останато

Кипјетон најнапред дисквалификувана, па помилована

Tрката на 5.000 метри на Олимписките игри во Париз донесе
вистинска конфузија во атлетиката.Златото заврши кај Беатрис
Чебет, а контроверзии имаше околу втората позиција.
Фејт Кипјегон од Кенија ја заврши трката како второпласирана, но
беше дисквалификувана.
Сепак, по деталното прегледување на снимките одземениот
сребрен медал на кениската атлетичарка и е вратен.
Така кратко на бронза се радуваше Италијанката Надија
Батоклети бидејќи сега е четврта, а третата позиција и припадна
на Сифан Хасан.


Шерика Џексон нема да трча на стотка во Париз

Атлетичарката од Јамајка Шерика Џексон која е двократната светска шампионка на 200 метри, одлучи да не трча на 100 метри во Париз.

Јамајканката се квалификуваше во оваа дисциплина, но во последен момент реши да не се појави на најкратката делница.

„Шерика се откажа од местото на трката на 100 метри. Тоа е се што сакаме да кажеме“, изјави менаџерот на репрезентацијата на Јамајка, Лудлоу Вотс. Џексон ќе ја замени Шешели Форбс.


Отворено олимпиското село во Париз

Олимпиското село зафаќа 54 хектари и се наоѓа северно од Париз, ќе биде домаќин на најмалку 14.500 олимпијци и помошен персонал.

По Игрите, селото ќе се трансформира во еколошка населба од која ќе имаат корист 6.000 жители и ќе вклучува две училишта, хотел, јавен парк, пазари и уредени површини за пешаци и немоторни возила.

Остануваат уште осум дена до почетокот на Олимписките игри, свеченото отворање е закажано за 26 јули во 19 часот и 30 минути. Игрите ќе траат до 11 август.

По ОИ следуваат Параолимписките игри кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.


Пливачот Фелпс е најдобар спортист на 21 век

Поранешниот американски пливач и светски рекордер Мајкл Фелпс е прогласен за најдобар спортист од почетокот на 21. век. ESPN состави листа на 100 најдобри спортисти од 2000 година, па досега.

За време на гласањето, од експертите било побарано да ги изберат најдобрите спортисти во нивниот спорт од 1 јануари 2000 година (постигнувањата пред овој датум не беа земени предвид). Учесниците во анкетата во неколку круга го избраа подобриот од двајцата именувани кандидати.

Како резултат на гласањето, беа составени списоци од 10-25 луѓе во секој спорт, кои беа вклучени во севкупните топ 100.

Покрај Фелпс, во ТОП 5 листата на најдобри спортисти во овој век се најдоа и  Серена Вилијамс (тенис), Лионел Меси (фудбал), Леброн Џејмс (кошарка) и Том Брејди (американски фудбал).


Руските спортисти и федерации сами ќе одлучат дали ќе настапат во Париз

Руските спортисти кои имаат покана за настап на Олимписките игри во Париз сами ќе одлучат дали ќе одат таму или не, изјави денеска портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, цитиран од агенцијата ТАСС.

Воедно тој повика на почитување на одлуките и договорите што ги имаат одредени спортски федерации.

„Ова е одлука на секој спортист. Секој самостојно донесува такви одлуки“, одговори претставникот на Кремљ на новинарско прашање за учеството на спортисти од Русија на претстојните Олимписки игри. Што се однесува до оние кои имаа можност и не отидоа, секоја федерација има свои околности, свое колективно мислење, свои колективни одлуки и тоа мора да го третираме со почит“, додаде Песков.

Олимписките игри во Париз се на програмата од 26 јули до 11 август.


Руските борачи ги бојкотираат Олимписките игри

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) има строги критериуми во однос на учеството на руските спортисти.

Шест членови на руската боречка репрезентација, меѓу кои и Абдулрашид Садулаев, борец во слободен стил и олимписки шампион во Рио 2016 и Токио 2021 година, не ги поминаа критериумите, па поради оваа причина, колегите кои обезбедија учество ќе г0 бојкотираат турнирот во Париз.

„Не ги прифаќаме неспортските принципи на селекција според кои ИОК го состави списокот на спортисти со право на учество, бидејќи е донесен со очигледна цел да го поткопа нашиот тим“, е дел од соопштението на Боречката федерација на Русија.


Махичук го собори рекордот на Костадинова стар 37 години

Украинката Јарослава Махучик на митингот од Дијамантската лига во Париз денеска сруши рекорд во скок во височина кој беше стар 37 години.

Рекордот Украинката го сруши со скок од 210 сантиметри и така конечн беше соборен рекордот на Стефка Костадинова кој во 1987 година во Рим прескокна еден сантиметар помалку.


Симната суспензијата, руските боксери се враќаат во рингот

Боксерите од Русија се вратени на ранг-листата на Светската боксерска организација. Боксерите беа суспендирани од 2022 година, по почетокот на војната на Русија со Украина.

ВБО шампион во полутешка категорија е Русинот Артур Бетербиев. На 12 октомври Артур треба да се бори со сонародникот Дмитриј Бивол.

Боксерите ќе се борат во Саудиска Арабија. Тие првично требаше да се сретнат на почетокот на јуни годинава.

За жал, Артур се повреди и испадна од битката. Бивол остана во настанот и забележа победа. Неодамна и Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) донесе одлука за отстранување на санкциите за руските спортисти.


Болт успешно опериран по повредата во Лондон

Осумкратниот олимписки златен медалист во спринт и најбрзиот човек на планетата Усеин Болт претрпе успешна операција на Ахиловата тетива.

Јамајканецот се повреди за време на хуманитарен фудбалски натпревар на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон.

Повредата Болт ја доби во второто полувреме од натпреварот помеѓу селекцијата на Англија и светската селекција (6-3).

Тој не можеше да го заврши натпреварот и беше изнесен од теренот на носилки.


Одложено враќањето на МекГрегор во октагонот

Враќањето на Конор МекГрегор во кафезот повторно е одложено.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, на социјалните мрежи објави дека борбата меѓу Ирецот и Мајкл Чендлер, која требаше да биде главен настан на УФЦ 303, пропаднала поради повреда на борецот од Даблин.

Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира ќе ја брани титулата во реваншот против Јиржи Прохаска на главниот настан на УФЦ 303, на местото на МекГрегор-Чендлер.

Променет е и последниот загревачки меч на боречката гала, која треба да се одржи на 29 јуни во Лас Вегас. Џамал ​​Хил се повлече од пресметката со Карлос Улберг поради повреда. Тоа место ќе го пополнат Брајан Ортега и Диего Лопез во перо категорија. Улберг доби нов противник – поранешниот претендент за титулата Ентони Смит.

Последната борба на Конор беше во 2021 година, кога поранешниот шампион во две дивизии ја скрши ногата во ММА дуелот со Дастин Поарје.