски познат стручњак кој во соработка со Меѓународната пинг-понг федерација (ИТТФ) организираат тренинг кампови во Европа и низ светот.


Средба на министрите за спорт на Македонија и Црна Гора

Министерот за спорт Борко Ристовски денес оствари билатерална средба со министерот за спорт и млади на Република Црна Гора, г-дин Драгослав Шќекиќ и со членови од неговиот кабинет

На средбата беа разменети мислења и искуства во реализацијата на програми и проекти кои имаат за цел подобрување на условите за спортистите и унапредување на спортските активности во двете држави.

Министерот Ристовски изрази уверување дека оваа средба ќе биде почеток на плодна соработка преку која Република Македонија и Република Црна Гора ќе успеат да ги издигнат спортските постигнувања на регионално и на меѓународно ниво.

„На средбата изразивме обострана заложба за продлабочување на спортските врски меѓу двете блиски земји. Од министерот Шќекиќ добивме покана да потпишеме меморандум за соработка помеѓу двете министерства и очекувам дека ќе имаме одлична соработка во иднина. Верувам дека преку заеднички иницијативи ќе успееме да го подигнеме спортот на повисоко ниво“ – истакна министерот Ристовски.

Министерот Драгослав Шќекиќ го поздрави формирањето на македонското Министерство за спорт и изрази огромно задоволство од денешната средба.

„Како голем вљубеник во ракометот особено задоволство ми претставува што мој колега министер во македонското Министерството за спорт е токму познат ракометар како Борко Ристовски. Сигурен сум дека ќе имаме и други вакви средби и одлична соработка“ – рече министерот Шќекиќ.


Јаноне ќе го менува Де Џанатонио во Малезија

Андреа Јаноне ќе го замени Фабио ди Џанантонио за Големата награда на Малезија во Мото ГП, објави тимот на ВР46.

Ди Џанантонио се соочува со операција на левото рамо што значи дека ќе ги пропушти последните два тркачки викенда од сезоната.

35-годишниот Јаноне има 7 сезони во Мото ГП и една победа остварена во Австрија во 2016 година. Т


Одбојкарските репрезентации пак ќе играат во Европската лига

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија трета година во низа ќе биде дел од силното континентално натпреварување, Златната Европска лига, откако Извршниот одбор на Одбојкарската федерација на Македонија донесе одлука да достави апликација до Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) за учество во изданието во 2025 година. Машкиот национален тим од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.

Извршниот одбор на Федерацијата даде „зелено светло“ и за учество на женската сениорска репрезентација во рамките од ЦЕВ Сребрената Европска лига 2025. Нашите најдобри одбојкарки втор пат во својата историја ќе бидат дел од ова натпреварување, откако претходно дебитираа во изданието во 2023 година.

За машкиот и женскиот национален тим натпреварите од Златната, односно Сребрената Европска лига 2025 кои се на програмата во периодот мај – јуни следната година ќе претставуваат генерална проба во пресрет на реванш фазата од евро – квалификациите, кои се играат во август 2025 година.


Саинц победи во Мексико, Верстапен не заврши на подиумот

Карлос Саинц е победник на трката за Големата награда на Мексико, ова беше лоша трка за актуелниот шампион Макс Верстапен кој не се најде на подиумот.

Саинц стартуваше од пол позицијата и успеа да ја задржи првата позиција, да се израдува на победа. Место на пиедесталот имаше и за возачот на Мекларен, Ландо Норис како и за Шарл Леклер.

На четири трки до крајот прв е Верстапен со 362 бода, Ландо Норис е втор со 315, Леклер има 291.

На табелата за конструктори води Мекларен Мерцедес со 566 бодови, следува Ферари со 537, трет е Ред Бул со 512.


Георгиевски сребрен на Светскиот Куп во теквондо

Дејан Георгиевски освои сребрен медал на Ф1 Светскиот Куп во теквандо кој се одржа во Букурешт, Романија.

Со две доминанти победи над Дерел Вудард од САД и Петрос Андреу од Кипар, Георгиевски обезбеди место во финалето каде освои сребро на светскиот Г1 Куп.

Во финалето Македонецот се сретна со добро познатиот репрезентативец на Франција Ел Омар против кого ова беше петти меч. Георгиевски имаше четири победи на четири соочувања, но не успеа да слави во ова финале.

Предизвик на Дејан Георгиевски е да се обезбеди норма за Летните Олимписки Игри во 2028 година во Лос Анџелес.


Пеко Бањаја слави за дождливиот асфалт во Тајланд

Франческо Бањаја на Дукати победи на трката за Големата награда на Тајланд. Втор трката ја заврши лидерот во генерланиот пласман Хорхе Мартин (Прамак Дукати), а место на подиумот обезбеди и Педро Акоста (ГасГас КТМ). Во пресрет на последните две трки во сезоната Мартин на врвот има 17 поени повеќе од Бањаја.

Во Бурирам, Пеко Бањаја ја забележа деветтата победа сезонава, со која му возврати на Хорхе Мартин за влерашниот триумф во спринт трката.

Следната трка, претпоследна во сезоната ќе се вози наредната недела во Малезија.

.


Стин Олсен ја оствари првата победа во велеслалом во кариерата

Норвежаните имаа апсолутна доминација на првиот сезонски велеслалом кој беше возен во рамките на Светскиот куп во алпско скијање на патеката во Зелден.

Победи Стин Олсен пред Хенрик Кристоферсен и Ли Мекграт. Во првите 10 место обезбедија и Лукас Братен, Алекс Винацер, Зан Кранец, Рафаел Хасер, Патрик Форштајн, Џино Кавизел и Лука де Алипрандини. Бранителот на Големиот кристален глобус, Марко Одермат, падна уште во првото возење.

Трката во Австрија беше реализирана пред повеќе од 16.000 фанови на скијањето.


Македонија домаќин на голем настап, прогласени европските атлетичари на годината

SKOPJE, NORTH MACEDONIA – OCTOBER 26: Yaroslava Mahuchikh is presented with the Women’s Athlete of The Year award by Dobromir Karamarinov during the 2024 Golden Tracks Award Ceremony on October 26, 2024 in Skopje, North Macedonia. (Photo by Srdjan Stevanovic/Getty Images for European Athletics)

Светската рекордерка во скок во височина Јарослава Махучик од Украина и Арман Дуплантис – шведскиот скокач со стап се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2024 година.

Прогласувањето се одржа синоќа во Скопје на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” на Европската атлетска асоцијација.

Овогодишните победници во категоријата „Ѕвезди во подем“ се Адријана Вилагош од Србија која учествува во дисциплината фрлање копје, и тркачот на 1500 метри, Нилс Ларос од Холандија.

На настанот во Националната опера и балет присуствуваа и вицепремиерот на Република Северна Македонија, Љубчо Димовски и министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу и првиот човек на Европската атлетика Добромир Карамаринов.