останато

Македонија пријави двајца атлетичари на Европското првенство во Рим

Дарио Ивановски и Андреас Трајковски ќе бидат македонските претставници на Европското атлетско првенство на отворено кое од 7 до 12 јуни ќе се одржи во Рим, соопшти Атлетската федерација на Македонија (АФМ).

Ивановски ќе настапи во дисциплината полумаратон, со претходно остварена норма на маратонот во Севиља со време од 2:08:26, додека Трајковски ќе настапи во неговата дисциплина скок во далечина, со обезбедена норма преку ранкинг системот.

Прв на програмата ќе настапи Трајковски кои ќе се појави во квалификациите закажани за 7 јуни со почеток во 12:55 часот.

Полумаратонската трка на која ќе настапи Ивановски е на програмата на 9 јуни со почеток во 9:00 часот. 


Откажана трката за ГН на Индија во МотоГП

Овогодишната трка за Големата награда на Индија во МотоГП е откажана поради оперативни причини, соопштија денеска организаторите, додавајќи оти трката ќе се врати во календарот за 2025 година.

Минатогодишната премиерна трка во Индија се одржа во топли и влажни услови во септември и беше скратена за три круга откако возачите побараа приспособување на растојанието на трката.

„ФИМ, ИРТА и Дорна спортс објавуваат дека Големата награда на Индија нема да се одржи во 2024 година и Мото ГП го одложува своето враќање во земјата за почетокот на 2025 година поради оперативни причини“, се вели во соопштението на МотоГП.


Закажан реваншот меѓу Усик и Фјури

Oлександар Усик и Тајсон Фјури ќе имаат реванш борба на 21. декември во Саудиска Арабија, потврдија организаторите денеска.

Усик пред десет дена стана апсолутен боксерски шампион во тешка категорија, откако го совлада Фјури. Украинецот по 12 го победи Америманецот по 12 рунди боксување со судиска одлулка која беше поделена.

Имаше Усик шанса и да го нокаутира Американецот во шестата рунда, но кога Фјури го „преживеа“ тој напад се врати во борбата и остана на нозе до самиот крај.


Доха фаворит за организација на ЛОИ во 2036 година

Шпанскиот спортски сајт „Релево“ тврди дека Катар и градот Доха ќе бидат домаќини на Летните олимписки игри во 2036 година. Според изворот на сајтот, дека страните се блиску до финализирање на деталите околу одржувањето на Олимписките игри во 2036 година.

Минатиот месец беше објавено дека Олимпискиот комитет на Катар подготвува сериозна понуда за Игрите во 2036 година, при што претседателот на ИОК Томас Бах изјави дека има „двоцифрен“ број на земји кои изразиле интерес за организација на Игрите, а меѓу нив се Саудиска Арабија, Индонезија, Шпанија, Чиле, Германија и Индија.

„Релево“ известува дека Доха е фаворит за делегатите на ИОК, а исто така постои и непишаното правило за ротација на континентите, па така Игрите во 2036 година би требало по тој ред да одат во Азија (по Париз 2024 – Европа), Лос Анџелес 2028 (Америка) и Бризбејн 2032 (Океанија).

Иако објавувањето на домаќинот на Игрите во 2036 година е закажано најрано до 2026 година, Доха очигледно има фаворитска улога.


Фјури и Усик договорија реванш дуел

Британскиот боксер Тајсон Фјури, по поразот од Украинецот Олександр Усик во главниот меч на боксерската вечер во Ријад, потсети на клаузулата во договорот која предвидува реванш.

По објавувањето на резултатот, боксерите разговараа за одржување на реванш во октомври. Усик, кој стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век, одговори: „Подготвен сум“.

За 35-годишниот Фјури ова беше прв пораз во кариерата. Пред оваа борба тој освои 34 победи и една борба со негово учество заврши нерешено. 

37-годишниот Усик сега има 22 победи во 22 борби.


Франција очекува голем профит од Олимписките игри во Париз

Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс.

Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата содржи ажурирани податоци во споредба со пресметките во 2016 година, кога Франција беше избрана за домаќин на 

Олимпијадата. Тогаш беше проценето дека економските придобивки за француската престолнина и за регионот ќе бидат меѓу 5,3 и 10,7 милијарди евра. Сè уште не е направено истражување за потенцијалниот профит за територијата на цела Франција.
Проценките на ЦДЕС се однесуваат na економски придобивки кои ќе се пријавуваат во следните десет години врз основа на туризмот, изградената инфраструктура и организацијата.


