останато

Формула 1 нема да се вози во Русија

Претставници на Формула 1 шампионатот, ФИА и делегации на тимовите одржаа состанок и дискусија околу позицијата на автомобилскиот спорт и се одлучи дека во овие околности не е можно одржување на трката за Големата награда на Русија. 

„Го следиме развојот на ситуацијата во Украина и се надеваме дека ќе се постигне мирно решение“, стои во соопштението на Ф1.

Спрема првобитниот план, трката во Русија беше закажана за 25 септември.


Вајт и Фјури ќе ги вркстат ракавиците на „Вембли“ на 23 април

Договорена е борбата помеѓу Тајсон Фјури и Вилијан Вајт.

Фјури појасот во ВБЦ категорија ќе го брани против сонародникот на 23 април на стадионот „Вембли“ во Лондон. За оваа борба Фјури има загарантирано 30 милиони долари, додека Вајт ќе добие 7.5 милиони долари.

Победникот ќе добие бонус од четири милиони долари, а се очекува на трибините на „Вембли“ да бидат околу 100.000 гледачи бидејќи во Велика Британија се укинати сите мерки за заштита од коронавирусот.

Фјури во октомври минатата година го победи Деонте Вајлдер, додека Вајт во борбата за ВБЦ пјасот беше подобар од Александар Поветкин. Според некои најави победникот од овој меч ќе оди на дуел со подобриот од борбата помеѓу Александар Усик и Ентони Џошуа која ќе се случи на пролет.


Јован Стојовски го собори рекордот на Исмаил Мачев стар 35 години

Во својот настап на Меѓународниот митинг за сениори во сала кој се одржа изминатиот викенд во Будимпешта, Унгарија, членот на АК Охрид Јован Стојоски освојуваjки го првото место го собори националниот рекорд на Македонија на 400 метри во сала со време 47.18 секунди вреден 1.096 бодови.

Рекордот стар 35 години беше во сопственост на нашата атлетска ѕвезда Исмаил Мачев , кој претходно изнесуваше 47.49 секунди поставен исто така во Будимпешта.


Норвешка е најуспешна земја учесник на Зимската олимпијада во Пекинг

Норвежаните се убедливо најуспешна нација на штотуку завршените игри во Пекинг. Тие освоија вкупно 37 медали од кои рекордни 16 се златни.

После Норвешка, најуспешна земја беше Германија, со освоени 27 медали од кои 12 златни, додека на трето место се најде домаќинот Кина со 9 злата од вкупно 15 медали.


Финска првпат златна на олимпискиот турнир во хокеј на мраз

Финска за првпат во историјата ја освои титулата олимписки првак во хокеј на мраз, совладувајќи ја во денешното финале на Игрите во Пекинг репрезентацијата на Русија со 2-1 (0-1, 1-0,1-0).

Финците со пресврт ги симнаа од тронот олимписките победници од Пјонгчанг 2018, откако Русите поведоа со голот на Михаил Григоренко во првата третина.

Виле Пока го израмни резултатот со удар од далечина во втората третина, а златото на Финците им го донесе Ханес Бјорнинен во 41. минута.

Во дуелот за бронзениот медал, Словачка ја совлада Шведска и го освои својот прв олимписки медал во хокеј.


Ставре Јада на 56.место во крос-кантри маратонот

Македонскиот олимпиец, Ставре Јада, заврши на 56.место во крос-кантри трката на 30 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Првично, оваа трка требаше да се одржи на 50 километри, но поради неповолните временски услови, истата беше скратена на 30 километри.

Нашиот претставник патеката ја мина за 1:25:41.8 час, односно имаше заостанување од 14:09.1 минути во однос на победникот.


Бах: Изолација не беше лесна за многу спортисти

Изолацијата во која се сместени спортистите со позитивен тест за коронавирус стана силен психолошки тест за самите спортисти, вели претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах.

„Некои овде во Пекинг мораа да платат многу висока цена. Имаше спортисти кои мораа да бидат изолирани. Ова е најтешкиот тест – да присуствуваш на Игрите, да гледаш како се натпреваруваат твоите противници, како се одвиваат сите игри. А ти си тука, но не си дел од Олимпијадата, иако за овој момент работевте многу долго. Ова е навистина сериозен психолошки тест за спортистите“, изјави Томас Бах.

Организаторите на Олимпијадата преземаат засилени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Натпреварите се одржуваат во таканаречени заштитени балони, на посебна територија, отсечена од контакт со надворешни лица.


Валиева остана без медал во Пекинг

Во изминатата денови од ИОК се планираше како да се избегне доделувањето на медали ако Камила Валиева по позитивниот антидопинг-тест стигна до подиумот. Се најавуваше дека ќе биде суспендирана, но од Спортскиот суд за арбитража ги отфрлија обвинувањата.

Меѓутоа на крајот 15-годишното „чудо од дете“ падна за време на изведбата на првата програма, па не се најде на подиумот.

Златото во оваа дисциплина го освои нејзината сонародничка и актуелна светска шампиона Ана Шчербакова која по краткиот и слободниот дел освои 255.95 поени, среброто заврши кај Александар Трушова со 251.73 поени, а бронзата кај Јапонката Каори Сакамото.


Претставен новиот болид на Ферари

Ферари го претстави болидот кој тимот ќе го користи во новата сезона од Формула 1.

Болидот F1-75, е во црно-црвена комбинација, и на него се видливи новите детали како специјалниот дизајн на страничниот дел од автомобилот, и новиот уред за ладење.

Возачки тандем за новата сезона се Шарл Леклер и Карлос Сајнс, а шеф на тимот е Матија Биното.

https://twitter.com/ScuderiaFerrari/status/1494316847910563846?s=20&t=yfP_xhCClDFTlger9Sn8iA

Луис Хамилтон останува предводник на Мерцедес и во наредната сезона

Од тимот на Мерцедес го потврдија останувањето на Хамилтон во Формула 1, со што ставија крај на шпекулациите за неговото можно повлекување од „најбрзиот циркус“ на светот.

Мерцедес соТвитер објава на која стои текст „16-та година“ и фотографија од Хамилтон, најави дека поранешниот шампион во Формула 1, ќе вози за тимот и во наредната сезона .

После контроверзниот крај на минатата сезона и загубата на титулата, Хамилтон се повлече од јавноста, после што следуваа шпекулации за негово заминување од Формула 1.