останато

Алкалоид е европски вицешампион во шах

Во последното седмо коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот Шартр со 5:1 за нова европска вицешампионска титула.

Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, со црни фигури беше и С.Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите четири табли беа извојувани убедливи победи: Веи Ји го совлада Маркандрија Маурици водејќи ги белите фигури на втората табла, а неговиот сонародник Јангји Ју со црните триумфираше против Лорен Фресине. На четвртата и шестата табла Читамбарам Аравинд со бели фигури освои цел поен против Даниел Дарда, додека Александар Инѓиќ го заокружи настапот со уште една победа, овојпат против Кристијан Бауер.

Триумфот во последното седмо коло им донесе два бода на играчите на Алкалоид, со што тие стигнаа до вкупно 12 бода. Турнирот го завршија со пет победи, два нерешени резултат.

Од поголемата група на екипи која имаше 10 бода по шесте одиграни кола, ниту една друга не успеа во финишот да оствари победа, СуперЧес беше поразен во дербито со Нови Бор, додека двобојот на Бајеган Пендик и Туркиш Ерлајнс заврши со нерешен резултат, исто како и оној на Тајфун против Сентименто Ајка.

На овој начин, Нови Бор стигна до третата европска титула со 13 бода, еден повеќе од Алкалоид.

За ШК Алкалоид ова е трет пат како е остварен пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент, во 2016 година Алкалоид беше европски првак.


Саинц ќе тргне од пол-позиција во Мексико

Ферари ја потврди добрата форма со пол-позцијата на Карлос Саинц за трката на Големата награда на Мексико. Шпанецот доминира во третата квалификациска сесија, до првото место пред трката дојде со време 1:15.946 минути. Тој беше побрз од Макс Ферстапен за речиси три десетнки.

Трката во Мексико од вториот стартен ред ќе ја започнат пилотите на Мекларен и Ферари, Ландо Норис и Шарл Леклер. Третиот ред го освоија возачите на Мерцедес, Џорџ Расел и Луис Хамилтон

Трката за Големата награда на Мексико ќе започне во 21:00 часот.


Топурија го порази Холовеј со нокаут во третата рунда

Илија Топурија го нокаутира Макс Холовеј во третата рунда.

Двајцата беа предводници на настанот УФЦ 308 во Абу Даби. Борбата беше за титулата во перо категорија, која „матадорот“ за првпат ја заложи. Макс се претстави добро, но моќта на Топурија беше преголема за Хаваецот.

Ова е шеснаесетта последователна победа за Топурија и прва одбрана на титулата. Тој изјави дека сака да има реванш со Александар Волкановски во следната борба. Холовеј, пак, се раздепи со 3 последователни победи.


Расел излета од патеката на вториот тренинг за Големата награда на Мексико

Вториот тренинг на Големата награда на Мексико беше прекинат во 13. минута поради црвени знамиња.

Британскиот возач на Мерцедес Џорџ Расел имаше несреќа на работ од осмата кривина, удри во преградата. Пилотот сам го напушти болидот кој беше отстранет од патеката.

Дваесет и петгодишниот Британец, кој беше прв на првиот тренинг, успеа да комплетира само четири круга. Тој имашње 19. резултат – 1 минута 19.041 секунди.

Поради замена на заштитната ограда имаше прекин повеќе од 20 минути.

Вечерва од 23:00 часот се квалификациите, додека главата трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Мексико ќе се вози утре од 21:00 часот.


Реми во трилер-завршницата за Алкалоид против Нови Бор

Шахистите на Алкалоид одиграа нерешено 3-3 со двократниот европски првак Нови Бор од Чешка во 6. коло од Европскиот клупски куп.

Реми одиграа, Арјун Еригаиси, Читамбарам Аравинд, Ји Веи и Јангји Ју, загуби Велимир Ивиќ додека цел поен освои Александар Инѓиќ.

Нови Бор е лидер со 11 бодови, зад него со 10 бода се уште шест екипи, Алкалоид, Шартре, Туркиш Ерлајнс, СуперЧес, Бајеган Пендик и Тајфун.