Адријан Њуи го напушта Ред Бул по 19 години

Навивачите на Ред Бул деновиве одново беа потресени од веста дека Адријан Њуи го напушта тимот по 19 години, а тоа ги подгреа шпекулациите дека тој би можел да се пресели во редовите на Ферари.

Веќе неколку недели секогаш се шпекулираше дека Ферари со сите сили се обидува да го убеди Њуи да го напушти Ред Бул на крајот од сезоната и да се пресели во италијанскиот тим, а оваа вест шокираше многумина.

Њуи е секако еден од најдобрите инженери кои Формула 1 некогаш ги имала, а неговата одлука навистина ги шокираше фановите на Ред Бул.

Тој официјално ќе ја напушти функцијата шеф на техничкиот тим на Ред Бул, на почетокот на 2025 година, но од австрискиот тим наведуваат дека тоа не значи дека ќе го напушти овој тим, туку дека добил нова функција.

Ред Бул наведува дека Њуи ќе работи на проектот за хиперавтомобилот РБ17, кој ќе биде претставен кон средината на оваа година.


Ферари изненадувачки ја менува бојата за трката во Мајами

Шарл Леклер и Карлос Саинц, возачи на Ферари, на трката во Мајами ќе возат визуелно малку поинакви автомобили на италијанскиот производител. Двајцата ќе седат со сини комбинезони, во болиди кои ќе имаат детали во иста нијанса.

Со ова ќе и се оддаде почит на „Скудерија“ со оглед на тоа што ова беше оригиналната боја на тој тим пред да се префрли на препознатливата црвена боја.

Автомобилот ќе има две нијанси – „Плата“ и „Дино“. Првата е поврзана со Алберто Аскари, светски шампион во 1952 и 1953 година, а втората со униформите на неколку возачи, меѓу кои Клеј Рагазони и Ники Лауда. Во 1974 година, двајцата заедно се искачија на подиумот на Холандското Гран При. Тие униформи ги сакаше и Енцо Ферари.

Ова не е прв пат да се оддава ваква почит. Пред две години во Монца имаа „Модена жолта“ на своите болиди, по повод 100-годишнината од таа патека.


Турција ја враќа трката во Формула 1 во календарот

Турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој изјави дека земјата повторно може да биде домаќин на трка во Формула 1. Според него, тоа ќе се случи во 2026 година.

Последен пат турско Гран при се одржа како дел од Светскиот шампионат во кружни трки во сезоната 2021 година.

„Тендерот за управување на патеката Формула 1 во Истанбул се одржа на почетокот на април и беше успешно завршен. Сега преминавме на втората фаза. Претходниот закупец мора да го ослободи просторот и да го предаде на победникот. По ова, процесот на склучување договор за одржување на Гран при во Истанбул од 2026 година ќе продолжи брзо“, изјави Ерсој за „Milliyet“.

Се истакнува дека тендерот за изнајмување и контрола на објектот „Истанбул Парк“, во кој е вклучена и тркачката патека, се одржал на 2 април. Го освои Кан Билим Егитим Курумлар А.С., чиј партнер е шефот на управниот одбор на турскиот огранок на Пирели, Лале Џандер.

Првата етапа во Турција во рамките на Формула 1 се одржа во 2005 година. Во 2021 година се одржа од 8 до 10 октомври. Победи Валтери Ботас со Мерцедес, Макс Верстапен во Ред Бул беше втор, а Серхио Перез трет.


Џошуа типува на победана Усик против Фјури

Фановите на боксот со нетрпение го очекуваат соочувањето во рингот на Тајсон Фјури и Александер Усик, а нивниот ривал Ентони Џошуа решил да го прогнозира победникот во овој блокбастер дуел.

Еден од двајцата боксери ќе ги обедини појасите во тешка категорија и ќе стане апсолутен шампион по борбата закажана за 18 мај, а Џошуа смета дека победник ќе биде Усик.

„Боксував против Усик и добро знам што искусив во тој дуел. Тој е феноменален борец и мислам дека ќе заврши одлична работа. Не сум имал дуел со Фјури и немам искуство од тоа соочување, но од она што го знам, велам дека верувам во победа на Усик“, рекол британскиот боксер.