Во последното коло утре, сите тие имаат меѓусебни дуели: „Нови Бор“ игра со „СуперЧес“, додека „Алкалоид“ го доби „Шартре“ предводен од легендарниот Василиј Иванчук. Турските клубови „Бајеган Пендик“ и „Туркиш Ерлајнс“ ќе играат меѓу себе, а словенечкиот „Тајфун“ ќе игра со „Сентименто Ајка“ од Унгарија.

Шахистите на „Алкалоид“ со победа ќе бидат во трката за медал, но резултатите од другите средби ќе влијаат на распределбата на местата на пиедесталот.


Гут-Бехрами го одложи враќањето на снегот

Лара Гут-Бехрами, која ќе го брани Големиот кристален глобус во Светскиот Куп во алпско скијање, не се појави на премиерниот велеслалом на отворањето на новиот шампионат на патеката во Зелден.

Таа не се чувствувала 100% подготвена и затоа не учествуваше на трката во Австрија.

Натпреварувачката од Швајцарија која во изминатата недела беше болна а претходно имаше проблеми со коленото, одлуката ја донесе непосредно пред трката.


Дејан Недев освои бронза во кати на ИКУ Светскиот шампионат

Македонскиот каратист Дејан Недев го освои бронзениот медал во кати поединечно на ИКУ светскиот карате шампионат кој се одржува во Буенос Аирес, Аргентина.

Недев во исклучително тешка конкуренција успеа да дојде до бронзениот медал, каде само во неговата категорија учествуваа 57 каратисти од 44 држави.

Од МТКФ информираат дека судиите влијаеле Недев да не дојде и до посјајно одличје.

Недев беше блиску и до освојување и на златниот медал но за жал во полуфиналето беше оштетен од судиите, така што неговиот противник од Бразил при изведбата на катата изгуби рамнотежа (баланс) но и покрај таквата грешка судиите се одлучија да му ја доделат победата на бразилскиот натпреварувач Хозе Вивас Сантос, објавија од МТКФ.

Второто место го освои претставникот од Бангладеш Сиад Нуризман.

Ова беше прв позначаен резултат на Недев по пауза од три години од големите натпреварувања.

Веќе за две недели Македонските каратисти ги очекува уште едно големо натпреварување годинава, Светскиот шампионат во традиционално карате од 5 до 10 ноември во Лима, Перу.


Фјури и Усик исфрлени од ИБФ!

Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) одлучи да ги отстрани Тајсон Фјури и Александар Усик од рангирањето во тешка категорија во најновото ажурирање на листата.

Поставените бр. 1 и бр. 2 повеќе не се дел од топ 15, откако настана конфликт во организацијата за нивниот неприкосновен меч за титулата во Ријад во мај. ИБФ потоа се одвои од другите големи организации и последователно одлучи да го земе појасот од Украинецот за да му го даде на Даниел Дубоа на професионална основа.

„Динамитот“ потоа го одбрани против Ентони Џошуа, но многумина сè уште го гледаат како погрешен освојувач на трофејот, откако една година претходно беше нокаутиран од Усик во Полска.


Кејт Даглас исплива светски рекорд на 200 метри градно

Кејт Даглас ја исплива најбрзата трка на 200 метри градно во историјата во базен од 25 метри. Во текот на првиот ден на вториот митинг од Светскиот куп во Инчеон, Кореја, Американката ја запре стоперката на 2:14.16 минути.

Со тоа, таа беше за 41 стотинка подобра од времето кое го исплива рекордерката и нејзина сонародничка Ребека Сони.

Во машка конкуренција најинтересната трка беше забележана во 100 мешано. Првото место го поделија Леон Маршанд, четирикратен олимписки шампион и Швајцарецот Ноа Понти. И двајцата до целта стигнаа за точно 51 секунда.


Легендарниот Лорд Себастијан Коу гостин на Скопје и Македонија

Министерот за спорт Борко Ристовски денес во Владата имаше официјална средба со Лорд Себастијан Коу, претседател на Светската атлетска асоцијација, поранешен член на британскиот парламент и актуелен член на бордот на Интернационалниот Олимписки Комитет кој официјално е кандидат за прв човек на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) на претстојните избори во март 2025 година.

На средбата беше дискутирано за поддршката која Министерството за спорт ја обезбедува за Атлетската федерација на Македонија, како и за идните проекти и иницијативи за унапредување на македонската атлетика.